Кога другарка ти ти ја носи облеката!?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Unfaithful18, 4 март 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Имам една, ај ќе ја наречам безобразна другарка што постојано позајмува облека, гривни, ланчиња од мене.Не само од мене туку од сите во друштвото.Ќе си купам нешто ново, ќе му се радувам, таа наредниот ден веднаш кај мене на кафе и бара да го носи на излегување (а не го враќа веднаш туку и на школо си го носи) , а јас таква сум иако ми смета, не можам да ја одбијам! Маани тоа па и не ја враќа како што ветила, па понекогаш ќе посакам да носам нешто и ми го нема дома ! Апа колку обетки и ланчиња си ги има присвоено ! Не е дека и она нема облека, туку има пусти мерак на туѓо ! Излегуваме на исти места и многу ми е глупаво, јас сум излегувала во петок во таа кошула на пример таа одма во сабота ми ја рекламира :evil: Се дешавало пред мене да и честитаат ново парче облека а таа гордо вели „ фала “.Исто така проблем е што е многу покрупна од мене и многу блузи ми ги има раширено. И имам префрлено неколку пати оддоколу ама таа или не сфаќа, или се прави дека не сфаќа и нема срам! Како да го решам овој проблем!?
     
    На Lolo5, Mia.MGK и esperanca им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Јас би била директно и наредниот пат кога ќе ми побара нешто, би и кажала се и не би и го дала тоа што ми го бара. И ајт здраво. Ти си дала пари за таа да се фрцка со твоите ствари :o Нема шанси.
     
    На Lolo5, Natali.3, LittlePinky и 4 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.508
    Допаѓања:
    37.774
    Јас ова не можам да го разберам. Со моите другарки никогаш не сум менувала облека,ниту пак сум сакала. И кажи и нема срам тука. Кажи и убаво па она да се засрами.
     
    На Lolo5, LittlePinky, Alesii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.405
    Јас потполно те сфаќам...јас бев...и уште сум таква...една другарка ми уништи многу скапа кошула, по еден месец дојде пак да ми бара , пак и дадов, гужвана фраерска , а таа простата ми ја испегла и амин кошулата...и пак ми бара...и пак и давам, последниот пат само и реков ова неможам да ти го дадам од дечко ми е, ми се лути и замислете се налути...исто една другарка друга дојде се дотера женската во мои алишта за на концерт, јас и реков немора да ми ги враќа брзо, во жалост бев не излагав...и таа си ги носи носи и носи....и кога и ги побарав ми се налуте........и никогаш не им реков нити ги одбив...јас сум слабичка и секогаш ми ги уништувале после носењето, а знам и како боли нивното промовирање во твои алишта...и после нема цел...зошто ти да го носиш, веќе незнаат чиво е, дали ти земаш од неа или обратно....јас цел живот патев од тоа, уште патам....и незнам незнам како да им кажам, само сега кругот на другарки ми е помал па поретко е...но потполно те сфаќам, а решение и јас да имав убаво ќе беше :( неможам, неможам да кажам и готово...а колку само се нервирам посебно со една другарка сеа која се навикна чизми да ми бара...срце ме боли...додека она ги носи додека не ми ги врати не спијам... :x а чевли секогаш купувам скапи па мислам кога ќе ми земе ми се вришти, ама ете...таква сум :(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    70
    Mnogu sum protiv toa da se razmenuva obleka so drugarki.Nikogas ne sum sakala moja obleka da nosi nekoja drugarka,a uste pomalku ja da nosam tuga obleka od drugarkite glupavo mi e toa na kraj kraeva pa i edno nesto da imam moe ke si nosam nego li od drugi da zemam :lol: Treba da i kazes otvoreno deka toa veke neti se dopaga i nesakas veke da i pozajmuvas obleka ili ako ti e nezgodno koga ke ti pobara bilo sto pocni da ja odbivas na pr. reci a toa nemozam da ti go dadam planiram da go nosam,ili za perenje mi e ili onaka samo reci i a ne ti go davam kako demek na sala a ustvari ozbilno i posle nekolku pati moze i sama ke svati i nema da ti bara
     
