32гн и ништо немам купено. Од првото ги имам сите работи за бебе, сега да докупам само некоја облека и козметика. Не ни планирам да купувам многу алишта.
Ке те замолам да ми ја пратиш таа позната листа со потребни работи за новороденче често ја слушам а не сум ја видела. Можиш и на темата да ми одговориш за и другите мајки да видат, или прати ми порака. Благодарам
Да ми е овој памет тогаш би купила само транспортер и летна количка што се спушта скроз рамна. Од алишта само најпотребното за старт 1-2 парчиња 50ки, другото 56ки. Постелнина, пешкирчиња (повеќе зашто на почеток многу какаат/мочкаат после бањање), тетри, ќебенце. Топломер (дигитален по можност), када со сталак, креветче, грицкалка, чешелче/четка. Се друго зависи од бебето и може да се купи накнадно.
Дајте совет од каде купувате или страница за порачување онлајн. За количка и креветче со постелнина може да се разгледа на повеќе места, ама оние поситните работи како козметика, тетра пелени, облека за почеток, термометар... можат од едно место нели? Предложете продавница каде може да се најде се на едно место, да се поштедиме од многу шетање.
Encimenci vrsat dostava ama ne se eftini. Jas planiram na edno odenje do tritex da iznakupam tetri benkici i spihozni za pocetok za po doma. A onie termometar nozicki ceslinja i sl i po apteki mislam gi ima i od niv imas so dostava
Здраво, што мислите кога треба да се купат креветче, количка со оглед на тоа што читам дека се случува да се чекаат по месец дена. И што мислите дали повеќе се исплати овој шопинг на најбитни и најскапи работи да се направи тука или во Бугарија или др соседна земја? Какви се вашите искуства?
Подобро од тука да не ти заглави на граница па после ни ваму ни таму да бидеш. Јас после втор скрининг почнав. Препорака според мене н алице место да си видиш особено за количка и креветче. Количка ради тежина и што се содржи во неа на изглед како е додека не пробаш нема да знаеш и за креветче исто дали сакаш страницата да ти се спушта дали да биде со штрафови или сајли.
32+1 сум и пред една недела се си купив...креветче,количка комплет со транспортер,фиокарче за алишта,шишенце,цуце,ситници алишта еден куп ....имам уште за купување ситници и коритце немам земано...многу сум возбудена,пресреќна,исплашена...се ред редом
Ај да прашам за последните брисеви за стрептокока што се,се покажаа на некоја позитивни? Имавте нешто што укажува дека нешто не е како што треба? Јас за 2 недели ке ги правам па од љубопитност да прашам...
Oprema,obleka iznakupiv. Nego sto praime so igracki??? Tie skroz gi izumiv deka bebe ne gleda, se zima li neso za pocetok? Gledav igracki za nad krevetce, onie podlogite za igracki ne znam od koja vozrast se koristat...drugo nesto?
Рано е за играчки, има време дотогаш. Некоја тропка може да земеш ако сакаш, но не се нешто баш заинтересирани новороденчињата. Само ќе спие, јаде, кака и плаче И за над креветче е рано, ќе видиш самата кога ќе покаже интерес, тогаш ќе земеш ако не сакаш сега. Подлогите исто така понатаму кога ќе го ставаш подолго на меше и да вежба на тврдо.
Не мораш сега да земаш играчки, јас така изнакупив и џабе си ги фрлив парите тогаш, можев да ги искористам за нешто друго по потребно што би ми било за почеток. Дури од два ипол месеца почна да приметува нешто и да гледа. Само една музичка кутија на навивање што ја земав таа му ја пуштав од старт, и тоа ни е најискористено нешто. Еве го веќе е 3+ месеца и сеуште не е многу заинтересиран за играчки, ни ги приметува ни па има некоја желба за да ги допира или фаќа. Јас сум му по интересна кога му пеам и играм.