дали тие рубичките што ќе ги купам за бебето за во болница што треба да се извади и така други рубички треба прво да ги исперам пред да му се облечат на бебето?
Па секако, барем јас ги перев, сите ги перат. Навистина, спакувани се, ама шубе ми е така да му ги облечам. Јас моите нови работи ги перам пред да ги облечам, што останува за бебето
Па можеш со Персил Сензитив (јас го користам сега), со бебенце е на сликата, или пак со некој течен детергент за осетливи алишта (користев розев Первол или црна Нила на почетокот). Само нема да ставаш многу, или пак ќе ги пуштиш на двојно плавење. Не мачи се да переш на раце, пушти ги на 30 или 40 степени, секако ќе ги пеглаш
да испери ги зашто иако се спакувани незнаеш каде претходно ги ставале , може стоеле прашина фаќале итн..
Јас си поЧнав со купување на облека за бебето '(девојЧе) и скоро се е розевко , купив доволно боди за поЧеток. хулахопЧиња , тренерЧиња ..... секако и многу работи ке добиеме поклон и не купуваме премногу пошто и многу брзо ке ги порасне Ептен се радуваме со сопругот
јас едвај чекам да дознамм какво ке биде и да почнам да купувам некои работи сакам се да ми биде спремно....
Мене веќе место не ме држи и едвај чекам да се вратам во Скопје, па да почнам со купување за принцезата. Сега ме интересира да добијам некој совет, со оглед на тоа дека би требало да биде есенско бебе, значи крај на септември почеток октомври, што ќе ми биде потребно за почеток???? Исто така би сакала да слушнам и предлози за места од каде да купувам???
Значи вака септември знае да биде ладен, а и онака ќе биде се поладно, па затоа сите боди да си ги купиш со долги ракави. За првите три месеци ќе ти требаат 5-6 боди, исто толку бенкици со долги ракави, ѕивриња или хулахопчиња и чорапчиња исто така 5-6. И 3-4 од оние плишаните калчунчиња. За горе за почеток ако е потопло може да му облекуваш памучни комплети или шпикозни, а за в зимо ќе ти требаат плишани. Убаво е и да имаш некое памучно или пличшано елече, не знам дали седиш во зграда или стан и дали е топло во сите соби. Ако му ставаш широк повој доволни ти се 4-5 шведски пелени и едно паковање тетра пелени. Тие се наоѓаат и понатаму, за покривање во лето, или под главчето да му ја ставиш, или кога го расповиваш. За покривање убави се оние плишаните пелени, а и една потанка памучна да си купиш. Би те советувала работите да ги купиш бр. 64, па дури и 72, затоа што 56 бр. одма го одрастуваат, а постои и можност да се соберат во машината за перење или за сушење. Јас имам машина за сушење и си поминав со по 3-4 работи од се горе наведеното, затоа што переш работи од бебето на секои 3-4 дена и во сушачот за два саати се суви иако е зимо. Капчиња бебешки доволни ти се две-три, јас многу малку му клавав, оти кога се роди ќерката беше фебруар и беше ладно, а оние како баретки ич не ми се практични. Сега за сега тоа ми текнува, ако се сетам уште нешто пак ќе пишам, се надевам ти помогнав и дека и другите мајки ќе ти дадат сличен совет.
Ти благодарам. Само да допрашам, кое бројче да зимам од оние што се 1,2,3 такви бројчиња??? Широк повој не планирам да ставам, само се мислам за шведски пелени, чисто да не ми пропушта пелената. Дали под бодито се става нешто или пак директно боди се облекува, а над него некое комплетче???
Со броевите 1,2,3 не сум имала искуство, сепак не земај најмало, освен може тоа што е за од болница, да не изгледа бебето како преправено. За шведски пелени ако не ставаш широк повој не купувај, оти не помагаат бебето да не прокиснува, евентуално го држат во половината поцврсто, па така е полесно за држење бебето. Инаку бебињата прокиснуваат кога ќе потпораснат, а тогаш не ти требаат шведски, иако сега навечер педијатрите препорачуваат да не се преповиваат бебињата за да не се разладуваат и полесно се навикнуваат да ја преспијат ноќта, па дури и кога се покакани, барем така мене ми рекоа. За ќерката (5 месеци) не ставав широк повој, а за машкото (5 год.) како тебе немав поим шо да купам и купив се што ми рекоа продавачките, и така имам 7-8 шведски скоро нови, оти и на синот не му ставав долго широк повој. А за редоследот на облекување оди вака бенкиче, па боди, чорапчиња, хулахопки или ѕивриња, па горниот комплет. Ако е топло може и без бенкиче. Гледај бодите да не ти се везени, оти тоа везеното може да го боцка бебето. А да купи си и една до две крпи фротирски за капење.
meU...ти само врати се во скопје,убаво списоче ќе направиме и патот под нозе во шопинг.......за мојата мала цуцаааа ....но дефинитивно ќе ти треба боди (повеќе), чорапи, ракавички обавезно, капчиња, мали ниски перничиња (баш она бебешко).....кебенце....итд. плус...сите оние додатоци, пумпици за млеко,цедалки, пумпици за мрсули, термоси итд итд.....
