Летото незнам зошто имаше мал проблем со какањето. Во неделата еднаш се какаше и ова ме плашеше... На доктор ми кажаа да му давам сливи, круши-кашички и сокчиња. Али не делуваше. Мораше да му помагам со топломер со кремче. Така се какаше цело лето. Кутрото, ми беше многу жал. Сега е супер, откако се вративме во Скопје одма се искака само, без да му помагам и се среди без ништо... Незнам од што беше тоа во Охрид, ама се радувам што сега е добар!
А дали има некој кој што знае или има искуство со новороденчиња кои што имаат потешкотии со какањето. Моето бебене има 15 дена во болница 3-4 дена имаше нормална столица од како почнаа да го хранат со млеко го провоцираа со клизма иако на 1-2 дена имал и нормална столица но тоа за докторите не било задоволително. Некој совет што да правам доколку нема редовна столица а сега мајка му го дои редовно?
Frozex многу е мало бебенцето да е живо и здраво, јас на мојата ќерќичка и помагав со топломер кога неможеше да кака но ич не ми текнува на колкава возраст. Консултирај се со лекар... Ке ти пишам и лп
За бебиња што се исклучиво на мајчино млеко се толерира да не се какани до 7 дена. Не е ништо страшно ако не е искакано толку долго време, освен ако мешето му е тврдо и забележливо се мачи да се искака. Тогаш може со топломерче во газето да се провоцира, а за да има малото редовна столица може мајката во својата исхрана да вклучи повеќе продукти кои, народски кажано, протеруваат
Annath Малиот се храни со адаптирано млеко зашто мајка му го изгуби млекото, па поради тоа прашав за да видам дали има некој/а слично искуство како ова. Во секој случај Ти благодарам
син ми исто го хранам со адаптирано млеко и не беше какан 3 дена пробај со масажа окулу папчето во насока на стрелките на часовникот така некој 5 мин и после собери му ги ножињата и дрги го така уште некоја минутка давај топло чајче и ако не се искака пробај со глицерински чепчиња или топломер
Моето синче има скоро три месеци и сме исклучиво на мајчино млеко. Е сега деновиве сум загрижена многу малку ми кака, последните три дена преку ден не кака воопшто, завчера преку нокта се искакал , а нокеска гледам едка воопшто не се искакал и а вчера цел ден, и сум зарижена бидејки предходно на скоро на секое менување пеленки имавке каки. Денес е добар се смешка, гуга, али нокеска беше многу нервозен, плачеше, не скаше да спие, се будеше на 15 минути.Ме чуди од каде дојде оваа промена. Сега малку се смирив по постот на Анатх, но ипак ме загижува зошто не е вообичаено за нас и пример кои се тие продукти кои треба да ги внесам во исхраната кои би можеле да му помогнат? За масажичките и топлата вода знам, ние го миеме газето после секое менување на пеленки со тоа и го топлиме мешето со водичка, ама ете не ни помогна. Ви благодарам.
Она што тебе ти помага да се олесниш - ќе му помогне и на малото, преку твоето млеко. На пример, суви сливи, јогурт, ленено семе, било какво овошје, ти си знаеш што ти делува најдобро. Кај малото помагаат и вежбичките со ноџињата од типот на возење велосипед. Ако не се искака и ако видливо се мачи, провоцирај го со топломер, да се олесни. Ама тоа да не премине во навика. Затоа подобра варијанта според мене, се вежбите.
ве молам,помогнете ми доколку знаете ....се работи за мое внуче.има 2 месеци,има грчеви,,но сега последната недела не се кака само,,,братучедами почна да му става топломер,да се истушат грчевите и да се искака...е сега тоа ако не му стави топломер не се кака,,а откако ќе му стави се кака,има тврда столица,едвај му излегува...ш-то е проблемот,,,ни докторот не знае да му каже што е работата,,дали некоја од вас иама ваков случај?...а цело се споцрвенува од што се стега,му се кака,,а не може да кака...а се храни и со мајчино и до дохрана аптамил млеко...
