Мислам дека нема ваква тема, па ајде малку да размислуваме, каков наслов или како би го опишувале животот со 2-3 збора. После многу размислување, јас би рекла вака: " Океан, каде што секое каменче што е во неговата длабочина во себе носи една тајна" Преведување : океан- животот, каменчињата- случките (добри/лоши моменти), тајните- причините за тие случки Па повелете и вие
Интересна тема..па веројатно би се викала „Тајните на бескрајната вселена“ каде шти вселената би го претставувала мојот живот
„Никогаш не вели никогаш„ затоа што доста работи досега ми се случија во животот и доста одлуки донесов во животот што мислев дека никогаш нема да ми се случат или да ги донесам
Ама интересна тема Наслов...хммм... можеби ќе биде "Секој ден нова приказна, некогаш тажна, некогаш среќна, но секогаш поучна" Можеби е долг, цела корица ќе ја зафати
хм... “стаклено ѕвоно“ така мислам дека би се викала мојата книга,мислам дека не би објаснува во детали зошто е тоа така...
Феникс (постојано се издигнувам....и кога се чини дека сум претворена во пепел...што и не е така ретко...не е многу попустлив животов кон мене ама јас сум ти едно многу тврдоглаво, упорно јарчиште .....)
Па јас би дала наслов Shit Happens.. (со извинение ради зборов, ама ме отсликува најцелосно ваквиот наслов)