Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога да се почне со купување работи за бебето

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 23 декември 2010.

  1. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Значи сум 4ти месец а имам страшна желба за купување маката е што овие месеци касни и плата и се и никако не останува на страна нешто иначе ќе се удрам во шопинг по малку по малку кај и да е веќе штом тргнам нешто на страна за недела -две . Каде и да влезам само гледам што има за бебиња во бисер и околу сите излози ги изнагледав мислам веќе на памет ги знам . Списокот ми е поприлично голем и ќе ме кошта околу 30 000 денари се за почеток тоа е без креветче (зашто имам )и количка . Од друга страна во списокот ја ставив бебе слинг марамата да не има некој искуство со неа , работата е што јас живеам на 4 ти кат без лифт па носење дете и количка едновремено ако сум без сопругот ке биде mission impossible па планирам да земам од тие количките што се летни дури кај јуни 22013 кога моето дете би имало околу 6-7 месеци ;)
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Јас многу се мислев за марамава, но некако ми се чини дека ќе остане не искористена. Сепак нема многу да имаме можност за шетање, поради тоа што ќе не фати зима, а марамава ми се гледа совршена за шетање надвор, па така се откажав од неа.
    А што викаш околу 30 000ден ствари за почетокот??? Некако многу ми се гледа???
    Јас имам испланирано да земам само основни работи кои би ни стасале за недела, значи да имам фора и да ми се исушат перените. Не планирам многу да купувуам, зошто едно што брзо ќе ги надрасне, а друго што верувам дека повеќето и ќе ги добијам кога ќе доаѓаат луѓе на повојница , мекици.
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Многу ти се тие пари, лека полека, немој одма да купуваш сè и сешто, нешто можеби нема ни да ти треба. Што се однесува до слинг марамата, што знам, немам, не ни сакав да ја купам, ама можеби тебе ќе ти се најде и за по дома, не е само за шетање практична.
    Ај да најдам список на работи што ќе ти требаат, некаде запишував, па ќе го напишам и тука... и за тебе и за другите ќе послужи :)

    Еве, најдов нешто по нет, малку го модифицирав..
    - боди бенкици со долги и со кратки ракави, зависи од годишното време, за лето потенки, за зима подебелки (5-6 пара, слика имам ставено на претходните страни - најпрактични се)
    - ѕивриња или хулахопчиња- јас не купив, немав потреба, ако некој смета дека ќе му требаат, може
    - baby капчиња – тенки и памучни по можност
    - 3-4 пара ракавички
    - шпилхозни памучни или плишани, зависно од годишното време
    - 10-тина пара чорапчиња
    - 2 постелнини комплет (+jорган, бебешко перниче) + 2-3 навлаки за перници
    - непропустлив чаршав со гума (за кревет) - не мора да значи дека ќе ви треба, гума не препорачувам на кревет, оти ако поти бебето, може да настине
    -непропустлив пешкир (за пресоблекување) - вакво имав, секаде со мене го влечкав, и уште го користам понекогаш
    -тетра и шведски пелени ако користите широк повој, ама тетра пелените и без тоа може да ви користат, еве јас уште ги користам, го покривам малиот при денско спиење во лето
    - големи и мали пешкири, некои можеби и бањарка ќе ви речат, ама не е практична за мало бебе
    - пижамки - не мора за почеток, син ми првите три месеци спиеше навечер облечен исто како преку ден, со тоа што од вечер после бањање го облекував, а после почнав да го облекувам во пижами
    - комплет за изнесување од болница
    - лигавчиња - ако ми верувате - едно не искористив, а имам еден куп
    - кебенце-плик, подебелко и потенка прекривка
    - надчорапчиња - овие во зима ви вршат работа, во лето нема потреба
    - топлинки - за поголемо и поактивно бебе, во зима
    - вреќа за спиење - има и летни и зимски, со ракави и без, ќе си земете каква ви одговара. Ако сакате детето да спие во ваква вреќа - навикнувајте го уште од мало!
    - грицкалка за нокти - задолжително
    - аспиратор за носе - исто и ова е задолжително
    -термометар за собна темп, за во вода, и топломер - само топломер би рекла, другото не ви треба
    - чај за грчеви - ако има потреба
    - обични стапчиња и стапчиња со заштита за уши
    - за папоче- дермогал, гази, 70% алкохол
    - бебешка козметика (купка, шампон, витамински крем, јекодерм, масло за тело) - за бањање најдобро оние средства што се 2 во 1, и не мора да е којзнае колку скапа козметиката
    - цуцла лажалка, шишенце за вода чај, силиконско/гумено лажиче - не брзајте со цуцли и шишиња - тоа само ако има потреба, кога ќе се роди бебето ќе видите дали ви требаат
    - четка за коса
    - торба за пелени
    - термос - ако бебето цица, не ви треба, ако пие АД млеко е неизбежен
    - када за бањање - има и анатомски, со подлога, да не ви се лизга бебето, ама што е до мене, може и обична од пластичарската улица
    - Пливит Д3 или Вигантол капки

