1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога да се почне со купување работи за бебето

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 23 декември 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.292
    Пол:
    Женски
    Локо Кроко во Кисела Вода има, така сум слушнала. Имаш и во Илинден. Работите таму имаат пристојни цени, соодветни за наш стандард. А колку што видов, таму има и колички, хранилки, проодувалки, креветчиња, како и облека. Држат облека, особено бодиња од турско производство, памукот им е одличен. Барајте на flexi или mackays, јас сум презадоволна од нив, после толку перење и носење не се ни истегнати ни скинати, а за бојата да не зборувам.
     
  2. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    До слаткарницата Рафаело во Карпош има еден дуќан каде што има и бебешка опрема: облека, пижамчиња, кебенца, капчиња а цените не се скапи, имаше капчиња по 30ден, шпинхолзни по 200ден.
     
  3. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    јас од наредниов месец ке почнам со купување :) едвај чекам :clap:
     
  4. mona22

    mona22 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    1.858
    Ние здравје од утре почнуваме со купување и сега правам список за се што ни треба
     
  5. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    се израдував дека ќе почнам да купувам од оваа недела ама ќе морам да почекам до понеделник кога ќе го дознаам полот на бебушко мој :inlove:
     
  6. kasiopeja

    kasiopeja Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    39
    Ние почнавме уште пред да го знеаме полот по некоја ситница во жолта боја,ама главните работи ги купивме во 7- 8 месец.Јас се плашев дека нема да можам да шетам попродавници а со шетање отидов и на породување :lol:
     
  7. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.490
    Ние почнавме со купување веднаш по дознавањето на полот...околу 4-5 месец..и досега имаме купено скоро се... :lol: а имаме уште добри 2 месеци..ама пусти кеф што да се прави :D
     
  8. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    ние почнавме уште во 2 месец тогаш за прв пат му купив тропалка, беше жолто-зелена, после кога дознав дека ќе биде машко му купив комплетче... значи до пред да се породам јас имав спремено се, е сега тие креветче, релаксатори, тие беа во поодминатите месеци, кога бев 8 мислам, но битно пред 9 беше средено се, и после само си го чекав денот кога ќе дојде на свет ангелчето...
     
  9. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    уште кога дознав дека сум бремена купив капче ракавички и лигарниче бело со розево.. нешто инстинктот ме тераше на розево..и сега си купувам одвреме на време а и ми купуваат братучетки и другарки.. сега разгледуваме креветчиња колички и идеи за декорирање на собата на интернет.. :inlove: собата ќе ја направиме како бајка на нашата принцеза :inlove:
     
  10. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    супер,веке се знае полот и од ова недела почнувам со купување :clap: :clap: :) :) :)
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^а да почекаш скринингот да помине :) па после да почнеш со пазарење - чисто како совет
     
  12. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    28.509
    Сеуште немам купено ништо за мојата бебушка, иако полот го знам уште од крајот на четврти месец. Ама последните два месеци од бременоста планирам да се посветам на пазарење на бебешка облека ;) , мислам време е да се купува за малава да има се што ќе и биде потребно.
    Во 8 ми месец најверојатно ќе ги земам поголемите најопходни работи за бебушка (количка, транспортер, постелнини, коритце, креветче, релаксатор) а во почетокот на 9 ти месец планирам да ја купувам бебешката облека и се надевам дека ќе имам сили со мерак и ќејф да си пазарам! Сакам пред да се породам да купам се што ни треба!
     
  13. Jeny

    Jeny Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    230
    Јас сум 7 месец и веќе почнуваме со мали припреми, купуваме ситници. Сакам да прашам каде можам да ги најдам производите на Бејби нова?
     
  14. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Само што влегов во 6 месец ние веќе почнавме да купуваме со мм по нешто ситно. :$ :* :inlove:
     
  15. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    28.509
    И сега сама ќе си се цитирам... Ептен грешка претпоставки сум имала. Ништо не купивме во 8 ми месец, а и почетокот на девети не бевме ангажирани :tmi: . Се нешто ни излегуваше, и се одлагаше купувањето и на облеката и на опремата за нашето бебе.
    Дури втората недела од девети започнава да пазарам, и одеше бавно бидејќи истовремено имав и други обврски, па дури да се исперат работиве и да се испеглат, ехеее колку само ми требаше време да се убедам торбата за во болница да ја спремам (и уште не сум комплетно готова со мојата торбица). :x Креветчињата сеуште не ми се наместени, а останаа недосредени и неколку работи за собата на бебушка. Не знам зашо ги одложувам работиве :?: , а мислев дека првата недела од 9 ти ќе бидам комплетно готова.
    За среќа на бебушка моја не и се излегува уште и ми дава време да финиширам со подготовките за нејзиното доаѓање, па во план ми е денес да привршам се и да бидам во исчекување на моментот.

    Сметам дека секоја идна мајка во почетокот на 9ти треба да започне со пазарењето на бебешки работи и што понавреме да биде спремна бидејќи некои бебиња знаат да ,,излезат,, и во првата недела од 9ти. Нека не ве фатат неподготвени :D , пазарете си се што е потребно и реалксирено очекувајте го вашето бебе.
     
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Па добро Снегулката јас сум нешто подобра од тебе. :) Јас сега почнав да пазарувам на крај на 8ми месец. Ама да ти кажам секој ден излегувам и прикупувам по нешто, ем и потшетнувам така. За една недела земав доста работи, треба да прикупам уште некои ситници и може да почнам со перење и другите подготовки кога ќе влезам во 9ти.
     
  17. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.463
    Ние досега имаме купено:

    - количка комплет со транспортер
    - креветче комплет со се постелнина
    - 4-5 пара шпикозни по долги ракави
    - 2-3 пара боди по долги ракави
    - 2-3 пара боди по кратки ракави
    -3-4 фустанчиња
    - 3-4 пара хеланки
    -2-3 пара фармерчиња
     
  18. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Јас тек на крај на 8ми месец почнав да купувам. Прво ја земавме количката ( мајка шетачка, одма за шетање спремна :lol: ), а до средина на 9ти имав се што ми требаше. некои работи ги докупивме откако се породив, од типот на шишенца ( пред да се породам купив само 1 ), ќебенца, бањарки. Облека купив најмалку, имав многу од братучедка ми и сестра ми зошто децата ни се само неколку месеци разлика.
     
  19. Rusi

    Rusi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Вчера бевме на преглед и многу се израдувавме(посебно татичко), како во театар да бевме отидени, мислам дека се што знае бебушко се покажа :D :rofl: ама и дозволи на докторката да види и измери тоа што беше потребно, а и да направи убава сликичка....да не отидам во офф топик, муабетот ми беше дека сакам се да е спремно на време ама некако 5-ти месец мислам дека е сеуште рано за купување. Ама поради радоста на татичко моравме да му ја летнеме по продавници и тоа ни беше офицјално првиот шопинг за бебушко. Купивме едни шпихозни и неколку бодиња(ке ги сликнам покасно) и со цел памет сите бодиња на кратки ракави :) ама мерак му беше на мм зошто беа со натписи за таткото, а со долги немаше такви :D
     
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.437
    Руси каде најде со таков натпис и што поточно ако може да ми кажеш. И јас сум во потрага по некои такви штосни. Имам само едно боди со "татков" натпис?