Нашиве се ноемвриски бебиња, дали најде нешто за тој период? Зашто се е летно сега и не ми е сигурно за купување. И што бројче зема?
Има и на долги, купив на долги работи за 0-2 и 2ка и 4ка. И на куси зедов 4-6 Веќе на пролет ќе може здравје и на куси. А и дома ни е и зима претопло, добра е изолацијата на зградата. Ние сме на кратки цело лето. А на бебињата им е потопло од нас, бидејќи имаат кафеаво масно ткиво повеќе.
Напротив првите 6 недели немаат развиена терморегулација и губат топлина на телото 4 пати побрзо од нас
Јас почнав со купување во 5месец од бременоста. Полот го знаевме од 11 недела и од тогаш си правев список со сите потребни работи секако во консултација со најблиските другарки кои веќе имаат деца. Најпрво ја земавме количката бидејќи имаше попуст, па креветчето исто така на попуст и сфатив дека имам доволно време да си пратам и чекам попусти. И така сѐ буквално купив на попуст и многу заштедив. Исто така некои работи ги порачав од алиекспрес (ел. турпија, силиконска бубамара колектор, рачна пумпа..) бидејќи истите овде ги продаваат х10 поскапо. Некои работи добив совет да не ги купувам одма бидејќи не се знае дали бебо ќе ги сака па така релаксатор не купив, еве сега на 3м го добив од роднина и бебо не е нешто фан. Исто како да го немаме. Облека купив само 56 број за првиот период, 5-6 боди 4 хеланки и 10 шпихозни со и без стапала,чорапчиња и капче. На мекици добив само поголема облека 68-74 и поголеми. И облека е доволно толку.
Многу паметно и ја сум 5 земав по некое боди од најмалите и се мислам која бројка да земам од кај д знам колкаво ќе биде и шо бројка носат сакам де да изнакупам ама има време велам еднаш да се роди после се ќе му купам.
Мамички јас сум 25та недела, си купивме количка и креветче. и покрај сите негативни коментари од блиските дека е рано, не издржав, мм ме поддржа и заедно си одбравме.
Според мене баш си е таман времето Не слушај никој, прави како што ќе ти каже срцето. Подобро сега што си купила неголи кога ќе бидеш ептен голема и нема да ти е дојдено до ништо Честита и со здравје да си ја возите кога ќе дојде бебушка
Taman si e majka ke imas vreme da si razgledas za se i da si fatis popust, da si isperis i da se spremis. Ne se zamaraj koj sto zbori. Jas vo 20ta nedela kupiv kolicka posto bese na popust i sveki mi se javi mi rece nemoj poveke da si kupuvala pred vreme, koga ke se rodi jas se ke ti kupam. Jas samo grubo i viknav deka nemoze se da kupi, sredi i ispere dodeka sum vo bolnica i deka ke kupuvam sto sakam i kolku sakam so moi pari. Posle toa sekogas koga doagajase kaj mene na gosti pokutuvase koga ke gi videse site raboti vo sobata
Со среќа и здравје да си ги користиш. И јас си купив креветче и количка во 17та недела и покрај тоа што бабите превртуваа очи како е рано. Многу ме усреќи и облека му купувам и се што ќе ми фати мерак. Најбитно е да сме водени од позитивна мисла.
Сите се со исти ставови дефинитивно. фала ви многу и јас купив бодиња, бањарка и здравје уште ќе си купувам лека полека, да не ми дојде кнап на крај. Многу сум возбудена кога си бирам за бебе само дај Боже се да биде добро до крај.
Јас чекав скринингот и пренаталниот да искочат океј и да почнам да си купувам. Реално се може да се деси до крај ама мислам дека најкритичниот период го минавме. Башка со купувањето по нешто секој месец многу се олеснува финансискиот шок се одеднаш да купуваш во 9ти.
Точно! За две недели влегувам во 9ти, а веќе едвај движам. Стомакот мислам наеднаш ми порасна, одам до трговски и неможам да одам ме фаќа нервоза и само кукам на маж ми да си одиме. Ме влече, ме притиска ниско во стомак аман. Па така уште многу работи ми фалат за купување Алишта зедов, ми фалат уште некои долни боденца на кратки ракави, тетра пелени, шише, креветче, постелнина, памперс, козметика и за перење Значи се ми фали Списокот за во болница немате појма колкав ми е, веќе мора оваа недела озбилно да сватиме и да се спремиме. Ми пишале памперс по наш избор и платнени пелени 10 парчиња. На какви платнени се мисли, на тетра пелени или ? Стварно незнам...
Пелени памперс. Иста сум јас. Имам ситници за зимање, фиокар. А сила се помалце. Отечни нозе. Ама ајде, ситно се брои. Мм ќе монтира креветче после. Утре и задутре да испееам купот алишта за бебе. Па друго ќе може и сам ако отидам да раѓам.
Не не пишале памперс обичен по наш избор какви ќе си користиме и плус платнени пелени 10. Ќе препрашам дали мислат на тетра пелени или не. Јас мојот сега го пратив да го разгледа креветчето што го меркаме некое време и плус таму би требало да има шишенца и пумпа за молзење. Јас искрено овој ден без енергија сум, плус ме боли доле како јајници едвај се движам. Ама знам тоа е од промената на време, така ми делува.