    Ако имате некој близок што скоро имал мало бебе - многу значи ако ви дадат дел од алиштата што веќе ги надраснале, за мало бебе е добредојдено. Знам дека сакате сè да биде ново и чисто, ама и онака тие алиштенца не се носат долго време, се перат во машина, и вашето бебе нема долго да ги носи, ама како што реков - ќе ви се најдат :)
    Ако некоја мамичка смета дека нешто сум заборавила, слободно нека додаде! :)

    ЕДИТ: Уште ова

    MeU, имај предвид дека луѓето обично носат прилично поголемки алишта... ти купи си колку што мислиш дека ќе ти треба, па ќе видиш после :)
     
    На Unique.chick, gerdanche и meU им се допаѓа ова.
  4. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Annath мојот список изгледа исто со плус транспортер за новородено место плико за изнесување
    душек за креветчето
    1 термофорче
    2 шишиња со цуцли за чај , вода (зашто се надевам дека ќе дојам )
    една онакво за обвивање на креветчето навлаки мислам се викаат 1 комплетче
    1 пумпица за гради за мене ја гледав во зегин на нуби 1700 некаде мислам , зашто таа чико јас и ја упив на братучетками и ништо не испадна жената мораше да си купи нова
    1 релаксатор и марамата
    1 скафандерче за после 40 от ден иако е зима некаде пол саат надвор не би било штета

    е сеа мислам дека душечето влече најмногу на списокот устварии затоа стигам до таа бројка
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Зависи од креветчето. Ако имаш дрвено, душече и странични навлаки ќе ти земат најмногу пари. Ако имаш монтажно, душече ќе ти треба после 6 месеци, а странични навлаки не ти се потребни.
    Јас не ги сметав транспортерот, количката, релаксаторот - тие подоцна ќе ги купувате (освен транспортерот, кој не знам ни дали ќе ви врши работа, јас немав, не ми ни требаше).
    Скафандерче ако сакате, макар што во транспортер малото нема да ви го собира така облечено.
     
    На gerdanche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Ахам за дрвено креветче зборуваме ,па за транспортер мислам дека ќе ни треба не толку за носење колку за во кола зашто јас возам и често се случува да бидам сама во возило не можам постојано да влечкам некој да го држи детето особено ако маж ми тргне тоа време на работа ќе треба така се да одложувам заради него ... а за релаксаторот тој може ќе остане последен за купување а може и ке го позајмам зашто сите комшии што се кај мене со мали деца беа како зависни од релаксаторот и сите имаат па ваљда 1 ќе се најде фин да го позајми ако има потреба така да него може да ги исфрлам од списокот :)
     
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    На нас ни се што ни носеа поклони се големи бројчиња :?: така да :|
    Ние кога купувавме за бебето алиштенца купивме само еден пар комплетче бр 50 за идење дома . а другите ни беа од 2 до 4 месеца 62 бр.
    За пупмица за измолзување мм ми купи од AVENT рачна и доста добра .
    Транспортер е многу корисен ( барем за нас )
    Релаксатор не купивме а требаше сега ми е некако касно :sweat:
    А за марама за носење на детето ( не сум баш сигурна по сигурни ми се кенгурите )
    бабицата убаво ни објасни детето е како целото свиткано и не предомисли , мода од Африка :D
    Па така за шетање си имаме количка и скафандер за зимата :)
     
    На pepus му/ѝ се допаѓа ова.
  8. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Другарка ми земаа за бебушката душече од Симпо, мислам дека ми кажа оти го платиле 1300ден и е задоволна. Јас имам креветче само ќе купиме душече.
    Од овие работи количка не зимаме засега, здравје после 3-4месец, додека релаксатор сакам да имам од почеток.
     
