Првата работа за синко-ќебенце го купивме во трети месец но од мерак. Остатокот облека, коритце, бањарчиња купив кога бев 8 и пол месеци бремена. Единствено количката со транспортерот ја земавме почеток на 7ми месец но некако шубе ми беше Иако знаев и пол и сите скрининзи беа супер многу ми прпаше дали ќе го доносам бебчо и дали ќе биде се во ред на пораѓај. Креветчето го земавме на почеток на 9ти месец, го наместивме па коа ме спука некој бед филм дали ќе го донесам бебуш дома од болница или не и како ќе поднесам да гледам се што сум купила ако нешто се случи....абе Миле Паника не ми беше рамен Сега се смејам ко ќе ми текне какви мисли и филмови ми се вртеа а тогаш едвај спиев додека не го видов бебуш кај мене на гради. Но секој со својата мисла, план и мерак за купување за бебче. За второ-трето знам дека исто пред крај би купувала.
Кога почнавте да купувате работи за бебето во кој месец од бременоста. Јас за неколку дена влегувам во 5ти и веќе го знам полот на бебчето и сега ме копка цело време да купам нешто, но си велам ко рано да е
Јас крај на 8ми месец почнав,со тоа што претходно имав разгледано се и знаев што од каде да се купи и за покрупните работи и за поситните.
Во 9ти а то ми е најголема грешка. Мачно е тешко па тие продавниците сите со скали се качи слези па за во тоалет нон стоп бидејќи бебе притиска на бешиката... тешко е стварно во 9ти.7ми или 8ми најдобро според мене.
16-17та недела првите, па до 9ти купував, покрупните ствари кога влегов во 7ми.. Кога ти е мерак тогаш, но имај на ум дека ќе се смени сезона додека бебе дојде, па сега тенки и на кратки стварчиња нема баш или се со поларни мечиња и снегулки. Почекај најубаво нови колекции па со мерак бирај и пазари
Од почеток си купував по нешто, имав големо претчувство дека ќе биде машко и пред да го дознаам полот си купив 3-4 комплети, и во 16 недела матичниот ми потврди дека е машко и од на доктор право во трговски на шопинг купив можеби 20 тина комплети ептен бев возбудена и радосна, потоа секое излегување до трговски морав да купам нешто, релаксатор и количка купивме кога бев 7 ми месец а креветче почеток на 9 ти месец. Со се бев спремна кога се роди бебо.
Мамички ај да ја освежиме темава ... Јас сум 24 н. и веќе ми е мерак да му купам нешто на бебево,што мислите вие премногу е рано? Имате планирано што од каде ке купувате или едно по едно,малку по малку...да не се остава се за 8.9 месец,мислам дека напорно ке биде.
Јас мислам после 2 скрининг веќе пожелно е да се почне. Прво зошто во 9ти ќе бидеме мечки и тешко ќе ни е цели денови по продавници Второ,си го знаеме буџетот, јас од неколку плати по ред ќе купам по нешто, немам финансии се одеднаш да купам. А и кога читам ова треба,тоа треба,си викам еден список да си почнам, зошто на крај најпотребното ќе го заборавам Инаку јас и ти тука сме јас 24 +5
Дааа ептен сме блиску 24+1сум ,мене многу ми е мерак да почнам со купување останав со трето после 14 години...батковците се 17 и 14 и сега девојче...радостииии ,веќе нарачав едни шпикозни од радост од мерак ете и со душа чекам да ми стигнат
Точно,нема правило...замислете само,24+3 сум ,2 пати одам на скриниг на гак цело време ми викаат девојче е ,сите ние пресреќни пошо двајцава ми се машки поголеми и ми доаѓа свекрва ми и ми вика може згрешиле...може не виделе убаво,може сега ти викаат женско а може машко ке биде,абе пукнав...притисокот ми се качи од нервоза и страв ми е да купам поголеми работи
Pa svekrva za sto e ako ne za pritisok da.ti kaci Jas sum 23 use nisto neam kupeno ama se mi e odbrano, kolicka znam kraj na januari veke mora da e pazarena, za krevetce da vidam zavisi od zalihite, sega intenzivno komoda baram. Obleki i takvi sitni raboti za na kraj ke ostavam ama si gledam. Baska sega dosta pustija i online naracki za sitnive raboti samo uste ubavi popusti da ima i odma place order Inace se ispokarav so majka mi koa zapna kolickata vo 9ti koa ke vlezes, vikam zeno jas dete vo remedika praev so ivf ne po bajacki...gluposti mi se toa, veke posle 2 skrining mislam deka e ok
Богами претеруваат со бабини деветини,нероден Петко капа ке му кроиш абе ајде во кој век живееме...треба се на време да се спреми па некој можеби и не е моќен финансиски се наеднаш да купи а не е едно нели...како и да е после празниците во Јануари почнувам со шопингг за девојчица моја
Јас сум на пола од тебе па ме фаќа меракот кога поминувам покрај бебешки работи. Само не го знам полот, па затоа не сум зрмала. Јас планирам да си зимам онака како ми налета, нема да чекам 7ми, 8ми м. Ич не ми е гајле што зборуваат
Абе идни мамички, купувајте си порано какви бабини деветини, еве ме скоро 9ти месец сум немам сила од кревет да станам а не па сега да идам да пазарувам. Мене уште само тетра пелени ми останаа и тоа мајка ми ќе ја пратам, а не сега да почнам да купувам Јас од 16 недела си почнав, во 7ми веќе се си бев спремна со се количка ново креветче.. Сега да почнев ќе ме собираа амбулантите по моловите, ми паѓа тешко чим ќе влезам внатре
Finansiite ke trgas sto si mislel tie najlesno se organiziraat ama treba li da se naredi, ispere isprgla izorganizira po doma. Stanot mi ima x kvadrati mora da smislam kade se ke smestam
Да се чека да се роди бебето па се да се купува се е многу хаотично, но кај нас беше така. Т.е. сопругот си знае како му беше, јас дека бев во болница со бебето 10тина дена па имаше време да среди. Ние планиравме да влезам во 7ми па да почниме по малку да се спремаме, но ми се искомплицира бременоста па не ми се купуваше ништо само сакав се да заврши како треба, па ќе средиме се.
дефинитивно барем од средина на бременост, има доста работи за купување, од покрупни како количка, душек и креветче до поситни како козметика, хигиена за бебе и за мама постпартум. плус за да се распределат трошоците месечно и да не биде премачно за шетање/пазарење. а и да се остави на крај време и простор да се среди сѐ од облека (перење, пеглање, редење).
Jas do sega se fokusirav na krupnoto kolicka,krevetce,presoblekuvalka,relksator i sl ama koa ja vidov listata so sitnite raboti pocna panika da me faka uste kolku ima za setanje i baranje