@Tan4ence далеку од тоа дека тоа прашање го сметам за мешање во животот ,ама потоа да ми кажува се’ и сешто како на пример дека ако немам дечко,по дифолт не излегувам и немам друштво? Па уште и да ми мести некој?
Ех, мене на интервју за работа ме прашале дали ќе се мажам и ќе раѓам деца, па за комшиките... Некако ги навикнав таквите муабети, ниту се нервирам, ниту се потресувам, од едно уво влегло, од друго излегло. Некои луѓе колку и тоа добронамерно да го кажуваат, едноставно не сфаќаат дека не сме сите исти, дека немаме сите исти желби и потреби во одреден период од животот, па оттаму доаѓа и она: Види ја Петкана што во исто одделение одевте, веќе второ дете носи, а ти уште немажена. Јас па особено на такви муабети налетувам, затоа што сите блиски другарки ми се омажени, со деца, со фамилии. Ако ги слушав комшиките како треба да си го живеам животот, сега којзнае кај ќе бев.
Леле па кај нас тука, ако си немажена и се знае она " време ти е за мажење" почнуват дури и мажи да ти барат без твоја дозвола. По фамили, по комши одма ааа да најме уште некое момче ко за нашава супер ќе биди. АЛООО луѓе кој ви рече дека сака маж??! Но комент
Точно. Се сложувам. Ако кажеш немаш, еејј па ти сигурно пребираш, па ти си ваква, таква. А тоа го кажува некој кој скоро и да не те знае. Не е дека и јас паѓам во несвест на глупави прашања, ама сакав да видам какви искуства имате. За мојот народ во последно време мислам дека тотално отапе. Со многу луѓе веќе се дистанцирам, не ни правам муабет. Сум била на честито каде една другарка која е мажена на другата и рече „А ти сега ја правиш ли онаа работа со маж“. Луѓе со факултет, дипломата ќе им ја видиш по муабетот.
Има луѓе со склоност да наметнуваат мислења, напорно да советуваат и налагаат што треба да правиш, таквото однесување ме вади од такт. Не знам зашто не си гледаат своја работа, страшно одвратно! Ќе ти кажуваат каде треба да одиш, со кого, што треба да правиш, ама кај мене не може да им помине тоа.
Мајка ми многу често знае да ме изнервира кога ќе почне со нејзините лекции ,кои btw се слушани по милион пат.Океј,да знам,сакаш да бидам успешна и да живеам убав живот,ама немој те молам да мислиш дека некои постапки треба да ни бидат исти,едноставно различно размислуваме,не можам да бидам иста како тебе.Да јас те сакам највеќе на овој свет,ти си ми role model,и покрај твоите грешки,ама дозволи ми некогаш сама да се справувам со предизвиците,доволно е само да ми дадеш подршка,тоа барам.Не сакам да бидам дел од некое твое замислено сценарио за мене,не сакам да водам таков живот повеќе.Оди учи тоа,излегувај со тоа дете,дружи се со тие девојчиња,едноставно ме гушиш!Сакам да научам работи во животот на мој начин,па времето ќе покаже дали се добри или не...
Секојдневно го доживувам значи...порано може на фин и културен начин сум одговарала ама денес веќе не (нормално зависи од личноста ),знам да бидам доста дрска со такви
Најинтересно е кога разно разни ојлевци-дојлевци кои не ти се ни најмалку блиски ниту пак битни те советуваат по однос на лични прашања као демек за твое добро. А реално ги заболе дали ќе ти биде добро или не. Поранешен колега се дрзна од лично искуство да ме посоветувал дека ако сум паметна до 30 години ќе се омажам оти после никој нема да ме сакал!? Е сега оди објасни му на таквиот примитивец дека можеби на пример планирам воопшто да не склучам брак. Толку прости луѓе само во регионов можат да се сретнат. Културен и паметен човек никогаш нема да ти сугерира за брак, деца, или пак никогаш нема да те праша колку плата земаш. Едноставно не го интересира, знае дека не е негова работа.
Дечко ми и јас имаме по 28 г. живееме заедно веќе 3 години и не сме во брак. Мене ми велеа дека ќе видам некој ден кога ќе му се досади како тој ќе си најде некоја помлада со која што ќе се ожени. Тие мислат дека само тој не сака да се венча со мене. Ние сакаме да се венчаме но се по ред, ние си имаме планови. Минатата година се веривме без прослави тој едноставно ми подари прстен и тоа е се. Тој сеуште студира па велеа леле на тие години тој кога треба да си створи фамилија ќе учи
Сега ќе ве замараат да побрзате со брак. Ако се земете ќе ве прашуваат до кај сте до дете. Ако добиете дете ќе ве посоветуваат дека е убаво детето да добие и братче/сестриче и тн. Човек треба да е невистина безобразен па таквите да ги отера таму каде им е местото. Не разбираат дека со своите совети и мислења можеби на некого му чепкаат во интимни болни прашања. Идиоти!
Многу некултурно е некому да солиш памет а најчесто таквите не се ни прашани за совет битно знаат што е најдобро за мене.