Па да ви кажам јас се најдов една многу непријатна и непожелна ситуација.... му се скарав на дечкото не го сакав бев со него за го преболам бившиот не можев..... Со бившиот расчистивме некои работи, но нешто ми кажува дека џабе си се надевам никогаш повеќе нема да го имам за дечко... И така Господ ми го зеде тој што ме чуваше како капка роса на дланка и тој што јас го чував како солза во рака НЕ Е ФЕР ЖИВОТОТ
Ако те сака,и го сакаш, како е можно да се изгубите? Раскажи ни подетално... Иако и сама сум сведок дека љубовта во една врска не е доволна.
Станува збор за двајца јас го изгубив едниот што го сакав многу пред 6 месеци, сакав да го преболам и си најдов друг тој многу ме сакаше ама му го скршив срцето, зошто бившиот се врати и јас мислев дека може да променам некои работи со него ....
Секогаш сфаќаме што сме имале откако ќе го изгубиме! Можам само да ти кажам да се помириш со тоа, дека едноставно така требало да биде и да си продолжиш напред во животот.Знам, тешко е ама мораме да го прифатиме тоа што ни се случува...се' се случува со причина!
Јас се разделив од некој кој го сакав, а и тој ме сакаше. (Причините беа од други фактори, но и од наше меѓусебно недоразбирање и несфаќање) Колку е болна таа разделба со солзи, кога се сакаш, а се делиш.... И се прашуваш, нели љубовта е над се`? Нели љубовта треба да победува секогаш? Тогаш како можат двајца кои толку се сакаат да се простат еден од друг? Изгледа љубовта не е доволно силна колку што се чини. Или нешто како песната од Куку Леле: Се` е против нас.... И секогаш ќе се прашуваш што ако останевме заедно, како ќе ни беше сега? Пупи, конкретно за тебе, дали си сигурна дека скроз се разделивте? Си пробала ли да го побараш назад?
Би сакала да се надоврзам на темава...Би го споделила и моето искуство,во моментов се наоѓам во една таква ситуација иако се сакаме и двајцата сепак не сме заедно.Се разделивме од одредени причини,се прашувам дали јас погрешив што ја искажував премногу мојата љубов,што верував,вистински сакав,се приврзав кон него,едноставно ми беше потребен како воздухот што го дишам.Знам дека нема да се заборавиме,жал ми е само што останаа толку работи недоискажани... жалам што мораше да заврши на овај начин,а можевме да се разбереме како луѓе..Знаеш и сам колку само се борев за се да биде како што треба,но се изморив,морам да те напуштам бидејќи ме остави сама кога најмногу ми требаше,твојата гордост и глупаво машко его беа посилни од се.Би ми било полесно кога би знаела дека не ме сакаш тогаш можеби ке постоеше инаетот во мене ке те заборавев ке те замразев.Ах..Кога би ги оставиле зад нас сите проблеми тогаш би биле заедно.Криво ми е што поминавме се заедно,се пребродивме заедно и сега на крајот кога би требало да останиме до крај ние не сме.Не сме тоа што некогаш сме биле.Бадијала е љубовта кога ние го немаме основното за да опстанеше нашата врска-Разбирањето.За жал не можевме да се разбериме,ни ти не можеше да ме сватиш ниту пак јас.Судбина...Можеби така требало да биде...
Точно така..И кајмене не беше доволна. Недостигаше доверба. А поради недостаток на доверба се замразивме и двајцата. Крај на една убава приказна.
ми треба еден совет, колку и тој може да помогне ... со дечкото бев прилично долго време, се сакавме но се расправавме многу, логично е да кажете дека ако нема разбирање да го оставиш али тешко е затоа што болно се сакате ... конечно решив да ставам крај и колку и да сакам да не се враќам веќе, знам дека ќе биде тешко но како да го надминам периодот што следи, страшно ме плаши дека никогаш нема да најдам некој како него, а со него неможам, морам да прекинам зашто секојдневни нервози нечинат за двајца :/
Site devojki dobro go znaeme ova kako e da go izgubis sakaniot...znaeme deka e mnogu bolno, depresivno i sl. jas imav vrska od 3 godini so eden decko i se bese perfektno...posle 3 godini ja prekinavme nasata vrska i pravevme pauza od 2 godini...slucajno pak ni se spoija patistata i probavme pak da bideme zaedno...posle toa idevme nekoi 5-6 meseci i vrskata povtorno prekina...seuste mi e krivo bidejki mnogu go sakav a znam deka i toj mene, ama eve kako sto bi rekla jas ednostavno ne bilo sudeno :/
После неколку месеци откако почнавме да се дружиме со еден колега се смувавме.Ја не го очекував тоа и фино лепо му пишав дека се се издешавало пребрзо дека требаше подобро да се запознаеме и он рече дека не е проблем се ќе си продолжи ко што беше дур не размислам.И после тоа ја го игнорирав цело време,ич не знам зошто. Се трудеше да биде у моја близина,ми пишуваше нон стоп,ме викаше заедно да учиме и се.Откако завршивме со факултетот месец ипол се немавме видено и откако го снема мене почна да ме интересира зашто се смени. Лошото е што мислам дека сега ја почнувам да чувствувам нешто кон него,а он се понаша многу ладно кон мене. Да се надевам дека нешто ќе се смени,да преземам нешто или едноставно да се откажам???