gerdanche дефинитивно ми помогна со конечната одлука околу шведските. Конечно нема да зимам. За држење не ми е проблем, така да ич не ни купувам штом не штитат од протекување. Исто така ти благодарам за деталниот распоред за облекување, навистина срамота ама што да правам , кога не знам барем да си прашам Сноу список полека правам , само нешто додавам Сакам полека да си купувам, не се наеднаш, затоа и планирам по со време да си почнам Се мислам во Стружанка да појдам да видам што имаат, може не им се некои модерни , но барем знам дека се квалитетни, да не му ја мислам дали и колку ќе се соберат
^нормално...не се наеднаш, а и полека не се залетувај одма овде/онде....полека ќе си разгледаш,ќе се распрашаш. Има и продавници каде има и модерно и квалитетно а евтино....се ќе најдеш верувај
За малото може да купуваш во Анжи, во Стружанка, во Bebetto на Бит Пазар. Горе долу сè што ти наброја gerdanche ти треба, ама немој да го облекуваш бебето со бенкиче, па со боди - претопло ќе му биде! Редоследот оди вака - еднократна пелена (по твој избор), над неа широк повој ако ставаш (јас ставав) од една тетра и една шведска пелена, после боди, па шпилхозни ти е најпрактично додека бебето е мало. Чорапчиња се подразбираат, а капче - зависи од бебето - син ми не сакаше, му ставав само после бањање, по саат-два сам си ја вадеше. За првите месеци најпрактични ќе ти се боди-бенкичиња, еве вакви да не мора преку глава да му ги облекуваш. Можеш и бенкичиња да земеш, ама тие покриваат само до половина, и претежно се мали броеви, не се исплати. Исто и шпилхозните да ти бидат вакви, само со ногавици, а ако имаш комплетчиња, најдобро горниот дел да биде со врзување или копчање, за, како што реков, да не мора преку глава да му ги облекуваш, оти мало е сепак. Величините мислам дека одеа од 56 нагоре, 56 никако не земај, веднаш ќе му се смалат, земај поголеми, ќе ти објаснат тетките убаво. Перниче никакво не ти треба, бебињата треба да спијат на рамна подлога, единствено можеш некое тенко чаршавче или пеленка да му ставиш под главчето. Може да ти треба плик пелена за изнесување од болница, ама се наоѓа и за покривање и завиткување на бебето кога спие или кога го носиш некаде. Ракавички за да не се гребе од ноктињата, оти колку брзо растат, чудо едно, додека му ги исечеш, веќе пораснале Хулахопки може за зимата ќе ти требаат, односно кога ќе биде поладно, сега нема потреба. Од облека тоа ми текна, а што се однесува до она што го наброја Сноу - ако земаш пумпица за измолзување, почекај, немој одма, види дали воопшто ќе ти треба, пумпица за мрсолчиња не е практична, подобро е аспиратор, поефикасен е, термос - ако го доиш, нема да ти треба. За тие работи не брзај, ќе видиш, ќе си докупите ако нешто треба.
Лелел Аnnanth овие се многу убавки, ги има викаш во продавниците што ми ги кажа??? Дефинитинво не зимаме бенкици, туку директно вакви, ептен практични ми изгледаат. За шпихозни некако не сакам целосни, да немаат и за ноџињата дел, туку да се пресечени , па на ноџињата да ставам + чорапчиња. Инаку за плико за изнесување од болница веќе имам. Случајно најдов едно преубаво, розево ,кое останало ново , неискористено(уште етикетата му стои) од мене, па ни се погоди бојата Ептен му се радувам и мислам дека многу ќе ни се најде. Пумпица исто имам веќе, за секој случај, рачна е. Перниче знам дека не се става, не планирам да зимам, барем не засега. А за термоси тоа не ни знам зошто и како се употребува, дај Боже и да не дознаам, зошто многу сакам да си бидеме на доење
Сигурно ќе најдеш, јас преубави си купив, во најразлични бои од една продавничка во Бисер, исто држи македонски производи, ама не го паметам името, инаку ќе ти кажев. Ама има голем избор и во Стружанка, Анжи, Бебетто исто - само во ова последново се нешто поскапички, и претежно се турска роба. Ама поарно турска, отколку кинеска. За шпилхозните, те разбрав какви сакаш, ама верувај, на малото може да му биде ладно, сепак септември знае да залади, има време за такви како шорцеви, имај си ти и целосни, со стапалца
На шпихозни мислев како овие розевите што се, да немаат стапалца доле. Зошто некако тргнувам од себе, никогаш не сум можела да ги стоплам нозете на начин сличен како овој, па сметам дека само чорапчиња многу повеќе би топлеле. Но, да во право си , ќе земам за секој случај и пар со стапалца
Меu ако сакаш за да не ти пропушта пелената имаш и од оние најлон гакички што се јас имам такви ама големки се ке треба да купам помали, само гледај да не се многу крути ..