Мајка ми му купи еднна тропка од Џамбо бидејќи ептен вриштеше па демек да го смири ли џабе ја засака дури кога направи 4 месеци па сега ти види.За почеток највеќе бели звуци ќе ти помагат фен,правосмукалка,аспиратор,машина за перење
Здраво мамички,јас сум 7ма недела и знам дека е рано за купување ама ме фаќа паника па потоа дали ке можам да купам се наеднаш,хаха прво што ќе купам ке биде цуцли и шишиња а потоа од кога ке го дознаам полот ќе купам лулка како креветче да спие во неа .
Не брзај со цуцли, не знаеш дали детето ќе ги прифати, а шишиња имај за секој случај, освен ако не сакаш да доиш.
Јас сум 32гн, и веќе имаме купено неколку алиштенца, сакам сега да почнам со купување на големите работи. Предлози за продавници за бебе опрема?
Енци менци, бебе хоум, бебе супермаркет либерта бебе центар во Велес и Неготино, Крш, Чарли шоп во Тетово, Локо Кроко... ајде женски додадете ако пропуштив нешто. Иначе не ти е рано, можеш да си поткупиш барем основното за почеток. Разгледај во темата што се е потребно за новороденче има списоци и одлични совети. Со лесно мами
@Emotional123 Термос Било кој термос би ти завршил работа. Јас купив од tuctuc поради дизајнот што ми се свиѓаше , но има и поефтини. Другарка има купено од Џамбо.
Mozis da mi pratis link ? Sakam od sve da kupam nesto po skapo inpo kvalitetno barem Ovie nesta sto ke mozam da gi iskoristam i kaj drugite deca ova mi e prva paa son mi e da imam 4
Јас си почнав во 6ти месец да разгледувам, свекрвата запна инсистираше не се купувало порано дури кога ќе се родело бебето ќе купеле. Си најдов количка си купив на попуст беше (тајно од неа) и ко да ме избаксузира нешто после тоа ми открија скратен сервикс, ми направија серклаж, сеа сум на строго мирување не смеам да мрднам од кревет и ќе се сликам зошто немам ништо освен количка за бебето а немам ни кога да си купам . Ќе треба да гледам по интернет па некој од домашните да купува
Of lele jas sum ista ko tebe 25 nedela sum So serklaz i na strogo miruvanje a nemam nisto kupeno voopsto. Pak ima nadez vika aj do 28 nedela valjda ke me pustat da se dvizam ((, ti koja nedela si?
Јас сум 28ма, мене до 32 ми рекоа строго мирување. Сеа и да ме пуштат не можам да шетам цела сум укочена од лежење.
Мајки не знам дали моето е правилно или мислењето на мм. Влегов во 7ми и почнавме полека да купуваме. Тој упирно зборува дека е рано, а јас сум во паника дека нема да стасаме. Значи количката и релаксаторот се веќе монтирани. Треба да бојадисуваме детската соба, шкав да купиме, да монтираме, а тој упорно одолговлекува. 7ми октомври ми е терминот, а јас сакам средина на август да почнам со перење пеглање диплење, со оглед на тоа што работам, терам и школо испити и ќе немам енергија секој ден да пеглам. Мислете рано е? Да го слушам мм или да си тегам по мое?