И предходно давав бекутан од анасон викаат дека имало шеќер внатре ама не какаше секој ден. Зависи од метаболизам ќе менуваат
Моево не кака редовно. Кога дојдовме од болница си какаше супер се. Потоа одеднаш тврда столица, и се така е. Кога давам слива, портокал приметувам полесно кака. Бидејќи беше на АД сменив неколку по препорака на педијатар, не се смени ништо. И останавме на Babylove АД формулата. Кога почнавме цврста храна викаше педијатарот ќе се подобри, нема промена и не се замарам. Никогаш не ставам чепчиња, топломер или нешто слично. Свекрвата му стави еднаш лист од сардела и од тогаш не дозволувам. Не е страшно. Кака на 2-3 дена сега. Претходно какаше еднаш неделно ама никако не стимулирав јас, оставав сам да се искака, му давав водичка, чајче, пробиотик, и храна полесна. Така знам од мајка ми. Ако му се помагало да кака секогаш со нешто ќе има мрзливи црева.
Кога бебе има запек а е на ад млеко, дали треба да се промени ад формула? Гледам има специјални ад млека против запек како пример Novalak за запек и други марки, па како се даваат тие млека за запек,секој оброк такво млеко или во комбинација со обично ад млеко? Користел ли некој?
За запекот - Во водата што ја праваш за АД свари неколку зрна ким. На 100мл стави 5 зрна ким. Многу му помагаше ова на моето. Пробиотик обавезно давај. Масажа исто помага. Комбинации за мешање на млека не ти препорачувам.
Da vi kazam moze zvuci cudno no nas ni pomaga relaksator onoj na lulanje sto e...staj go vnatre stom go vidis deka mu e maka i zavrsil rabita odma...
Здраво мајки. Бебе ми е 5++ и е на ексклузивно доење. Ме загрижува што веќе 4ти ден како не какал. Читам по интернет дека нормално било, но сепак..инаку мешето не му е тврдо, но од вчера почна малце поинтензивно да плаче па се плашам да не го боли нешто
I nie imavme takva desavka....jas se iznajadov suvi slivi maltene proliv me fati i na bebe mu dadov nekolku lazicki voda...ne znam sto zavrsi rabota se iskaka bez maka sleden den. Pedijatar mi rece i nurse harvey sirup 2 pati po 3ml ama nemav so mene na odmor bevme
Бебе веќе 2/3 месеци наназад кака на 3/4 дена но во последно време последноте 24 часа пред да се искака се гледа дека му е мака, нервозно е, повраќа од што мнпги се напнува, плаче, и цела ноќ не ја спиеме од плачки пропратено со гасови. Давав био гаја, сменив на ваја, пробав со вода, со Бекутан, со водата од сварени суви сливи, ништо не помага... Нешто друго да пробам?
Бидејќи пиша дека 2/3 месеци наназад се случува, истиот проблем на таа возраст го имаше и моето детенце, бидејќи го дојам пиев компот од сливи, јадев круши, суви сливи, на малото му правев вежби со нозете према мешето, исто го ставав често на меше, ништо не помогна, се се среди откако почнавме со цврста исхрана, би ти рекла само трпение и без грижи ќе се среди, ако е на доење нормално е да не кака и по неколку дена, не му го оптоварувај желудничето со сирупи период е кој ќе помине
Да да знам дека е нормално и не превземав ништо посебно додека не почна периодов со неспиење и го гледам дека се мачи, едвај по малце цица последни 24 часа пред да се искака, а се што ќе изеде повраќа кога се напнува да проба да кака
Искрено со повраќањево не знам не се случило кај нас такво нешто, консултирај се најдобро со педијатар што ќе ти каже, го пишав моето искуство. Се најдобро
Од кои чепчиња сте задоволни? Бебе 2+ , 3 дена не е какана веќе што не се случило до сега, ја гледам дека се мачи ама не и оди, ја масирам на меше и ножињата и ги стискам ама не се покакала..
Пробај кога се мачи со влажно марамче околу отворот го бриши, нозете собрани накај стомачето или стави малку кремче на топломерот и измери му температура. Кај нас тоа помага.