''И ПОСЛЕ СЕ ПАК СУМ СРЕЌНА И ЗНАМ ДА СЕ СМЕАМ'' Вака би изгледал насловот за мојата книга на животот бидејки после многу работи коишто ми се случиле и животот сакал да ме остави на земја јас пак гордо сум се изборила и пак научив да бидам среќна...Иако постојано во животот паѓаме но битно е да станеме и да останеме цврсто на нозете
Пандорина кутија на Хималаите. Баш, полн со изненадувања на различни падови и возвишувања, каде што најмалку очекуваш да се случат. А Хималаите, извадено од ракав, да е нешто високо, значајно и огромно, врвови, безброј. Кутија, затворено, мистериозно - а во него, вистинско богатство. А Пандора, мојата љубопитност.
Тоа би било некаде при крај на животот, рано е сега, освен ако изненадно не ме лупне некој камион па да немам време да смислам наслов... А ако би имала книга напишана до сега би била претежно само размислувања и теории на главната хероина со многу малку акција, па ако некој сака да чита страници и страници со ''филозофски'' мисли кои набргу во некоја ситуација ќе се покажат како сосема бескорисни и неупотребливи, тогаш нека повели нека ја купи мојата замислена книга без наслов, за цена ќе се договориме...
‘‘Петра‘‘ и ми текнува на она - ‘‘Боже Петра‘‘. сте го гледале? Не? Повелете http://www.youtube.com/watch?v=qV7ei9bei2E