Пробај со сокче Хип од праска или слива. Тие се за бебиња 4+ месеци. Тие ми помагаа кога големото имаше опстипација.
Конкретно коментарот беше ''Јас разбрав дека за машки деца не се препорачува топломерче во газето''. Не е првпат да го слушнам истото без никакви оправдани причини зошто баш НЕ на машки деца, освен некои бабини деветини. Што е за Боже Сачувај во тоа што го кажав освен што не ми се допаѓа кога се шират некои глупави стереотипи надвор од секоја смисла?
Од потенката страна , јас го прскам со алкохол за дезинф. Па ставам павловичева и со кружни движења анално. Кај мојата ќеркичка веќе и тоа.не помага , а и избегнувам да не прејде во навика. Веќе 6 дена не е какана...уфффф што не јадам суви сливи овошје, смути со многу ленено семе...о неќе и неќе
Biogaia prima po 5 kapki dnevno И еспумисан , според мојата евиденција , од како почна со еспумисанот се појави оваа опстипација. Тој со вкус на банана(сепак арома на банана) Незнам се анализирам еве 2 дена го прекинав . Да видам реакција
Од еспумисан и бебе мое не какаше. После баталив тоа капките за грчеви и океј си беше. Додека не почнавме со цврста храна, сега пак имаме малку мака
Здраво бебето има 12 дена во последните 4 дена кака само 1 а јаде доволно не цица се измолзувам ама бидејќи не ми стига му давам дохрана повеќе навечер му давав холле сега сменив на хип бидејќи мислев дека е до тоа му давам и вода и чај бекутан и ким но сепак кака само 1 дали можеби некој имал ваков проблем и дали е нешто страшно
Дали чајчето бекутан против грчеви, помага за олеснување? Месец и една недела сме и утре ќе му биде четврти ден како не е какан, а има гасови, ги витка ноџињата, се стега и плаче за во раче постојано. Не знам како да го забрзам тој процес. Од вчера ги прекинав еспумисанот и рекол капките. Се доиме и плус имаме три оброка ад. Друго што ме интересира, после колку време од прекинување на еспумисанот, се олеснуваат малечките? Благодарам.
А зошто и двете си ги прекинала. Мора бебе пробиотик да прима. Ние со Рекол сме задоволни, од старт сме со тој и не сме смениле. И кога менуваш, би требало неколку дена додека се види ефектот колку што знам. Ама не го оставај детето без пробиотик.
Да тоа од анасон го давам има ефект. Откога ќе испие 50мл се кака за саат ипол. Ефектот се гледа посме 2 3 дена употреба. 100мл ти е макс дневно обично саар ипол пред јадење му давам. Пробај дај му ја бев голем скептик дека не смее чај на бебе до 6мес ама еве ептен му помага ноќеска од 1 до 5 спиеше само дека се прокака како што треба Иначе само на Ад сме
Чај не треба да се дава, особено Бекутан е преполн со шеќери и на бебе јас не би давала такво нешто. Моето е комбинирано и еден период какаше на 6-7 дена, а каката му беше жолта како што треба. Бидејќи и го доиш, се толерира повеќе дена, педијатри ми рекоа дека нема гајле сè додека каката е нормална. Баш пишував и на форумов кога беше тој период, и еден педијатар ме советуваше да дадам чај, ќе искакал од шеќерот, но не послушав. Не е во ред организмот да му се оптеретува, што панкреас има тоа за таков шеќер, зошто да му кружи низ крвта додека се потроши. Ти пиј чај, направи компот од сливи и јади ги сливите, пиј чај од ким и анасон, пробај така.