Еееее кога би можела да се вратам во 2012година, и да се посветам на тоа за што сум учела деноноќно, да не скршнувам од тој правец за ништо друго!!! Годините кога најмногу требаше да инвестирам во себе, да не дозволам некој да ме турне во зоната на комфорот
Би се вратила некои 11-12 години назад,вака напишано делува како да е многу време поминато а во мислите толку блиску како вчера да било сето тоа... Најубавите почетоци ,животот исполнет и сето тоа се сруши како од кула со карти,и не знам како да се вратам на таа нормала во таа совршеност што постоеше а веќе ја нема....
Во детството дефинитивно, и тоа тој период во 2007 - 2010 кога баш безгрижна бев, и кога имав да се рече понормално и поспокојно детство. Бар јас така го доживував тогаш.
Да се вратев пред едно 10 години би си мавнал шамари заради тоа што сум глуп и лесно верувам на сите.
Би се вратил на почетокот кога се запознавме и би поминал пак низ се со тебе и некои работи ги правел поинаку..