1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога да се почне со купување работи за бебето

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 23 декември 2010.

  1. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    559
    секој си има право на избор, јас секогаш велев камо да имав некој да ми даде бебшки работи за да не морам да купувам, навистина требаат многу работи за едно толку мало човече :) инаку ние речиси си купивме се, една феминка ми пиша отприлика што е потребно за зимско бебнце и го следев нејзиниот список па уште душече и некои ситници ни фалат ;) искрено јас гледав да купам колку што е можно поефтини работи, не сакав за џабе да трошам пари за нешто што ке го користам малку време. Ако гледаш по продавниците има и скапи и евтини бебшки алишта, а нема некоја голема разлика во квалитетот :?:
     
  2. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Што се однесува до облеката за бебето навистина е неблагодарно што некои продавници навистина ептен многу ги имаат надувано цените :worried: секој сака да купи убави работи за своето бебе. разбирам дека треба и да заработат ама ја претеруваат бре! и јас гледав да купувам повеќе ефтини работи,секако ќе и ги облечам само неколку пати и немора да се којзнае колку квалитетни за да и траат со години :lol: а купив и нешто поубавко,онака колку да си го направам ќефот :lol: Ова со алиштенцата од други дечиња,мој совет е да се испеглаат од внатрешната страна,онаа што доаѓа во контакт со бебето и при перењето да се исперат на максимално дозволената температура. а и јас немам купено ништо за мене, од кај да почнам? има некој идеја? :wasntme:
     
  3. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Труднички муабети

    Идни мамички :) ве чека најубавиот период во животот,и многу е јасно дека секоја мајка сака да го облече своето бебенце во најубавите и најквалитетните работи :inlove: но колку можеме да си дозволиме тоа е друго, јас искрено гледав да си поминам поевтино а се што земав дали успеав да и облечам на керкичката по 2 пати,затоа и многу скапи работи да земете еднаш двапати ке му ги облечете ,и исто мислев дека се ке купам во ново да си ја облекувам,ама току брзо растат тоа е чудо ,значи до 40 дена и купував по некое боденце ,тетра пелени,пижамчиња,чорапи, и шпикозните најпотребни ни беа, е после тоа да е жива братучетка ми ми донесе полни вреки алишта ,испери,испеглај и нека носат, :) поздрав и со најлесно на сите што ви се ближи терминот
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.054
    Труднички муабети

    roza102 веќе имам пишувано низ темите , посебно во онаа за “што е потребно за новороденче“ , што ќе ти треба, а и од каде јас имам купено. Во магацините на Бит пазар имаш многу голем избор, а и ефтинко е. Јас земав комплетче за 550ден, а го облековме неколку пати само, но сепак не е скапо, а многу добар квалитет е.

    kalias многу паметно си направила, верувај. Мислам дека најпромашена инвестиција е да се вложува во бебешка гардероба. Јас имав огромна среќа, другарка многу ми се најде и ми позајми гардероба за малата, верувај од таа гардероба добри 50% не ја облековме ниту еднаш, а еве ја спремив за да и ја вратам.
    Ми даде идеа и јас да разгледам да видам што има на сајтов :)


    Мешенца во темата за потребни работи за новороденче имате многу совети и искуства, точно ви е напишано што ќе ви треба. Но, :!: да знаете дека не се се искористува. Ете јас бенкица ниту еднаш не ставив, постојано е во шпихозни, боди на долги сега и толку...
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  5. roza102

    roza102 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    83
    Труднички муабети

    ќе отидеме и таму :) и така треба да докупам нешто
     
  6. snowwhite123

    snowwhite123 Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Купување работи за бебето

    Модератор
    Кога почнавте да купувате работи за бебето кое го очекувате? Кои беа првите работи кои ги купивте? Дали започнавте од облека или креветче и количка?
    Како реагираа ваште блиски на купувањето - дали сметаа дека е во ред, или ве „искараа“ дека не се купува пред време?