  9. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    meu јас тие најлон гакичките ги земав од зегин.. земав неколку најмали а другите се поголемки,
    инаку Annath да си жива и здрава женичке незнам ние што би правеле без тебе се до детал имаше напишано што треба да се купи , фала ти многу ме потсети на многууу работи што ги заборавив :) :) :)
     
    На pepus и meU им се допаѓа ова.
  10. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Гакичкиве од најлон ги употребувате над обична пелена така ако не ставате памперс или нешто сум грешка јас ?
     
  11. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    кој како си сака, другарками навечер на синчето му ставаше најлон гакички да не пропушта памперсот, а јас ги купив бидејќи ке ставам пелени зависи кој како си сака..
     
  12. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.391
    јас би сакала да ја прашам Annath ,непропустлив пешкир (за пресоблекување) бидејќи прочитав дека имаш каде би можела да најдам. ???
    и за оние анатомските кадички што се до колку месеци ги користите бидејќи ми изгледаат некако малецки и незнам до кога би можела да ги користам ?
     
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    нашето кадиче е исто вакво [​IMG] плус со овој дел [​IMG]
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Анатомските кадички се прилично малечки, затоа обичните кадички се попрактични, ние зедовме обична, најобична кадичка, и уште ја користиме, иако во должина му е мала на син ми. Меѓутоа, анатомските ви овозможуваат подобро држење на бебето при бањање, па може да бидат добри од таа гледна точка, посебно ако немате помош со малото. Мене во болница ми покажаа како да го бањам, а после и мајка ми ми помагаше. Ако ви покажат како правилно да го држите бебето, мислам дека и обичната кадичка ќе ви заврши работа.

    Непропусливиот пешкир го купив во една продавничка во Бисер, немам поим како се викаше, таму имаше облека за бебиња, ама и нешто за возрасни од типот на пешкири, пижами и слично. Не е некоја голема продавничка, ама држат македонски производи.
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Јас планирам да купувам се во последен момент од причина што золва ми веќе има две деца и реце се ќе ни даде, од креветчиња, алишта, беби фон, играчки седишта за во кола итн. После ќе видам што ни фали па ќе докупам. Иначе ич не се замарам со тоа дека морало на бебето ново да му се купува и така бодито и пижамите се износуваат за неколку недели. ;)
     
    На Bozica1980, Annath и gerdanche им се допаѓа ова.
  16. gerdanche

    gerdanche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    37
    Сесилиа, според мене правилно размислуваш да не избрзуваш со купувањето, посебно со поскапите работи, како релаксатор, транспортер, количка..., бидејќи не знаеш дали бебето ќе сака да ги користи, а и истите се користат малку па остануваат нови и можеш да се позајмиш. Јас за првото бебе немаше од кај да земам и се си купив, посебно за алишта мислам. Е сега за второво иако е женско, а првото машко, освен комплетот за од болница, и подоцна едно комплетче за кога одевме по контроли ништо немам купено. Па почнаа и нешто поклони да и носат и така ќе си поминиме. А за времето кога да се почне, мислам најубаво е 7-8 месец, оти во деветти шетањето знае да биде напорно, а и во тој месец убаво е повеќе да одмараш, да собериш сила за отпосле :lol: , а и да си ги средиш работите за бебето, за тебе што ти требаат, да си отидеш на фризер, на козметичар, а и во деветти месец позачестени се контролите на гинеколог. Па така дотогаш купувањето треба горе долу да е завршено. А и не се знае дали цел деветти ќе го износите бебето. Јас на пр. првото го износив до крај, ама со второво се породив во на почетокот од 37 недела, па така среќа се претходно што си имав средено. :)
     
  17. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Тие пешкири се викаат „моч пелени“ и ги има на повеќе места. Можеш да ги најдеш и на пазар. И јас мојата ја купив во Бисер, во една од продавниците со мак. текстил и чинеше околу 150-200 ден. Искрено многу е практична, затоа што не знам само колку пати бебето ми се има измочкано/какано додека го пресоблекувам.
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  18. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Вакви пешкири има и во Џамбо во различни димензии. Многу се практични!
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Од пешкирите има и во Базаро 160ден
     
    На Unique.chick му/ѝ се допаѓа ова.
  20. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    MacenceEna 50 бр и беше точно на цуцето твое?А кога и се смали? Да знам дали само 1 до 2 работички малецкав бр да земам а др 62ки. Или и 56ки? Е сега и сама малкуцка си се збунив :o :lol: