Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога да се почне со купување работи за бебето

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 23 декември 2010.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Јас само едни пижамчиња што земав 54ка, другото се беше за 3 месеца, 6 и сл. Веќе има месец и пол и дел од тие за 3 месеци и се веќе мали. Затоа ти препорачувам да земеш малку поголемки, ем ќе бидат покомотни ем ќе си ги носи подолго. Навистина брзо растат
     
  2. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Јас купував само поголемки работи, имав само едно боди 54, а се друго беше поголемко. Почнав да купувам од кај 7 месец, ама постелинче и сл. работи, а облека покасно.
    Додуша не купував многу за бебето, се договорив со сите блиски да ми купат работи за повојница и да ми ги дадат пред да се породам, затоа што бебињата ептен брзо растат и може многу ставри да ми утнат и да бидат неискористени.
     
  3. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    Тие 50 и 56 многу брзо ги порасна , ако купуваш купи едно до две , пошто ке ги омале брзо
    И 62 да си купиш еве ние уште пантолончиња , тренерчиња и маички си носиме само бодињата ни омалеа :D :D :D па си купивме 68 сега .
    Од почетокот 62 големки ке и бидат ,ама верувај многу брзо ке и бидат точни :)

    едит: Ако купуваш врекичка за спиење , купи си исто 62/68 таман да и е за подолго време .. Ние и купивме ем скапа ем мала 56-62 и веке не ја собира нема доволно простор за ноџињата хехехе Имавме добиено врекичка на подарок 70 и кога ја ставив да спие во неа ми беше страв да не се изгуби во неа од што беше мало бебулето . Сега супер и е си спие во неа веќе ;)
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Баш гледав и врекички за спиење ама си почекав да видам што совет за големината ќе си добијам :lol:
    Буцево наше ќе биде есенско бепче па се мислев околу врекички за спиење, јорганче,како што за покривање ...ах слатки маки се ова средувањава:whew:
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    Врекичка ти е најајубаво ем детето спастрено , стоплено ем не ја мислиш
    дали ке се открива , па со јорганчето да не се прекрие преку глава и ред ред работи :|
    со врекичката таман ке си е
    и нашето бебе се роди во март ама ладничко овде беше тој период и и облекував хулахопчиња , боди , првиот дел од врекичката како пижамка и на крај врекичката
    еве ја нашата врекичка од ALVI [​IMG]
     
  6. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    156
    Ја гледам вреќичкава имам слична само без ракавите па планирам да ја користам таа без ракави а да облакам пижама иначе вреќичката е од мене ие стара 26 год жива здрава не е ни излитена а ја чувам дома кај моите н ее по подруми тавани исл едвај чекам да го пикнам во неа :D
     
  7. Mother86

    Mother86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    11
    Во првата бременост почнав крајот на 7 месец, а сега со втората почнуваме веќе сега (во 8 месец)!
     
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Во Mother care има многу убави врекички кои се со рачиња и ноџиња (како шпилхозни).Јас и за син ми ги користев и сум презадоволна,а и зимото ги користев и за ќеркичката. Не се премногу дебели ,но затоа топлат премногу,а и бебето /детето е слободно да прета колку сака. Сега би требало да има и попусти и да бидат пристојна цена.
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.515
    Допаѓања:
    106.014
    Пол:
    Женски
    Во врска со вреќичките , и јас сакав лани да купам за ќерка ми , но педијатарот ми рече никако бидејки крвта ке неможе нормално да циркулира :?: сега каква врска има ова незнам..
     
  10. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    На почетокот ми беше некој неоснован страв и истовремено возбуда од непознатот, а и од толкава среќа никако да процесирам што ни се случува. Е кога мешко стана голем, накај 7ми месец, полека се осмелив да купам некои работи, кои веќе сега убаво се намножија :lol: и го чекаат бебуш да си ги проба. Инаку тука кога доаѓаат да честитаат, носат големки бр од 74 нагоре,па затоа 2 50ки др 56ки и 62ки ги купивме сами со мм.Количката и транспортерот ги оставивме за на крај, баба и дедо сакале да го почестат бебуш :) .
     
  11. beautiful.butterfly

    beautiful.butterfly Активен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Мили феминки ми треба ваша помош

    Сестра ми доби бебенце и сакам да му купам нешто на бебушкото ама не сум во можност да трошам многу пари овој месец па затоа ве замолувам ако може да ми кажете дали знаете некои продавници за бебешка облека во Охрид ама производите да не се многу скапи :$
     
  12. w.o.m.a.n

    w.o.m.a.n Активен член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    :inlove: За мојот бебуш почнавме кон крајот на 7 месец.
     