    На Lolo5 и Mia.MGK им се допаѓа ова.
  6. Lady-Mistique

    Lady-Mistique Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Позајмување облека? Ха, тоа кај мене не постои ни како мисловен поим. Не успеав ја разберам таа појава и не верувам дека некогаш ќе успеам да разберам... Можеби дека во друштвово никогаш и не сме имале таков случај... Ама не верувам дека е ради тоа... Едноставен е одговорот, не сакам никој да ја носи мојата облека... НЕ САКАМ и НЕ дозволувам!...Не исти парчиња, туку баш мојата облека... Се што треба да се направи е да се повлече црта и одлучно да се назначи дека веќе нема делење облека со друг, не ради неа или некој друг, ради самата себе... The End.
     
    На Lolo5, Mia.MGK, LittlePinky и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    На место ви се советите, знам дека тоа го заслужува ама не сакам да се скарам на крај со неа. Сум се обидела одоколу да и кажам ама таа мака си нема. А навистина не е баш пријатно чувствтото друг да ти се перчи со твојата облека.Плус тоа работам за викенд за да заработам да си купам нешто што му имам мерак, а она одма со желба да ми го разносува :o ама се знам себеси колку и да се силам дека ќе и речам на крај како што рече Енца69 неможам, неможам да кажам и готово.. :(
     
    На Lolo5 и esperanca им се допаѓа ова.
  8. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Ах... женски ве сфаќам, не сум била лично во ваква ситуација но имам другарка која истово го прави, секој ден носи облека од другарките. Порано многу често се случуваше и мене да ми бара, но јас сум мн отворена личност и и кажав дека не и давам повеќе ништо бидејќи е бесрамна и нема осет кога бара нешто и кога го враќа. Бидете отворени, морате да им кажете дека тоа што го прават не е во ред и дека не сакате повеќе да ви бараат облека. Или ако навистина ви е тооолку тешко, тогаш некоја ваша заедничка другарка нека и каже дека ви смета тоа и тоа.. позз и успешно вратете си ја гардеробата ;)
     
    На Lolo5, LittlePinky и esperanca им се допаѓа ова.
  9. Melanie

    Melanie Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    70
    Pa ako nesakas da se skaras ne e dobro za tebe da kutis i trpis a ona bez pardon da ti ja nosi oblekata sto kako sto kaza sama so maki si ja zarabotuvas i ako ti e taa stvarno dobra drugarka ke te sfati nema za toa da ti se naluti ednostavno kazi i onaka otvoreno i ljubezno deka ja sakas kako drugarka i se ti e ok megutoa si resila deka veke ne e vo red da razmenuvaate obleka reci i deka i ti nesakas da nosis tuga obleka itn. bidi ljubezna dodeka i go kazuvas ova i kazii deka treba da te sfati i da ne se luti za toa,a ako ti se naluti i skara toa znaci deka ne ti bila vistinska drugarka tuku od korist
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    77
    Нешто што мразам и никогаш не сум го сакала е да менувам облека,и да имам само една комбинација не би барала некој да ми позајми,имав една другарка само што ќе купев нешто ново она оп за една недела одма да ми го побара,помала бев и криев и од мајка ми за да и дадам за излегување и додека не и го побарав на неа не и текнуваше да ми го врати,и така 1-2 години додека не ми дојде преку глава,и почнав прво да ја извртувам ваму ми е таму ми е и еднаш и кажав директно,и не ми се веруваше дека ја снема не се ни јавуваше само на 1-2 недели за повторно да ми побара нешто со цел памет :evil: и фала богу таква другарка не ми е потребна,и мислам дека воопшто не е хигиенски не дека се гадам али секој си има различна кожаа а да не зборам за менување на фармерки или шорцеви тоа е стварно катастрофа,најубаво е секој тоа што го има да си го носи :mrgreen: :mrgreen:
     
