Zdravo Bebeto mi e 21 den. Poslednive 3 dena nikako ne e kakana, a vekje5 dena i davam Biogaja. Dali e mozno od probiotikot da ne moze da se iskaka? Sto da napravam za da se olesni ? Blagodaram odnapred
Раслечи го бебенцето прави му вежби како да вози точаче, нежни кружни движења прво со едната нога па со другата ќе се олесни, исто оставај го на меше кратко така дава напор. Ако е на ексклузивно доење се толерира чинам 10 дена беше
На гладно од сабајле јади сливи, компот од сливи, пиј и сок од круша преку ден ако најдеш, мене тоа најмногу ми помогна. За доенчиња викаат до 7 дена е нормално, за комбинирана исхрана не знам колку е искрено.
Моето три дена не можеше да се искака. Во водата што ја правам за АД сварив неколку зрна ким и одма се искака. Пробај така. Иначе давам и јас биогаја.
Моето кака на 4 дена секогаш на комбинирано сме, го чекам природно да кака, понекогаш му давам чај од анасон ама не ми пие многу по 10мл. Ќе се искака. На доење е?
Бебе е 2+ жесеци; ексклузивно на доење. Почна да кака на 3 дена. Ако ми закаснеше на 3тиот, кадев сливи, компот пиев, сок од круша и ќе завршевме работа. Утре е веќе 7ми ден како нема какано. Пробав се што правев и претходно преку моја исхрана но ништо не помогна. Што можаж да пробам следно? Да купувам чепчиња утре?
Здраво дечки.Маријана е на млеко со цуцла не цица.Има 1 месец и 10дена не е искакана веќе 6 дена пробавме и со масажи на стомачето и со компот од сливи и со сокови од тиква но ништо не помогна.Дали да земам некои чепчиња? Благодарам однапред.
На мајчино млеко и до 10 дена може да не кака. Јас не би ставала чепче ако мешето не е тврдо, ако е весело детето и нормално се однесува. Ќе си искака кога ќе му дојде.
Не по 10, по 12 дена моево бебе не се какаше. Исто и сливи и компоти јадев пиев , кога помагаа кога не. Прави му вежби, со ножиња нежно притискај стомаче, со павловичева кружни масажи на стомаче , и кога го капиш бебето масирај стомаче во вода.
Исто и мојава почна да има проблем со какањето, претходно какаше скоро после секој подој,сега веќе извесно време кака на 4-5 дена ама така обилно и лом се прави.
Благодарам на мислење но денес ја однесовме на педијатар кај д-р Александар Сајкоски му кажавме што е проблемот ја прегледа се е во ред но неможела да кака бидејќи се имало стврднато од претходната столица во аналниот отвор таму ја намачкаја со некаков крем и ставија чепче се искака за неколку минути.А за дома ми ги пиша тие чепчиња(доколку се појави истиот проблем) и чај и ми препорача да го сменам млекото во HIPP.Сега е добра и дадов чај од нане испи некои 10-15ml и сега спие ќе видиме како ќе биди кога ќе се разбуди. Благодарам да сте живи и здрави вие и вашите деца.
Моево дете сеуште кака на 2 на 3 дена. Порано ме фаќаше паника му ставав чепчиња, гледав секој момент да кака, кога плачеше мислев дека е од тоа од што не може да се искака. Бев опседната со тоа. Но, фала многу на @0ли се опуштив и сега ниту бројам кога се искака, се навикнав да се кака на 2, 3 дена. Кога ќе почне да се кака секој ден не знам..
Може и да не почне ,може метаболизмот му е таков ,мене до 3 месеци секој ден ми какаше после 10 дена не се искака ,морав со помош ,ко крем како на членката погоре. Па тој ден искака 4 експлозии после тоа какаше на 3-4 дена експлозивно. Сега пак почна секој ден. Менуваат со сѐ па и со ова.
Кога ќе почнете со цврста храна, полека полека ќе се навикне мешето и ќе кака почесто. Ако сте на доење нема простор за грижа.
И доење и ад, ама да секако мора да се регулира кога тогаш. Првиот месец поле секој подој се какаше, откако влеговме во втори месец вака си почна еве сега сме 2 и пол месеци.
И моето некогаш три дена го фаќаа али од 4ти секој ден кака некогаш и два пати нема утнато од тогаш навака,а еве веќе 6 месеци сме за некој ден