  13. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Не знаев каде да прашам, а ова е една работа која сите мајки ја имаме за нашето бебе-торба за пелени. Јас имав една на Junior's ама почна одвнатре да се распаѓа поставата и почна да ме нервира. Додека бев во потрага по нова, добив на подарок. Еве ваква:

    [​IMG]

    Целата е мекана и многу собира во неа. Многу е вака слатка, можеби ми фалат малку повеќе скриени прегради како кај старата. Искрено мислам дека оваа не е многу скапа торба а ако е навистина така би си купила уште една да имам две исти за кога одам некаде со повеќе работи за подолго или слично. ЗНаете каде ги има? И колку се? Видов вчера низ парк со слични торби вакви мајки, со различни бои, на розе, на портокалово, видов и со иста ваква.
     
  14. simonice

    simonice Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    99
    во пазарот има еден затворен дел,нзнам како се вика,ама како пазар под суво што е..... :lol:
    има супер работи,а не се скапи како по бутиците
    мислам ке ме сватиш за каде ти викам
     
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Јас имам иста ваква ја купив 600 денари во продавницата до Стружанка во Кисела вода, ама тоа пролетта беше, сега не знам дали има.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Труднички муабети

    леле леле како што ве читам и мене ме фати породилна еуфорија :lol: аууу колку брзо ќе поминат овие недели, спремање за бебето,новогодишна еуфорија,јануарски празници :party: едвај чекам да си ја гушнам ќеркичката :hug: ломбарди добро е што докторот се сложил со тебе за царскиот рез :) ете сега можеш да бидеш поспокојна :) читам сте ги спомнувале кафињата,мене искрено не ми пречи никое кафе ниту па ми ги забранил докторот ,само што внимавам најмногу по две на ден да пијам ама обично само едно пијам. сакав за газираните сокови да напоменам дека се само многу шеќер и вештачка боја,така да не ги практикувајте многу,подобро пијте газирана вода за притисокот

    од 6 месец си купувам за бебето полека, со мерак :) ама и до ден денес не сум докупила се :) многу ми помогнаа советите на форумов,морам да признаам. сега останува уште да докупам некои работи и да ги исперам и испеглам. сакав да ве прашам за специјалните комплети за изнесување од породилиште,што мислите вие? гледав многу убави комплети ама и многу се скапи а само 1 или 2 пати ќе и го облечам. што мислите вие?
     
  17. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    Труднички муабети

    јас со купувањето многу каснам :tmi: дури пред некоа ден почнав интензивно да купувам бебешки алиштенца, денес купив дури и цуцли и шишенца :$ а креветче од понеделник натаму, имаме одбрано само треба да го земиме. и да бидам искрена како изгубена сум незнам ни што ни колку ке ми треба за бебето во врска со алиштата, ни во што ке го собере сите алиштенца ми изгледаат премногу мали, и мислам дека се ко за кукла а не за бебе :D може само мене така ми изгледа :lol:
     
  18. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Труднички муабети

    Јас за почеток најмалите работи кои се потребни само за 2,3 пати од облекување, некои, имам земено од сајтот на мојагардероба.мк, половно продаваат и сум многу задоволна, нови,исперени,испеглани и употребени само 1 или 2 пати, нема потреба да се даваат дупло поскапи пари , јас ете за 200 ден.имам земено 7 бенкици, 5 тетра пелени, 5 пара чорапчиња, 6 капички зимски и обични и 2 пара шпихозни, мислам дека смешна е цената по која ги продават тие работи за бебенца, а ќе ги употребиш 2,3 пати и гледам постојано ако има нешто кое ми се допаѓа да земам пак, се исплаќа 100% и не ми е воопшто битно дали ќе биде ново или не, секако дека ќе го израсне детето многу брзо и за толку кратко време да се лупнат толку пари не е баш лесно, а не е 1 или 2 работи, има уште 100 други ситници кои се потребни за бебето :!:
     
  19. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    Труднички муабети

    Можеби не си многу финанскиски добра но мене ова воопшто не ми се допаѓа :( не би требало уште првиот пат да го облекуваш во гардероба што кој знае кој ја носел не прави така колку имаш толку купиму секако ке му надонесаат многу но не би требало да му купуваш носена гардероба немој да се навредиш тоа е само мое мислење
     
  20. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.985
    Труднички муабети

    А што ќе му фали во носена гардероба да го облечам, ако ја исперам и испеглам? Па бебенце ја носело претходно, што има тука толку страшно? А не сум ни прва ни последна која купува половни работи и до сега не сум слушнала на некоја мајка да и фалело нешто од тоа |( Не е работата дали сум финансиски добра или не, си имам свој став кој мислам дека многу идни или веќе сегашни мајки би го практикувале тоа, не знам дали си мајка ти , ама ако не си, здравје ќе видиш и ти дека не е се така еднставно како што изгледа,еден мал милион рабти се потребни за едно дете. Така да ниту се сложувам со тебе ниту пак можам да се навредам, едоставно нема потреба, секој си има свој став и свое мислење за се во животот ;)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.