Би се однесувала позрело пред разделбата, можеби толкави кавги немаше ни да има, ама се испадна добро
Немаше да си отидам таа вечер дома. Ќе останев со него досабајле. Затоа што тоа беше љубов. Ама јас си отидов..
Немаше толку лесно да кренам раце од Тој, првиот.. Не викам дека со сегашниов не ми е убаво, напротив. И побрзо би се откачила од еден другар со оглед на тоа што знам што се ми се готвело зад грб и бев наместена, изиграна..
Ќе размислував со ладна глава пред да донесам некои одлуки,немаше толку слепо да им верувам на некои другарки и немаше толку да се замарам за другите зошто на крај секој си гледа само за себе....
Немаше да ја напраам таа глупост, и најверојатно сега ќе бевме уште заедно, или барем ќе ми веруваше...
Октомври 2011 и ноември Ах, не требаше да се деси тоа што се деси ама ми лета памет ми летаааа Епа сеа Лолито коа на време не си била паметна сеа кукај
немаше да бидам толку дрска со него. ќе се однесував НОРМАЛНО. како што треба да се однесува едно нормално девојче. -.- којзнае..
Епа да ги вратам моите 3-4 поважни моменти во животот...не и не би постапила така и два пати не!!! Али тоа е што е каање има враќање на времето нема. Памет за друг пат, а и мислам дека сега мислам дупло пред да направам нешто, во врска со машко нели за другите глупости и не баш
да можам да го вратам времето за една година назад лето 2011 тај момент што не го искористив а имав шанса...
Би прифатила да бидам со него. И сама не знам зошто го одбив тогаш кога толку многу ми се свиѓаше, ах многу глупава сум била . Да можам сега да се вратам во тој период, поинаку би постапила ама тогаш глупо дете .
Цел месец викав-ах, да можам да го вратам тој момент и да одбијам, наместо да прифатам...Ама, сега гледам дека тоа што сум прифатила излезе многу подобро отколку да сум одбиела..
Немаше да се понашам со него како да е последното гомно на светот. Ке поминував повеке време со дедо ми пред да дознаев дека има рак и дека ке мора да го напушти светот.
Би го направила она што во тој момент не сум се осмелила или не сум се сетила, мене најчесто ми се случува она вистинското што треба да го сторам или кажам да ми текне после некое време откако ке рамислам