Интересна тема и интересни постови.Книгата за мојот живот би можела да се вика Најдолгата сапуница(шпанска серија)на светот
Во моментов ми текнаа илјада и нешто наслови, но бидејќи не можам сите да ги напишам и објаснувам ќе одвојам само некои: ''Стрмнините на планината''...стрмнините би ги симболизирале сите возвишувања, радости и падови во животот...а, планината...неостварливата цел.. ''Забранетото е најслатко'''...затоа што секогаш сакам да пробам нешто ново, забрането , а старото го оставам и после се каам, ама неможам да си се вратам на старото.... ''Насмевни се и кога ти е најтешко''.... Затоа што не дозволувам никој да ја види мојата слаба страна, и сите ќе ме памтат како насмеаното и позитивно девојче .....епа толку за денеска, утре ќе допишам уште..
Потрага Постојано истражувам и барам,од ништо не ми е доста!Или знаења или искуства или личности или себе....до недоглед!
Вечно дете - така би ја крстила книгата дека така и се осеќам... Толку многу работи сум поминала во животов и сеуште мислам дека уште многу имам за учење... Многу често ги гледам работите како детенце што се радува на се, заборава на лошите работи и е секогаш среќно и весело безразлика колку и да е тешко. Дете сум некогаш и пред да одберам нешто... Не размислувам многу на последиците, правам грешка, паѓам и повторно станувам со истата насмевка
"AKO SE UCI OD SOPSTVENITE GRESKI ZOSTO OSTANAV NEPISMENA "Koag ke se penzioniram ke napisam kniga i vaka ke ja krstam ,daj boze ad imam finansii za da ja izdadam
ONA sto najmnogu ke go opisuva mojot zivOT a toa bi BILO-*** NEPRAVDA I VECNA BOLKA VO EDNA MALA RUZINA GRADINA*****
Насмеј се...Утре ќе те нема! Затоа што секогаш ја барам светлата страна или оптимистично размислувам но реално.
Расплакана,а сепак храбра. Ова најдобро ме опишува бидејќи постојано тагувам и плачам,но никогаш не пред други.А храбра поради тоа што и покрај се собирам сили и храброст за следните чекори.
"Првото и последното парче од мандарината" - Колку е на почетокот се прекрасно, вкусно, привлечно, колку не исполнува чуството дека јадеме нешто исклучително слатко и мислиме долго ќе трае... а кога доаѓа последното парче -крајот на едно уживање, веќе гледаме дека не сме способни да ги вратиме изедените залчиња, преостанува само да се сеќаваме на убавиот вкус на изедената мандарина.. и да се надеваме дека некој ден ќе дочекаме да најдеме некоја ептен голема и сочна мандарина која ќе ја јадеме доолллго, долго.. и која ќе има најубав вкус до сега. Мetaphor rocks!
Ме насмеа! Ако ја издадеш, со сигурност ќе ја купам. Насловот е примамлив, а и соодветствува со мојата животна приказна..
хаха тука негде сум и јас , ептен привлечен наслов во секој случај Кај мене добро би било и "Игри без граници"
Немам размислувано никогаш на оваа тема. Но доколку би бил книга би бил нешто како Без граници, затоа што животот го живеам со полна пареа и нема нешто невозможно за мене. Секогаш одам до ексремности без разлика на последиците.