1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога ви кажуваат како да си го живеете животот...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 31 мај 2017.

  1. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Не се соочувам, но најчесто вакви совети даваат тие што незнаат како да си го живеат својот што е најтрагично..
     
    На sj *O*, Skorpija25 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Имав скоро слично искуство. На празник работев, приватен сектор, па ако не е голем празник работиме. И ми се јавува роднина, ми вика „Јас се јавив, да видам дали отиде некаде за празникот?“. Викам не, работам. Вика „Еејјј па излези од дома, има кога да седиш дома“. Викам „Работам, морам да работам, ако немам пари каде ќе одам, џабе ми е слободно време без пари“. Вика добро, во право си. Се загрижила таа дали некаде сум била. Со вакви станувам безобразна и дрска, иако порано не бев таква.
     
    На Skorpija25, orevka и L-a-r-a22 им се допаѓа ова.
  3. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    6.308
    Нека дигне рака некоја што ја немаат прашано дали има дечко/зошто нема дечко и кога ќе се мажи, ајде веќе време е. :D Првото прашање најчесто ми го поставуваат одредени другарки и братучетка ми, дури една не толку блиска другарка почна да ме распрашува кога последен пат сум имала дечко, па зошто пред толку долго време, требало да си фатам, ако не да ми го "мести" другар и. :fubar:

    Второто, приказна сама за себе. Вујко ми е самец, никогаш се нема оженето и најверојатно жали за таа негова одлука, па затоа решил на секое видување да ми се качува на глава со прашањето кога ќе се мажам. :) Најпрво културно му одговорив дека мене животот само што ми започнува, сеуште студирам, се дружам, излегувам, немам дечко а и не ни планирам да имам во блиска иднина, впрочем воопшто не ми е на ум да се мажам, барем не во наредните 10 години. :D Но, ситуацијата ја однесе до таму да почне да ме прашува демек на шала, на смеа кај ќе сум правела свадба, во кој хотел и тука збеснав фала Богу. Пак му повторив дека си го терам животот, планирам да завршам факултет, да си најдам работа, и дека мажачката воопшто не е најважна во животот. И тука, пазете што ми кажа, дека како така не сум сакала да се мажам, најголема женска амбиција било да се омажиме, АМБИЦИЈА бе! (facepalm) Од вакви коментари, и да сум планирала некогаш да се мажам, ми се одмили и маж и се'. :D

    За други мешања.. хмм. Братучетка ми најчесто сака да ми мудрува како треба да се активирам во животот, и секој пат кога ќе се видиме ми тупи зошто не се зачленам во некоја организација и не волонтирам... Побогу, девојко ако тебе ти е тоа интересно, не мора да значи дека на секој му е истото привлечно.

    Нејсе, ваквите коментари ретко можат да допрат до мене, може само да ме изнервираат во моментот, да одговорам нешто саркастично, ама после тоа ќе си отидам и ко ништо да не било - си продолжувам да живеам онака како што јас сакам. :)
     
    На Crna Dama, Angie24, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Arendelle

    Arendelle Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    7.404
    Пол:
    Женски
    Кучињата си лаат караванот си врви. Е баш така уста да им затворите на некои луѓе да не лаат баш и не можеме ама затоа нема да се осврнуваме. Порано можеби и сум викала е не така , па што ќе речат, па што ќе мислат а сега ич уво не ми чуе.
     
  5. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    Каменот од близу доаѓа, во мојот случај од роднините. Во последниве години им го видов вистинското лице и некои од нив ми станаа одбојни. Имам две бизарни случки, од братучеди. Во првиот случај, дотичната особа си презела на своја рака да убедува некој дечко (кој и да е последен маж на планетава, не би му обрнала внимание), дека сме биле совршени еден за друг. Шпанскава серија отиде толку далеку и што го донел дома кај мене, демек случајно на кафе. Среќа моја бев тогаш излезена, инаку кој знае како ќе изреагирав. Откако му пропадна планот за запознавање, почна да ме гњави на фб и тогаш си ги зедов работите во свои раце и јасно му кажав никогаш повеќе да не се меша во мојот живот. Дали имам дечко и каков ќе биде мојот избор е лично моја одлука. Инаку, дотичнава особа ми има вртено муабет, како за една жена било многу важно да остави потомство. Па што седиш тогаш неженет и без девојка?
    Помина тоа, следен случај повторно обид за местење. Многу му се допаѓаш на еден, кога го видов на слика ми идеше да се фрлам. Повторно го добија истиот груб одговор. Тие се смирија, сега нивните родители на потег. Имам само еден збор за тие луѓе. Лешинари!
    И едно не ми е јасно, од овие “местачите“. Добро, ако видите убава девојка, си мислите вашиот (под)просечен другар одма ќе помине? Ненормален свет......
     
