1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога да се почне со купување работи за бебето

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 23 декември 2010.

  1. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    Искрено има и шабански работи али ако побараш се наога и тоа ептен убави...побарај види ;) :*
     
  2. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Јас исто од женски пазар купував пред да се породам со керка ми 9 ти месец отидов и тоа при крај :lol: има продавнички за бебешки работи и се земав од едно место еве сега ги спремив и за другото бебче :)
     
  3. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239
    Мамички по колку бодиња и шпикозни имате купено? Мислам по колку со кратки ракави по колку со долги? Јас купував имам доста и мајка ми ме поднови, али сепак да не се малку се мислам
     
  4. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    586
    се имам горе доле по 5 пара..
     
  5. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    239

    Така нешто и јас , ама се мислам малце да не е :?:
     
  6. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Не ви се малку мајки , ќе ги израснат сите и тоа во еден здив, јас за синми купував купував и добивав и земав од другарки и накрај испадна дека ги свртевме неколку работи и дека се за џабе се купувало , од бодиња , шпикозни, панталони, пижами, блузи , пелени , тетра шведски, па дури и три пара патичиња и еден пар кондурчиња има како да ќе трча а тој има три месеци сега ама пусти мерак, па и добив многу работи , а и земав од другарки и на крај само купови алишта незнаеш што имаш што немаш и искрено се тоа се спакува во саботата и правац Абц во парк , за Најден ...па бар се утешив дека сепак не биле за џабе купени,...чувајте парички купете само по неколку 5 од се ви е сосема доволно,земете си само тетра пелени повеќе тие требаат се наоѓаат како за широк повој така и за бришење поврачки, и лигавици :D а другото гледајте за понатаму, ...немојте ни многу играчки да купувате во првите месеци , не им се потребни ,....а не како мажми и топки фудбалски купил(среќа се од оние малите ) му се изнасмеавме со мајками....еден куп како да синми одма ќе седне и ќе вози со колички ,БОГ да чува ...... :D ама тој мерак од што е голем ...празни џебови и новчаници а богами и картички...чувајте се за кога ќе разбираат тогаш најмногу ќе ви требаат.....Блазе си и на другачками што се породи пред 40 дена си има машко дете а си го облече се во розево од ќеркичката па здравје сега уште некој месец ќе си почне да си му купува......... :D поздрав и не се форсирајте многу ...... :*
     
    На ana.tinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  7. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Јас почнав да купувам пред околу месец ипол. Сега за сега имам купено ракавички, 3 пара чорапчиња, капче и неколку бодиња од Јумбо а за поголемите работи мислам дека сеуште има време :)
     
  8. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    ве молам за помош////....здравје,треба да се породам крајот на ноември или почеток на декември,,,ве молам вие поискусните да ми кажите што ми е потребно за бебчето,?количка најверојатни сега нема да ми треба,,,па што друго ќе ми треба,,од облека,и друга опрема???фала ви однапред..и плус што ми треба за во болница?
     
  9. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    имаш време душо до тогаш а ке трба и да почекаш да помине сезонава да почнат да вадат есенска-зимска роба по продавнициве пошто твоето бебче ке биде зимско обавезно за од болница земање ке ти треба кебе,капче подебелко,ракавички ,боди ,шпикозни ,чорапчиња , тоа за од болница , лигавчиња најпотребни се ,чорапи ,боди на долги ракави ,дводелни комплетчиња односно пантолончиња и блузички попрактични се од шпикозните поради повојот (ако ставаш ), тетра пелени ,неколку шведски пелени или осмици и друго ке си видиш по потреба врекичка за спиење ,скафандер ,хулахопчиња ,зависи каква ке ни биде зимата :) колку и како ке затоплуваш дома ,со лесно до тогаш и поздрав!
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    crnamacka01 напротив мислам дека баш количка сега ќе ви треба....небитно што е зима, новороденче многу пати во количка лежи и заспива - ова од гледање и искуства на мои блиски, а и моментално јас се распрашувам за истите работи и нема некој што ми кажал дека не треба количка.
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.509
    Допаѓања:
    106.003
    Пол:
    Женски

    Земи си количка, па во зима ќе ома и убави денови, мене педијатарот ми рече малата секој ден да ја шетаме без разлика колква е и дали надвор врне, има сонце, ладно е или топло, детето секој ден треба да се шета :)
     
    На Vetruska и Hipica им се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    А од каде ги купувавте работите...гледам не се скапи ни во Jumbo некои работи, и има бутици каде што се наоѓаат ефтини бебешки работи. Ама има некаде изгор, само што ќе видам лепенките со цените излегувам.
     