Бидејќи цица мајката нека смени малку исхрана. Повеќе овошје и зеленчук т.е онаа храна која протерува. Нормално, е ќе се стабилизира, од грчевите е
Може да е од дохраната,може уште да не е регулирана перисталтиката . Нека пробаат со капки за грчеви или со чај има на Хип,Хумана и Бекутан. Инаку кога ќе се стави топломер цревата убаво се празнат и може наредниот ден воопшто да не се искака. Мои пријатели имаа сличен проблем со бебето(тврда столица) и со препорака од доктор (во Чешка)му дадоа мало лажиче маслинов зејтин(ладно цеден), јас не сум пробала да дадам зошто мојата имаше нормална столица и грчеви.
моево бебе веке 6 дена не е искакано викаат нормално е кај доенчиња и до 2 недели .. се толерирало Добро и се варело млекцето Ама сепак си имаме мака Како да и помогнам незнам
Пробај да му го намачкаш дупето -аналниот отвор со некое масло,без конзерванси.А има и специјални свеќички,не се сеќавам на името ,германски беа.А колку е мало?Јас сум пробувала да го издржам што се вели држејки го во раце,да му се притисне стомачето.Така ќе биде се додека го храниш со доење.Кога ќе почен да меша храна тогаш се е полесно.И 6 дена не се малку.Однеси го на лекар тој ќе знае кои свеќички да ги препише.
Уште сте само на доење? Вежбајте, со ноџињата прави и вежбички од типот на возење велосипед, после масажи на стомачето во правец на стрелките на часовникот, би требало да се олесни после тоа. Велиш дека има мака, па така може да и олесниш малку. Ако и после тоа не се искака - можеш да ја провоцираш со топломерче во газето, намачкано со крем, масло или слично. Ама немој да ви прејде во навика
Само на доење сме , него веке 7 ден како не е какана. ке пробаме сега со топломерче ...уште тоа ни остана Пробав со вежби само пртка , ништо друго Чајче и дадов , малце шербет направив ништо не ни успеа
знам едно дека и кај бебињата и кај сите луге за да може нормално да кака треба да и биде меко мешенцето исто треба да му го масираш мешето прво од едната страна потоа од другата ова ми е совет од докторката позз
Нормално е штом сте само на доење, се толерира до десетина дена. Ама штом има мака, тоа е веќе друго. Пробај со масажите, и пак со вежбите, нека се испрди убаво, може и гасови има
Моето бебе 9 дена не беше искакано пробав на два пати со топломерче , и правев два пати шербет Ништо правев вежбички После пробав со малце сапунце намачкано со многу кремче и само што го ставив се искака Барем и олесна и на неа и на мене За нареден пат ке си знам
и моето синче имасе ист проблем ама кога отидов на советувалисте ми рекоја дека е нормално до 3-4- дена доколку мешето му е меко.мислам дека згреши што одма почна со клизми така сега му се научи организмот и искрено незнам што че прави цел живот е пред него
И моево бебе не е какано 2 и пол дена, знам и прочитав дека се толерирало и по 7 дена, ама јас се нервирам. Преку ден е кенкав и се гледа дека има мака, едвај заспива, spie 15 min-20 min и после го фаќаат грчеви, се грчи, ќе се вцрви во лицето, се напнува и ќе се расплаче, ќе го земам да се смири и или продолжува да спие или пак иста песна. Инаку еве сега заспа и си спие преку цела ноќ, се буди или за цицање или само ќе се раскенка, ќе прдне и пак ќе продолжи да спие, преморен е од неспиење преку ден. Пробав и со вежби како возење точак, му го масирав мешето, му давам капки Еспумисан, убаво си цица, ама само мочка и пртка, има гасови, ама нема каки . Му ставив и топломерче на 2 пати и попладне и пред 1 час намачкано со јекодерм ама џабе, пак не успеа, само се испрде и толку. Сега прочитав и сапунче сте ставале...какво сапунче, колку да биде големо (како топломерчето или како чепче )....хелп