    Отворам нова тема затоа што во Труднички муабети многу пати се разговарало за ова, па претпоставувам дека корисно би било да стои одделно


    здраво на сите, јас сум нова на форумов, моментално сум 8ми месец и сакав да ве прашам дали да купам шишиња цуцли и други работи или да почекам до породувањето, зошто незнам дали ке ми требаат одма :)
     
  7. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Труднички муабети

    Добредојде и со лесно нека ти е! Ти посакувам убава дружба на фемина :f: За секој случај можеш да си земеш барем едно шише и цуцла па ќе видиш понатака ќе докупуваш ако има потреба,да го имаш за секој случај дома нема да ти биде на одмет,сигурно ке го искористиш понатака.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    391
    Труднички муабети

    Јас пред два дена си купив некои малецки ствари за буцка моја, од пусти мерак. И дома ме искараа дека било многу рано и не чинело. Јас ама ИЧ не верувам во такви глупости и си купувам скришум, а за перење се договорив со старосватицата и сестра ми :lol:
     
    На SimonaTino и Forko им се допаѓа ова.
  9. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Труднички муабети

    и мене ме караат дека било рано а зашто не знам :?: :lol: па нели треба сега каде и да е да се купат креветче,количка,релаксатор...зашто да не смеам и алишта? :) башка може има уште не цели три месеци амаама мене од пусти страв ми се чини дека утре ќе да е :) па јас се да си спремам на време ;)
     
  10. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Труднички муабети

    и јас како тебе мене не ми е рано. Ете креветче си набавивме, сега гледаме од кој што можеме да искомбинираме и веќе март правам список се што ми треба и се фрлам во акција шопинг. инаку количка веќе си видов не е ни чудно да го натерам мм да ја земеме од понеделник оти и цената ми се виде ок а ми е да не се потрошат :lol:
     
  11. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    201
    Труднички муабети

    е лејдис и јас да ви се пофалам купив скоро се. Креветче, количка, транспортер, флашички, дудиња, боди, козметика и ми остана уште нешто да докупам, а зашто не чинело да се купува пред време??? според мене тоа се само старински глупости ако ги слушаме нив ајдеееее... ти како и да е дали сега дали при крај на 8-ми пак мора да купиш...тоа е мое мислење па сега кој како си сака :) :) :) јас со мерак се си купив по кејф. поздрав
     
    На macence4, SimonaTino, karak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Katalea

    Katalea Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    200
    Труднички муабети

    И јас мислам дека се само старински свакања дека не требало да се купува.. Исто и јас, некаде кај 7-ми месец си се опуштив и си се ставив во шопинг.. И си купив се што мислев. Прво си направив список и си идев по него, и не е баш лесно зашто неможеш се да купиш во еден ден а и ние не сме во состојба цел ден да го поминеме само во шетање и купување.. Вака барем на раат ке си разгледаме и полека ке си одлучиме што сакаме.. Најбитно е да си ја дочекаме бебушка спремни, а не во последен момент да ни трча некој друг да ни купува.. Макар што сигурно ке има и такви моменти зашто сигурно ке излезе нешто плус што ке затреба.. Но основата ја имаме. Уживајте си и не се замарајте, правете го она што го чувствувате.

    Инаку, морам да се пожалам дека овие неколку дена ми се многу мачни. Можеби заради тоа што до сега ми беше песна бременоста, па сгега осекам, но незнам како ке издржам мноогу е тешко. Овие денови осетив дека нагло отеков, дури и ликот ми се измени, болки во кичма, во мускули, одвај се движам.. Дури ни рацете неможам да ги стегнам во тупаница од што ми се отечени прстињата :D Некако се осекам тешка и како партал, одвај се облекувам.. Само се надевам дека ке го издржам последниов месец и дека Јаков ке си почека до термин па полека полека ке издржам и јас. Во Вторник сум на контрола и одвај чекам да идам и да го видам, срце мое.. Ај претерав со пишување.. Поздравче до сите :* :*
     
    На anule88, SimonaTino и pepita82 им се допаѓа ова.
  13. macence4

    macence4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    416
    Труднички муабети

    Како сте буциња :D еве ме мене после неколку дена пауза.Да ви се пофалам дека овие дена и јас купувам работи за мојата принцеза па затоа малку ве запоставив :tmi: .Толку се слатки и мали тие бебешки работи човек да неможе да им се изнагледа :lol: Сега засега купувам само облека за бебето постепено понатаму ке ги докупам и ситниците што ми преостануваат.Креветче нема да купувам затоа што креветчето во кое пораснав јас е сосема ново па и моето бебе ке порасти во истото :D .Мислам дека нема ништо лошо во тоа :?: Имајте убав ден идни мамички :*
     