  13. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    во стружанка имаш убави облекички и не се скапи, а се квалитетни! Влези у стружанка, кажи дека за новороденче пазаруваш и се ќе ти извадат за од глава до пети да ти го стокмат бебушот- барем јас такво искуство имав. Исто и од џамбо што имам бодиња супер се покажаа и памукот е пријатен и не мрднаа.
     
  14. crnamacka01

    crnamacka01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    25
    фала ти многу,,,ќе почекам уште малку,нека подзалади,,,па ќе купувам,,,вака барем приближно да знам,бидејчи воопшто не се разбирам од овие работи,не знам ни што треба ни ништо:)))....поззз
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Јас здравје Боже се со добро да иде, планирам на малиот почеток на 8ми месец да му купам нешто облекичка, постелнинка, нешто козметика. И онака сега сме со обврски по дома, се спремаме за зима, малку преуредуваме така да се во свое време. Мислам дека и почеток на 8ми месец и не е така лош период. Ни е многу доцна, ни е многу рано.
    Топли поздрави мои драги феминки! :* :) :)
     
  16. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515
    Луѓе јас од искуство ви сугерирам да не купувате многу облека сем некои основни работи.
    Многу носат, и буквално имам еден куп облека што ја нема облечено малиот а ја има веќе прераснато и еден тон дупликати.
    За постелнина да не правам муабет, ене ја сета така седи спакувана уште, едно 10 комплета добив сигурно.
    Купете си најмали бројчиња, од се` по 2 пара пример, мене тие маалечки работи ептен ми се најдоа затоа што за во прво време навистина вршат работа, а сите носат на поклон поголемки работи за бебе. Инаку ќе требаше да ми биде синко се` како во вреќа, во поголеми работи :)
     
  17. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    јас ако се ослонував на гостите и нивните поклони, принцезава ќе немаше едно бодинце да и облечам :)
    така да јас имав многу гардероба купено и 56ките уште ги носиме, а влегуваме и во 62ки.(скоро 2ри месец сме) Според мене облека треба да се има што повеќе, бебе бљуцка- во текот на денот и 3 пати се случува да ја пресоблечам, а каде е и четвртото парче што ќе треба вечерта после бањање да и го облечам- а постои можност и во текот на ноќта да бљуцне. (може да си помогнете со лигавчиња, мене на почеток не ми беа практични - шубе ми беше да ја врзувам околу вратчето тенко) Така да од мое искуство имајте си повеќе гардероба- подобро да има отколку да се секираш- ќе има ли што да му облечеш на бебето ;)

    инаку 8и месец ти е баш таман за купување- 9ти да не се замараш, само да си уживкаш во припремите за дочек на новиот член :)
     
    На Lillian и HeidiDiWalt им се допаѓа ова.
  18. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    25та недела сум и започнав со шопингот....не е коjзнае каков ама ете некои ситници...ова она...па следен месец др нешто при краj и со поголемите работи ķе се обезбедиме.
    P.S. Искрено шопингот не ми беше во план и моите ме изненадиja па сега полека полека и тоа ни е во шемата :)
     
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    За да не отварам нова тема, оваа е најсоодветна претпоставувам.
    Кажете ми, каде се има продавнициза бебешка опрема, освен Бисер,ГТЦ,Рамстор,City Mall,Jumbo,Бит Пазар....дали некаде низ градов и населбиве низ маалските мини центри има добро снабдени продавници?
    Пример накај К.Вода или Карпош и слично?
     
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Snow и да отидеш во некои такви маалски продавници цените ке бидат доста повисоки за разлика од џамбо или бит пазар каде што има бодиња по 120ден,или пак патичиња(онакви без ѓон бебешки)по 200-250 ден,или тренерчиња и шпикозни по 300-400.
    Едино во пренди може да е поефтино зошто нели е се за 200,е сега незнам за другите ама во таа продавница во Ченто има и бебешка и детска облека,па ако некогаш те води патот натака да отидеш да видиш. :)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.