Пробај со топломер стави и во газето само живата и ќе се искака, јас така правев со моето кога имаше проблем и одма какаше после тоа.
Dulkollax помалку од половина чепче бидејќи се за возрасни и деца постари од 10 години. Така ни препорача педијатарот и помагаат кај нас.
Некако ми е шубе со топломер го мацна топломерот со павловичева малку да лизга или? Одма си се покака од нив?
Јас топломер или мала резанка сапун бекутан ( тој е со неутрална пх вредност и не предизвикува црвенила , иритации и печење , па затоа тој го користев ) како замена за чепче . Да напоменам , сапунот не го ставав скроз во газето , туку на почетокот , да може да се извади , го ставав и вадев неколку пати , додека не се испровоцира какањето . Не секогаш функционира , па ако после 10-тина минути не се покака бебето , прекинував . Највеќе ми помогнале сливи . Смрзнати сливи од овоштарникот на мајка ми и татко ми . Ги варев во обична вода , потоа водата како компотче со малку шеќер ( или мед , зависи што имам дома ) а сливите како кашичка ( без додатоци најчесто , освен ако се премногу кисели , тогаш додавав мед или шеќер ) . Од 13 часот попладне изедено , до вечер веќе 2 пати ќе се покакале секое од трите деца . П . С . Моите не ги прскаат сливите , па бев сигурна дека нема хемикалии во нив . Не препорачувам да давате од водата , доколку не сте сигурни дали се сливите прскани или не . Сепак се работи за мали бебиња . Можеби и готова кашичка/сокче од сливи ќе има дејство .
Да со павличева прво го намачкав на газето и топломерот исто, па го ставаш. Не е страшно ништо, така некој и тт мерат во газето.
Ќе се снабдам денес со сапунче и чепчиња, а за каша од сливи сеуште сме малечки, знам дека сливата помага но етр, ќе ја причекам до вечер ако не се покака сама почнувам да превземам нешто.
Извини мајче , не видов која возраст е бебушко , затоа ги споменав и двете . Се надевам дека нема да имате потреба да се мачите долго , знам колку напорно знае да биде и за бебето а и за тебе како мајка . Јас плачев кога првото дете не можеше да се покака ( без искуство , тоа е ) , плаче бебе - плачам јас . Со лесно , и што побрзо да си се олесни бебе .
Напорно и нервозно и за неа и за мене, душа ми се кине кога кемка и не може да се успие, кога и ги стегам ножињата плачи а не може да кака.. даа баш без искуство незнам како да постапам. Фала мајче дај Боже денес да успееме, фала за советот
Во кола возење од вибрациите се вадеше. Сум го оставала и сам до 6/7 ден најкасно сам ќе извади се. Со чепчиња не ти препорачувам на долго време да користиш, го губат чувството за потреба и забораваат да стиснат кога ке дојде моментот. И јас користев на секој трет/четврт ден пред да сватам дека има контра ефект.
Сама се покака вчера, исто на мм во аптека му рекле да причекаме дека 3 дена не се многу, да не ставаме одма чепчиња, па така не ставивме ништо а по некое време се покака дури и брше гласно Фала за советите, и јас се мислев за тоа бидејќи се навикнуваат полесно им станува без напор со чепче, добро е што не избрзав.
Mami bebce mi e 2 meseca i eve veke treti den nema kakano. Celo vreme se vcrvenuva se napnuva da se iskaka ama nemoze. Sto mozam da mu dadam?
Пробај со чај од сливи или доколку имаш сок од домашни сливи. Кај нас ова не и помагаше на Маријана пробај и со масажи на стомачето што исто така не помогаше. На крај доколку не помага стави чепче.
И ние го имавме истиот проблем, и јас прашував за истото. Нас најмногу ни помогнаа колипрев капките против грчеви. Се сетив дека откако му ги прекинав прекина да кака редовно, па му дадов повторно и одма се покака. Можеш да пробаш и со масажи на мешето, вежби со нозе како точак да вози, јади сливи, јогурт со ленено семе.
Ништо не му давај, многу е мало, прави му вежби со ноџињата, има на интернет најди вежби како треба, за полесно да се искака.