    На Matotheja, mode-kristina, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.629
    Пол:
    Женски
    Мене па не ми сметаат коментари од луѓето без разлика за што се однесуваат ниту па ги зимам како зло при срце. Буквално секакви коментари добивам и за работа и за плата и за врски и брак и за деца не само од блиски роднини и пријатели ами и од колеги и од клиенти на работа кои прв пат ме гледаат. Гледам на тоа како на добро намерни совети а не како мешање во интимата. Зошто па да не чујам туѓо мислење и поглед на работите. Едно време братучед ми стално ми збореше за мажачка за деца дури на моменти си викав човек што ти е се додека еден ден не ми кажа дека со жена му веќе година дена се обидуваат за дете ама неуспешно, па нејке и ја утре да проаѓам низ истата мака. Адвокатката кај која што работев еднаш ме седна со најава дека однапред ми се извинува ако ми влегува со муабетот во личен простор и ме изренда со муабет на тема врски и брак па сфатив дека се што кажува го кажува со добра намера а не за да ме навреди ами да ми укаже на некои работи од лично искуство. За другаркиве па ич да не правам муабет, ама нас тоа ни е смешно и низ шала си ги кажуваме тие работи.

    Не гледам потреба да се зимаат толку при срце коментарите на околината без разлика дали се позитивни или негативни. Секој нека си го каже своето мислење, вам ако ви се допаѓа прифатете го и применете го во животот ако не само игнор од едно уво влегло од друго излегло ко да не ни било.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Секакви прашања има, за платата дека е мала, за работата дека не носи многу пари, а што всушност носи пари во Македонија освен ако не си бизнисмен или политичар? За дечко, ако го немаш зошто го немаш, а ако го имаш, кој е, каков е, од кај е, какво семејство се?Ај што ќе се распрашуваат, па уште и конструкции си прават, си измислуваат. Нормално дека не се лутам на секој, еве и јас сум спомнала може на некоја другарка што мислам за нејзината врска со човек кој не ја ферма, ама сум го кажала културно и дискретно, во завиена форма. Било добронамерно, ама кој како ќе го сфати. Крајно не можеш на човек со сила да му помогнеш, самиот си прави избор, ама лошо е кога тој со никаков избор, исфрустриран до максимум, ти се меша во живот. Една другарка ја приметив дека секогаш кога ќе седнеме јас и таа на кафе, се некој мој додворувач за кој не сум заинтересирана, божем случајно ќе налета, а уствари се договорила однапред таа и ќе ми го тупне и него. Епа ок ли е тоа? Фер ли е?Ако ми се допаѓа јас сама ќе си договорам кафе со него, стројници не ми требаат, ама некоја девојка која ја понижува кој стигне, и е многу понеуспешна од мене, да ми подметнува уффф. Луѓето кај нас се вистински давежи. Културен човек ретко се среќава. Имало коментари за тоа каде ќе одам на одмор, па негодување зошто таму, зошто не на друго место, па косата едно перче ми штрчело сум требала фризер да менувам. Абе ужас. Веќе од такви глупости ни муабет не ми се прави со многу луѓе.
     
  8. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.629
    Пол:
    Женски
    @Tanjamm Освен ако не планираш да живееш на пуст остров каде нема цивилизација па никој да не ти дава мислење и коментар за секојдневниот живот стварно не знам што ке постигнеш со револт према коментаторите. Сите сме луѓе, збориме прашуваме се интересираме. Иде лето- главен муабет е Кај на одмор иде зимо- главен муабет е Кај на зимување, иде Нова Година- Кај за Нова Година.... Се ми се тоа муабети за на маса со луѓе па макар и оние поинтимните од типот зашто немаш дечко, зашто не си мажена, деца кога -ако си мажена и сл. На крајот од денот со исфрустрирани луѓе и емоционални вампири нит се дружам нит па на маса седам за да имаат прилика да ме тероризираат со муабет за кој што јас не сакам да разговарам. И мене ми викале дечковци коа сум мислела дека само со другарка ке бидам па никому ништо. Нека седне човекот нека врзе муабет ако не ми се свиѓа пиштол на глава никој ми ставил со него да се мажам. Ако ништо друго барем човек плус ке познавам во животот.

