Немаше да искочам со нитуеден од бившите, ако посовреме знаев дека ќе биде вака ќе им лупнев корпа. Немаше залудно да се трудам околу погрешни личности кои не ми донесоа ништо добро, освен што изгубив самопочит поради своја попустливост и самодоверба . Ќе се преселев во друг град посовреме т.е додека студирав. Да ги направев овие три работи посовреме, ќе бев посреќна.... ама јгб жив човек па се случува и да се погреши, инаку како ќе научи и ќе се изгради личност.....ама држи вода оправдувањево.
Никогаш да не излезев со него.Единствена слаба точка во животот .. и после толку денови,месеци,години ..
До пред некое време мислев дека не би променила ништо,затоа што се што сум направила ме донело таму каде што сум. Ама сега не мислам така. Би променила две крупни работи. И една помалечка од летово,ништо тешко,ништо комплицирано,а можеше да донесе многу убавини. Можеби уште можам да ја поправам,иако постои конкретен момент во кој би сакала да имав поинаква реакција.
Звучи себично ама сега да сум никад не би им помогнала на некој луѓе кој со моја помош стигнале до некаден и благодарам не ми кажале , наместо тоа гледале да ми наштетат на сета добрина .
4 јули 2011год.. Да можев да се вратам назад и да го истерам почнатото до крај, кој знае денес кај ќе бев низ светов Барем ќе бев посреќна. Дефинитивно
Да можат да се вратат некои моменти дефинитивно поразлично би играла, поразумно има некои грешки за жал сега не можат да се поправат...
Ќе се вратев во основно и ќе станев самоуверена. Така што во средно немаше да направам ниту една грешка као што тоа ми бееше секојдневност. Ќе знаев да кажам НЕ за многу нешта кои и текако ми го загорчија живтот.. Сега е друго, но... Како велат: Грешките од минатото, скапо се плаќаат во иднината..
Би била повеќе реалист него оптимист розов... Ќе гледав потрезвено и пореално, а немаше да замижувам пред грешките,за кие секогаш барав оправдување..
Кога би можела да го вратам татичко би го гушкала секој ден, и немаше да дозволам да ме напушти никогаш. Татичко денеска многу ми фалиш
Кога би можела да ја вратам таа вечер, силно би го гушнала и би му кажала дека го сакам многу и дека сум горда што сум негова ќерка.
Би се вратила во моментот кога сеуште бев мала за да сфатам дека ќе го изгубам дедо ми засекогаш и ќе бев со него цели денови. Сеуште памтам дека последен пат пред да почине го видов премногу кратко, не ни седнав до него, мислев дека иако поминаа неколку месеци он ќе стане од кревет и ништо нема да му биде. Бев и уште сум мало детиште што не е доволно силно за да му отиде на гроб и да му се извини и да му каже дека го сака.