Кога би се вратиле во некои моменти .... ...би го паузирала времето поминато со него...никогаш да не поминеше.
Не би играла балет контируирано..Би одела секоја година без да застам и не би одела по потрага на друго хоби.Но ,сепак се вратив во форма ..ама никогаш не ми го менувала хобито како што направив.
bi sakaka povtorno da e 22.11.2013 poradi sto na taa den se skarav so mojata najdobra drugarka i veke ne pravime moabet eh koga bii mozela da go vratam toj den//
Колку многу работи би сменила ,ама пак исто и толку многу работи би ги направила повторно секако се разбира оние добрите
Не би изменила ништо, затоа што не би била она што сум денес, ако не сум ги поминала сите лоши и добри работи. Единствено би вратила некои моменти за повторно да ги доживеам.
Имам моменти во кои би се вратила за да променам некои работи, има и такви кои како среќни сакам да си ги проживеам уште еднаш, но има и такви поради кои би се вратила само за да се потсетам/научам , тоа се работи кои не се толку значајни за променување и не оставиле некаква посебна трага но дефинитивно се работи кои не смеат да се повторат, и веројатно нивниот беспоследичен исход е чиста среќа, а нели со среќата не треба да се коцка..
Не би ги сторила истите грешки. Не би се доверила на личности кои никогаш не зачувале тајна. Не би ја кажала првата лага токму на тој ден. Би сторила многу нешта поинаку.Но, веќе било, поминало, го оставив тоа илјадници километри зад мене. Колку ѝ да посакувам да не го сторев тоа, толку посакувам да се вратам назад, да ја кажам вистината и да видам што би се случело ако не го сторев тоа што го сторив. Ај, не се многу нешта. А и не се каам поради тоа што сум постапила поинаку од замиленото. Така е најдобро.
Не правам ретроспектива на случувањата и не се покајувам за тоа што поминало. Минатото е период на кој се потпира сегашноста за да се изгради иднинината.
Ќе искршев неколку пара јајца, заслужено. Не дека сега немам прилика ни можност, имам недостаток на амбиција и потреба.