    На SimonaTino и pepita82 им се допаѓа ова.
  14. anule88

    anule88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    214
    Труднички муабети

    lele ete i jaas se spremav perev nekoj alista sto gi kupiv a i tie na zolvami gi istadov i gi perev da vidam koe cini koe necini ;) I jas se osekam mnogu tesko kon krajov sega malku potekvam pak ne e do tolku ama se me boli ej ko iskrsena sum od race, noze, grb, polovina se bukvalno :D
    P.S se izvinuvam na latinicava
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.159
    Допаѓања:
    138.778
    Труднички муабети

    Јас имав креветче и количка, а остатокот од работите ги купија мајка ми и свекрва ми.
    Кога беше време да се купува беше премногу топло, страшно отекував, па не ми беше до шетање по продавници :)
    А и мнигу им беше мерак да купуваат облека за бебето, па немаше смисла да им го кршам филмот :)
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.511
    Допаѓања:
    106.008
    Пол:
    Женски
    Купување работи за бебето

    Јас уште кога бев 4ти месец , а незнаев што ке биде бебето дали машко или женско , купив едно комплетче розево за девојче :lol: а заедно со мене беше трудна и тетка на мм па реков ако тие имаат девојче ке им го подариме на нив , но ете не бев згрешила :D Исто така со мм на секое излегување ке купевме нешто,дали некое фустанче , дали пантолончиња , тренерки.. потоа кога бев 6-ти месец веке почнавме со купување на покрупните работи , релаксатор купивме , па неколку шишиња , постелнина за креветчето, а моите ја купија количката кога бев 7-ми месец , а свекор ми и свекрва ми ми рекоа да си изберам креветче па тие ке го платат и тоа го купивме кога бев крај на 7-ми месец :) Во врска со купувањето кога ,според мене најубаво е да се почне 6-7 месец бидејки не се знае кога бебето ке сака да излезе :D
    Свекрва ми знаеше да каже понекогаш абе не купувајте се сега рано е , чекајте нека се роди , па што ако испадне машко , а не женско (ние се розево купивме :D ) но ок па сега сите идеални неможеме да бидеме ,важно јас и мм си правевме како сакаме ;)
     
  17. shedevil

    shedevil Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Здраво прекрасни девојки и идни мајки :)

    Мојата пријателка рачно изработува плетени чизмичиња, шалчиња и капичиња за бебенца и мали дечиња...

    Доколку сте заинтересирани да поседувате уникатни додатоци и облека за вашето бебенце, или да подарите нешто слично на вашите блиски пријателки, знајте дека истите може да бидат изработени по ваша желба на боја и дизајн. Ве замолувам да ги погледнете досега изложените плетени бебешки чизмички на http://mojagarderoba.mk/unahandmade-9977

    А доколку сакате да направите нарачка пишете на unaizrabotki@gmail.com

    Инаку цената им е 350 денари со вклучена достава до дома, каде и да сте во Македонија.

    Ви благодарам :)

    Поздрав и честитки до новите мајки :inlove:
     
  18. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.614
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Jas krajot na 8mi mesec kupiv postelnina i nesto obleka,ostanatoto otkako ke se porodam,a zdravje nesto ke dobijam i na povojnica.Krevetce isto taka ke zememe otkako ke se porodam.
     
  19. strong-gril

    strong-gril Активен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    28
    Се породив...

    Феминки на сите нека ви се здрави и живи бебуфчињата да си растат со мајка и татко :) ... Јас сакам да ве прашам вас искусните мамички кога вие почнавте да си се спремате околу потребните работи за бебушките. Јас сум 6ти месец бремена за две недели ќе влезам во 7ми месец и сакам да почнам да си купувам но ме караат ми викаат рано ми било а јас немам стрпление. Можеби моево прашање не одговара на темава но незнаев кај да се обратам :) :*
     
  20. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.511
    Допаѓања:
    106.008
    Пол:
    Женски
    Се породив...


    прашањето е за во `труднички муабети` не за оваа тема , но ајде јас да одговорам :)
    мое мислење е како што мислиш така да си правиш , секако дека ти е мерак да си купуваш за твоето детенце кој ке купува ако не ти :D
    а и најубаво е порано него потоа да се брзаш и да си во паника па ова треба , она треба , па нешто сум заборавила.. малку по малку почнувај , купи нешто колку за почеток , за облека зборам па разгледувајте креветче , количка... :) јас облека почнав да купувам кога бев 5-ти месец , а креветче и количка кога бев 7ми месец :)