    Премногу неприемчив став имаш према луѓето. Не викам дека нема напори кои едина цел е да се ситат на туѓа мака и утре да оговараат ама па таквите уште незинати од далеку се познаваат и од нив ко од црн ѓавол бегам подалеку. За останатите како што кажав во погорниот пост, тоа што ми одговара применувам тоа што не ми одговара не го ни перципирам.
     
    На sonuvana, jacqueline.s и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.123
    Допаѓања:
    43.672
    Пол:
    Женски
    Не слушам никого, дури но моите.
    Мој живот мои правила.Живеам по ќеф боље пократко и со ќеф него подолго ама на кочница.Мој живот ќе правам што сакам кога сакам како сакам со кој сакам.Другите можат позади грб сано да ми звоцаат.Доста сум живеела како на другите им е кејф е ск мало сутра.
     
    На fallenangel и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Никогаш не дозволувај премногу луѓе да ти се мешаат во твојот живот, затоа што луѓето секогаш сметаат дека знаат како да го живеат твојот живот, а немаат ни најмала идеја како да го живеат својот.
     
    На fallenangel, esperansa777, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  11. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    На нерви ми одат луѓето кои се мешаат во туѓите животи,а не си го гледаат нивниот. Поради тоа некои луѓе ми станаа толку одбивни вклучувајќи и мои роднини. Бабата на моите братучеди ме прашува „Кристина имаш дечко?“ Јас и’ одговорив дека немам. Таа почна да ми кажува како сум немала друштво, како не сум излегувала навечер итн. Јас си молчев за да не ме озборува кај сите колку сум била безобразна,невоспитана итн. И мислам дека правилно постапив, иако знам да бидам безобразна и дрска.
     
    На theowndemon и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.065
    Допаѓања:
    11.214
    Се согласувам со се што пиша, ама ако не правам така не сакам ни мене да ми прават. И ако премолчиш или било што да одговориш на вакви луѓе, ќе згрешиш.
     
    На theowndemon и SuperGirl24 им се допаѓа ова.
  13. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.764
    Пол:
    Женски
    Внимателно "слушам" што ме " советуваат" , културно климам со главата, уште покултурно се 'заблагодарувам' на "грижата" и си продолжувам со животот :)
     
    На I I, fallenangel, mode-kristina и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.843
    Пол:
    Женски
    Секогаш си се слушам самата себеси.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Никој не ме чепка. Не сум толку битен. :^)
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.753
    Пол:
    Женски
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Не прави зло, не прави добро, опсервирај, проучи, одреди граници на влијание, распредели и изолирај.
    Повтори додека не се распадне системот.

    Црна дупка, ураган, катастрофа во движење со лимитиран опсег. :drunk:
     
    На realGirl, Aquamarine93 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Мене тие неколку што се осудиле да пробаат да ми кажат нешто сум ги испратила на фин начин у три лепе пизде материне. Та домашни биле, та роднини биле.
    На културен начин ќе му кажиш- none of your business!
    И ајт таму. Нема друго чаре и не треба ништо од тоа да влијае врз вас.

    Совети се добредојдени, мислења истотака.
    Ама да се осудва некој да ти кажва како требаааа....
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Не поднесувам кога некој ќе почне да ми збори што треба да правам со животот. Кога уште немав дечко. од сите страни слушав осудувања. Срамота било да немам, сите веќе имаат...:|
    А и не сакам да ми се мешаат при изборот на факултет. Јас сум таа што че студира, учи и работи..
    Сепак почитувам културно мислење и совет, без притоа да се настојува...

    Ама и не претерувајте до тој степен што сметате за мешање во живот ако некој ве прашал само дали имате дечко или деца на пример, и не поставува други прашања, или пак што студирате или работите.
    Работава е никој за никого не смее да знае нешто.
     
    Последна измена: 4 јуни 2017
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  20. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.940
    Допаѓања:
    50.023
    Пол:
    Женски
    Ги слушам кимам со главата аха, да ама во себе вријам.
    Нема потреба никој да ми се меша во животот ниту пак да ми кажува што да правам, мој живот е и јас одлучувам што да правам.
    Ниту пак јас се мешам во туѓ живот, си гледам за себе.