Во Џамбо ги купивме, многу се ефтини и убави, 100% памук, од 58 до 119 денари. Омиленото ни е со натпис "Daddy you are my hero"
ние речиси се купивме од алишта, чешлина, ножички, коритце и сите ситници Ни фали уште количката и играчките што се за на креветче да ги земеме
Јас за среќа имам некој работи како транспортер, дубак, џампер и многу облека која ми ја даде блиска особа. Од таа страна сум обезбедена па немора да набавувам некои работи. Бидејќи е пред новогодишен попуст во текот на Декември планирам да ги купам поголемите работи на попуст,како количка, креветче и сл. ќе влезам во 7 ми за една недела. За ситниците планирам при крај на 8 ми да ги докупам.
Јас уште кога дознав дека сум бремена во 3 недела си ги купив првите лигавчиња. Купував секакви бои и не ми беше важно кој пол е иако се надевав на девојче како што и испадна. До 7 месец веке имав се изнакупено. Остана уште креветчето, ама пошто тоа е поклон од брат ми, тој рече дека денот кога ке се породам ( а чекаме секој момент), ке го купи. Душек за малата има- кревет нема . Ама ете вујче сака така, па така нека биде.
Мене изгледа хормониве ме направија BITCH Почнав да се карам со мајка ми и свекрва ми затоа што влегувам во четврти месец, а почнавме да се спремаме за бебето и тие ми велат Рано е, има време почекајте САМО ЗДРАВЈЕ ПРВО?! Леле луге кога ке чујам здравје има време, се потресувам ми доага да им дадам една воспитна нели знаат дека ме плашат така? Или јас сум многу осетлива станала, значи знам дека е рано ама сакам се со време не сум тип што прави се во 5до12,и кога ке бидам не толку подвижна да правам нарачки од дома. Е, не сакам така сакам сега! Па здравје после тоа!
Терај си како што мислиш дека е во ред, ама дека е премногу рано е Имаш уште 5-6 месеци до породување ехее Знаете барем што пол е? Инаку во 4ти месец се влага со 13+1 јас влегов пред некој ден, ти мислам беше поназад од мене
Да па скоро јас сум 11+3,ама незнам што е разликата сега или понатаму? Како ке се движам на сред лето толкава по продавници? И плус мила ние не сме толку при пари се наеднаш да купиме затоа лека полека не се малку работи за купување, се чини едно мал богатство.
Мене ми кажаа на нероден Петко капа сум му кроела, да сум чекала да се роди и да промрда за да купувам. Од душебрижници преку глава, многу ме навреди и не планирам веќе да споделувам ништо. Си купуваме и си чуваме, не планирам да им кажувам ништо.
Да де и кога ке го донесам дома ке смрди на поликолори и хемии, па ке го спијам на тераса! И птиците знаат дека треба да си направат гнездо пред полагање јајца, само ние со пусти суеверија!
Ако мислиш дека треба слободно подготвувај се полека со време. Јас во 5 месец купив креветче, душек, шкаф, наткасна за пресоблекување за бебето и така во кутии ненамонтирани ми седеа под спална. Свекор ми почна со тие муабети рано не, не е убаво така, му кажав ти ако се плашиш дека ќе се случи нешто лошо со бебево јас не се плашам, ќе го родам здраво и право. Пред крај на 8ми полека почнавме да ги монтираме, во шкафот наредив алиштата испрани испеглани, креветчето го покрив со чаршав да не паѓа прашина и си чекав раат. Пак имаше коментари па зошто па рано е, креветчето не се монтира додека не дојде бебето, викам јас кога ќе се пораѓам не планирам на тоа да мислам, подобро тоа мене да ме чека отколку јас да чекам.
Ангел ама ти си веќе мислам 7 месеци, а она е 3 ти. Јас би сакала бар да знам што пол е и според тоа да купувам, еве сега едноставно не сум опуштена за купување, некаде уште два месеца здравје па ќе почнеме Една баба креветче, друга количка одма си кажаа ние останатото
@Enni545 мила,купувај кога ти душа сака и не рецкај никој што ти збори.И мене триста работи ми збореа со првото кога бев трудна,па да сум купувала пред пораѓај,па да не сум кажувала дека сум трудна дур да промрда и ред други глупости ама никого не слушав,правев и си купив се јас кога сакав и се ми беше спремно па после на раат си уживав и си го чекав бебето да ми дојде на свет. А сега за второво имам доста работи од првото што можам да ги искористам а се со неутрална боичка а бабите у велико се спремаат,денес дури и за од болница за изнесување купила едната баба па дури и за пелени станало збор они да купат уште сега и оставив кој како сака и што сака да прави,јас решив се што треба да докупам почеток на Март и завршувам со подготовки
Ние за чистење, перење по дома секоја година тоа го правиме мај-јуни така и оваа здравје , за купување нели секој како си милува, јас сметам дека ми е рано, сеуште не знаеме дунденце ли е куренце ли е не ми се купува се во неутрални бои. За некое време ќе се почне, таман мм се враќа од странство април, па може тој период малку по малку, не е топло па да не можам да шетам.
Moj sovet... Ne cekajte 8 i 9 mesec. Jas skoro se kupiv 6 i 7 mesec. Sreka. Da ostavev za podocna nemase da mozam, ne sum sposobna da setam odkoga vlegov vo 8 mi.
Инаку да се надоврзам мене мајка ми од такт ме извади пред некое време, да си се родело оно па после ќе сме купеле се, т.е они ќе купеле молам викам? Ти ќе купуваш и свекрва ми нема грешка велам, така направивме се сеќавам брат ми кога се роди јас и татко ми се отидовме и купивме, е сега нема така, мене ми е мерак да си изберам јас и купам се, толку го чекав ова други да ми купуваат, а настраната тоа што сум маанџика. Уште стојам на тоа дека сега е рано ама да чекам друг да купи нема шанси. Не знам од кај и истекна ова
Ee Алисија ти си супер, мене никој ми нема речено ќе ви купиме ова или она потполно те разбирам зошто не се замараш. Ние сме сами од старт, а секој само знае памет да ни соли не да помогне и така си купивме работи кои не е битно каква боја се, значи облека не купувам сега. Количка 20 000,абе тоа мислиш злато купуваш
Cekaj srcka, tek ke vidis kolku se skapi site raboti. Jas denes poslednite nabavki gi napraviv, kremce, peleni kozmetika, toplomeri, samo sitnici vo zegin i cucli. Toa zadovolstvo me kostase 150 evra. Kap me fati ejjjj.
Не мора толку скапа количка јас ете така некогаш од досада разгледувам по фб, има многу убави колички во Локо Кроко по 8000-9000 па и 10000. Исто и креветчиња има многу убави по пристапни цени, зирни си баш, сигурно ќе бендисаш нешто многу убави работи имаат
Абе сега бар е лесно,има колички и такви тракатанции за сечив џеб.Ние за првото си купивме количка со ташна и покривка за 4800 со ротирачка рачка која остана како нова и сега за второво ќе си ја користиме.