Епа мислам дека му се смачило на дечкото да трчкара по тебе. Не било фер од твоја страна што си почнала да го игнорираш, а пред тоа си му рекла дека треба подобро да се запознаете. Може едноставно се уморил. Ако сметаш дека постои таму некаде уште некое жарче, и дека намерно е ладен со тебе (што произлегло всушност од твоето ладно однесување кон него), пробај. Почни да го бараш, види дали ќе реагира на твоето „будење“.
Се секирам да не испаднам смешна.Ни е сеа збориме на факултет онака си е нормално,ама сепак не тоа тоа.Сакам да му дадам до знаење дека ми се свиѓа ама страв ми е што ќе си помисли за мене,у стил што се замислувам сакам-нејќам.Он ми имаше кажано дека многу му се допаѓам,ама сега кој знае дали чувствува нешто.Сега сфаќам како му било :/
во никој случај нема да испаднеш смешна,само кажи му ја вистината ,дека си почнала да чувствуваш нешто кон него,сигурна сум дека не те заборавил,само оладил кога видел дека ти не превземаш ништо. мислам дека е многу нормално што не си избрзала,а тој ако сеуште сака нешто со тебе,не верувам да те одбие
Се расплакав на оваа.Истото сакав да го кажам и јас ама не знаев со кои зборови.Ние имавме љубов ама не и разбирање.Но можеби ако се потрудеше повеќе , барем малце повеќе да ми веруваш немаше да се уништи нашата врска од една година.. Секогаш ќе те сакам.Тоа не заборавај го
И јас да се приклучам на темава. И јас имав еден човек со кој што се сакавме и 2цата премногу и тој ми беше прва љубов ама сепак бевме млади и се разделивме од одредени причини. Пред некое време ( значи после 1 и пол година од раскинување ) некако стапивме во контакт и пак почнавме да се гледаме. Искрено си кажавме што чуствуваме и 2цата сфативме дека сеуште има љубов и тоа голема меѓу нас. Сега сме блиску да започнеме од почеток, нешто посериозно. Еден совет од мене, ако има обострана љубов не губете надеж, кога тогаш ќе излезе на виделина. Секогаш кажувајте ги вашите чуства искрено, полесно е
мојата прва љубов, мојот прв дечко Имаш сини небесни очи, единствени со толку убава и чиста боја на очи, штета што не можам истото да го кажам за твојата душа. Одигра премногу лицемерно, иако мислеше дека тоа е најпаметно, пред мене видов само статуетка на машкото его... направена целосно од цименто и вода. Ти се покажа без срце, без разум. Толку години, најубавите тинеџерски години ги поминав само броејќи ги деновите кога че те видам повторно, и ти толку сурово се однесе што не заслужив да ми ја кажиш вистината во лице, туку да измислуваш лага, за да си го измијаш лицето..Чисто ли ти е сега? Задоволен ли си? Јас сум сега среќна... Те немам видено две години и нема ни да те видам наредните 100! Ќе бегам од тебе како што срна бега од лав. Точно така, си дозволив да бидам толку ранлива, што ти воопшто немаше проблем да ме лажеш и да ме гледаш во очи, при тоа да ми нагласуваш дека сум ги имала најубавите зелени очи што некогаш си ги видел. “Гледаш ли ме?! Сакам те! Сакам цел живот да се разбудувам, и да не ги тражам твоите најубави зелени очи! Тие да бидат нонстоп до мене! - како песничка уште си ги памтам овие и уште многу други твои ѕвезди! Се надевам дека еден ден ќе ти требаат моите чизми за да осетиш и на твоја кожа! Ти си ми моето искушение за кое сум сигурна дека нема да можам да се соочам! Ти си ми сега само една ’помината детска љубов од минатото’ и ништо повеќе, и верувај ми ќе се трудам најмногу што можам да си го одржам зборов! Двајцата на недопирливи патишта - најдобар The End за нас
Мојата веке изгубена љубов-се заљубив во едно момче, беше толку добар, фин и за мене совршен .. идевме 2 години се беше прекрасно ги живеев најубавите моменти од мојот живот со него.. Имам такви спомени кои ми ја разоруваат душата мислејки на него.. со голема тага го пишувам и ова .. се обидувам да немислам ама тоа е посилно од мене..како да ги заборавам сите наши доживувања,сите наши средби и состаници,лудории направени заедно и твојата голема љубов и поддршка кон мене. Ми беше се што немав во животот.. се ме потсетува на тебе,се околу мене е дел од тебе .Зарем мораше ова да ни се случи мораше ли животот вака да ме казни..мораше ли да се качиш во тој проклет автомобил.. мораше ли сево ова да го доживеам..Толку многу ми фалиш,после тебе чувствувам таква празнина во срцево, веке се е залудно колку и да се обидувам да заборавам неиде..не било лесно.. сега сватив колку само животот може да те казни,и колку може да биде нефер.Ти си отиде а јас останав да тагувам.. морам да продолжам знам но ништо нема да биде како порано..после твојата љубов секоја следна ке биде премала.. Веке една година помина а јас не ја живеев..преголема е љубовта ама морам да бидам силна... веке подолго време го потиснувам ова чувство и правам се за да мислам на други работи.. донекаде ми успева,пак почнувам да се смеам ама не на ист начин. Едно знам дека никогаш нема да те заборавам... а јас продолжувам да живеам се надевам горе некаде некој ден ќе се сретнеме .и пак ќе бидеме заедно.. .