Онака баш, "Бол и бес" или "Les Miserables". Ако ми текне уште некој соодветен наслов... ќе пишам. Понекогаш може да добие некој љубовен наслов, во моментите кога ништо од страна не ја поматува мојата среќа што ми ја пружа љубовта.
"Сонце зад облакот"-бидејќи живеам со мотото дека колку и да е лош животот, секогаш има надеж за подобро утре. И секогаш среќата доаѓа кога најмалку ја очекуваме.
" Трчај трчај, сопни се" сигурно би била смешна и интересна и по малку наивна, а во исто време премногу емоционална
Се пронајдов во постот како јас да сум го пишувала Инаку јас малку би го променила:,,Зад облаците секогаш се крие сонце‘‘
Шивотот за едно девојче кое сака да стане принѕеза не,се шалам. "Зад дождот,се крие сонце" бидејќи кога и да сум нерасположена ми се случуваат едноставно убави работи
#6 Кога вашиот живот би бил книга, каков наслов би му дале? 30 Мај 2010, 20:21 ова би одговарало најмногу... ''Животот е само круг'' - ехее колку пресврти има само се праонаоѓам во ова !
Исчекување-затоа што за се и сешто секогаш сум во исчекување...едноставно секогаш подоцна ми се случува она што посакувам..не во моментот или порано..се некако ми доцни
„Машко во женско тело“ Не од една страна сум чула такви мислења за мене, се разбира не од физички аспект