Оооооо бабе, си нашла дедо - ваџајнаколог? Ајдее, за многу годиниии. Иначе, јас ако се прашувам, мојов и у рудник да работи, нема да му верувам дека не шврља, па камо ли по цел ден со жени, па и тоа голи. Што си е сигурно, сигурно си е.
И тој така еднаш видно потресен ти кажува дека дошла една многу згодна рибa на прв поглед и кога се соблекла и виснал патлакот
Од моја гледна точка, професијата гинеколог е прецената. Не е толку интересно кога ќе отидеш во ординација и кога ќе рашириш нозе. Немаат сите путка како Шерон Стоун во Бејзик Инстинкт. Оставете на страна редовни прегледи, добар дел од жените одат кога ќе имаат некој проблем, одат бремени жени, возрасни жени, жени кои се бањале во недела а на преглед одат наредната среда. Дојдате на ова цисти, сраснато влакно, крв, страшна кандида итн. Велите гледа вагини, ама заборавате дека гинеколозите за да земат брис го гледаат внатрешниот дел на вагината, кој мене ако ме прашувате, нема ни С од секси. На маж кој знае како со жена и не може да го држи в гаќи, не му треба гинеколошка ординација, и на улица може да најде цура за секс.
Гинеколог ко секој доктор шо си е, најнормален чоек. Сите доктори имаат контакти со женски, колешки, пациентки, таа е професијата. И на средно и на факултет секогаш медицинари машки се 10%, а другите 90% се женски. Така да, ако сака да те изневери ќе те изневери и со колешки, не со пациентки. Нема врска, се се стереотипи. Ако е некој шо изневерува и глеа по други пример и уролог да биде, па ќе најде некое женско за да изневери.
Не верувам дека женскиот интимен дел изгледа многу спектакуларно раширен со спекулум, додека ти земаат брис од цервикс... Мора да е тоа импресивна глетка Замисли да ти се пушта гинекологот , со ехото набиено до јајници ти вика: “убава си однадвор и одвнатре”
Ама треба да бидеме и малку реални. Не сите нормално но постои голема разлика помеѓу денешните генерации девојки и нивните мајки. Поголем дел денес внимаат доста на својата хигиена и изглед, па така кога одат млади девојки на преглед многу често ќе си гледа секси долен веш, по некоја тетоважичка на интимни делови, па во некои моменти ќе му биде многу тешко да си го држи во гаќите
Поголема шанса има пензионер да те вара отколку гинеколог. И така цел ден си тркалаат и манијачат со бабичките низ автобусиве
На почетокот можеби ќе ми биде чудно, но ќе се навикнам со тек на времето, но љубоморна нема да бидам бидејќи тоа му е професија.
Абе така е душо, но не си имала прилика да седиш со гинеколози на маса...да знаеш само како сликовито раскажуваат кога ќе им дошла убава цуца...еех, поголеми женкаришта од нив нема
Ех Баба Радо. Кога ќе седнеш со македонски мажишта на маса ќе помислиш дека секој ден ебат жени од типот на Хајди Клум.
Хахахха Не можам да замислам,ама шала на страна ќе се чувствувам безбедно и заштитено барем на сексуално поле,мислам дека сексуалниот живот и хигиена ќе ми биди на високо ниво и да се има таков доктор за партнер е многу доблестно тој ги разбира сите мали женски тајни па нема да мора да му објаснуваш како на теле плус ќе има излечено многу жени и му помогнал во нивната бременост па да си дочекаат здраво право бебенце е сеа не знам мажите на тие пациентки како гледаат на ова тема
тука испадна дека гинеколог е најверен маж од прва рака ќе ви кажам дека не е! работа си е работа. тоа што гледа марули по цел ден не значи дека не посакува друга.
А мене пак на епизодата со гинеколошка ординација во Луд, збунет, нормален Иначе, наредна тема - Кога девојка ти/сопругата ти е уролог Па и тоа е ептен сериозно прашање, мислам...