Денес земав такви од Тритекс. Јас имам само 0-3, а за поголеми понатаму. Има време, ќе си излегуваме со бебе на шеткање и шопинг .
Која цена се ако не е тајна ? Ми фали од тие , тетра пелени , ќебе и не знам што друго. Шпикозни имам , бодиња имам , хулахопки имам . Изгубена сум целата во врска со алишта за бебе
@bokace1 Јас ги платив по 320 ден, но тие две моделчиња беа на попуст, намалени од 460 ден. А зошто не си купиш од Загреб? Во C&A има преубави и квалитетни облекички за бебе. Има и други продавници кои ги нема во МК, разгледај. Цените горе-долу се слични.
Зошто хулахопки? Две деца пораснав, хулахопка не ставив. На бебе нема потреба да му облекуваш. Ако е девојче, кога ќе порасне, со фустанчиња секако ќе и' облекуваш, ама на бебе не мора, навистина.
Што знам дека зимско бебе , да девојче е . Затоа кажав појма немам и изгубена сум со во тој поглед што треба од гардероба. Фала ти
Види, мали бебиња ако ги облекуваш премногу, може лесно да ги прегрееш, хулахопка и шпихозни да му ставиш, ќе се нервира и плаче. Не трпат бебињата многу слоеви, полесно им е да е поладно отколку да им е жешко. А кога ќе си порасне понатака, ќе облекуваш фустанчиња и секако хулахопки кога ќе е ладно.
Еве ја и купив хулахопчиња од h&m сега 0-6 бројче за есенва да имам за на фустанчиња мерак ми беше … сега на 2ипол месеци веќе имаме и фустанчиња убави за излегување
Ти симнувам капа ако ја облекуваш со хулахопки и фустанчиња. Ќе биде преслатка. Мене ми беше ептен непрактично да и облекувам фустанчиња, и се креваа нагоре. Си порасна во хеланчиња, боденца и шпихознички . Затоа, сега порасната, само фустанчиња признава во лето.
Јас сум утре влегувам во 29та недела и немам ништо купено. Во таков хаос сум, под кирија веќе 2 месеци зошто дома реновираме се од корен и како да нема крај, и не можам ништо да донесам дома за бебе додека не се среди и не биде чисто. Башка со мајстори кој си фатил работа знае како е, денес утре задутре времето си оди и се прави застој а работите мора да се тераат. Некои битни работи како количка, креветче, кадичка, гнездо, лулка, релаксатор ќе ми дадат другарките/роднините па ајде тоа малце мир ми дава Ама се друго треба да се купи, од облека, до пелени/влажни марамици, козметика, опрема и сл. Би била многу ама МНОГУ благодарна доколку некоја од вас може да ми пише во порака што се треба да се купи за бебе и за мене, дел од работите ми ги кажаа другарките ама да не испуштам нешто битно зашто секоја има нешто да дополни.
Мајки здраво Извинете ако постов не е за тука. Дали имате искуство со овие колички или општо дали некој има земено колички по косовскиве продавници.
Не се секирај јас до 35та имав само по некое боди купено. За почеток земи си од оние шпикозните најпрактични се исто и боди моето беше летно бебе па повеќето ми беа на кратки но имав земено и на долги и тренерчиња долни и така го облекував за по дома под клима. Исто така тетра пелени и од оние подлогите што не пропуштаат едно паковање ти е доста за почеток исто и памперс и влажни по едно е доста да видиш дали ќе му одговараат. Од цуцли имав земено на babylove не ми ги прифати па накнадно купив на бибс, шише имав земено 1 за секој случај исто на babylove се погоди излезе да немам млеко така да си продолживме со шишињата на babylove. Стерилизатор не купив немав потреба си ги вриев, имав купено по некое капче и ракавички, чорапчиња, по некое лигавче и ќебенца. Прашок и сјај на фрош. За пеленска регија користиме веледа а за капење 2 во 1 на babylove. За во болница не купив ништо дека на приватно. Тоа е тоа во глобала, друго не ми текнува во моментот ако треба нешто слободно пиши ми.
Девојки рано е уште за мене за купување, ама ја читам темава редовно и гледам да запазам се што треба. Што е најбитно што ми треба според вас за бебе? ( се разбира нр зборувам за количка креветче, кадичка и сл) Од облека ? И немам појма која величина да зимам . Дали советувате нешто плус што било практично за вас .Терминот во јуни ми е иначе.
Бодиња на кратки, еден куп ќерка ми се роди во јуни, цело лето мењавме само тоа, ако биде летото како минатото не ти треба ништо друго
Мој совет е почни си со купување. Мене во 20та недела скоро сѐ од облека ми беше купено, а почнав после 10та, кога потврдив со пренетален тест дека е се ок. За Јуни јас би земала само бодиња по кратки и прерамки. Тетра пелени, тенко памучно ќебенце, чорапчиња. Евентуално и некои хеланчиња. Земи си 56ки, околу 10 за почеток.
@Baby warrior @QweenSM А што би ми препорачале на пример од играчки оние црно бели книгички? или нешто што ви користело многу. Дали релаксаторот се користи одма ?
За почеток од тие книгичките што шушкаат и тропалки. Мада и овие ќе ти требат после месец-два. Релаксаторот многу зависи од бебето. Некои бебенца воопшто не го сакаат, некои уживаат. Мене ми беше многу корисна работа, бебо го обожаваше и кога беше во него успевав некоја обврска низ дома да фатам.
Да, сѐ од ова ти треба исто така. Сега зависи ако цица може нема да ти требаат шишиња, ама мој совет е да си купиш и да си имаш барем 2, дека не знаеш кога можат да ти затреба и треба да имаш секогаш спремно чисто. И формула си купив јас мало паковање уште пред да се породам. Види во темата ,,што ми е потребно за новороденче” . Имаат таму доста членки објавено што точно треба за првите денови.
Јас си купив едно малечко филипс авент шишенце бидејќи само тие се компатибилни за симултано доење и давање од шише ако сакаш да доиш нели. После докупив и поголемко како растеше за молзено млеко да имам убаво кога ќе искочам да и дадат да не зависи бебе само од тебе. За играчки шушкавите книгички, перниче за тами тајм, подлога, трипалки разни мекички, цуцињада имаш барем две, ама не мораш овие одма да ги имаш секако првиот месец се мн малечки не пратат многу многу после доаѓа хаосот после 3-4недели кога ќе се разбудат целосно исто електрична турпиичка за ноктиња ќе ти треба одма