    На Lolo5 и JustSimple им се допаѓа ова.
  11. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.017
    Допаѓања:
    4.367
    Пол:
    Женски
    Ова ми се допаѓа кој што има тоа да носи, и јас сум за тоа, порано како мала да речан во 8 одд ми се имаше случено неколку пати да побарам нешто ама ептњен ретко, и тоа тогаш престана, затоа што од дома не ми дозволуваа да менувам гардероба, а и стварно е глупаво вецерва јас сум го носела утре другарка ми нема смисла. Инаку имам една така да ја наречан на тоа поле малку беобразна, кај ке ти се јаве и ќе ти рече ај дојди и донеси ми го тоа и тоа твое парче гардероба, па на крај кога ќе и се јавиш да ти го донесе и вика дојди и земи си го :oops: :oops: :oops: , страшно... И еднаш така имаме правено муабет и таа ми вика па на кој му треба тоа нека дојде и нека си го земе епаааа алооооо тоа не е твое и некој ти го дал да се услужиш и ти да му речеш дојди и земиси го и тоа со недели и со денови да не ти текнува да вратиш срамота, инаку јас со моите другарки не си имам разменето гардероба мнннн одамна, а луѓе па кондури во никој случај не давајте затоа што сите одиме различно и може некој да ни ги искриви.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. manevska.mila

    manevska.mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    18
    ne dozvoluvajte devojki da vi ja nosat :Drugarkite: obvlekata vasa bez razlika kolku i da ste bliski kolku i da ste najnaj nikogas ne dozvoluvajte moj sovet :))
    pozz
     
    На Lolo5 и esperanca им се допаѓа ова.
  13. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.900
    И јас сум таква .. ми зимаат пудри , облека .. сакам да сум добра и све тоа .. ако кажам немам или неможам душава ме боли .. дечко ми ме караше што сум давала .. сум била многу добра... ај што другите не се добри , не е хигиенско тоа давање на облека .. се закачуваат инфекции ама кој пази .. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    недавам ништо и несакам да земам :)
    единствено ако морам во моментот под Х-околности да се преоблечам...што досега дали 1-2 се случило....иначе нема шанса :twisted:

    гајле ти е дали ќе се налути или не кажи си отворено дека несакаш да даваш
    јас стварно неможам да ги сватам луѓето што бараат облека од други :Down:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    а луѓе па кондури во никој случај не давајте затоа што сите одиме различно и може некој да ни ги искриви.


    Со оваа другарка за која ви зборувам сме мн блиски, една кај друга што се вика секој ден, и слободно се однесуваме, таа кај мене е како дома, јас кај неа...Се е ок, само за оваа работа е многу безобразна.Еднаш ми се јави (јас не бев дома) сакала да земе некоја блуза поубава за излегување, и јас (што можам друго !? ) и кажав нека иде слободно нека земе.Таа покрај блузата ми ги земала и чизмите а има за број поголема нога од мене и поширока! Е тогаш стварно ме изнервира и и реков дека не и личело што ми ги земала кога ќе ми ги рашири и малку ми се налути а кога ми ги врати од што ми ги раширила, можев слободно да ги облечам без да го откопчувам патентот :evil: Затоа не знам како да ставам крај на тоа што сум го дозволувала со години, а се друго со неа ми е ок, и затоа не сакам да се ја навредам и да ми се налути :(
     
    На bunny19 и Lolo5 им се допаѓа ова.
  16. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Не давам,не давам и не давам.Како среднист ми се случи еднаш од грев да и дадам на една другарка кошула,тогаш си ја купив,беше пред сликањето за крај година,и замислете,кога ми ја врати смрдеше,и ден денес не знам што миризба бешпе таа,плус испарана под пазувите :worried:hock: :o оттогаш сфатив дека облеката си е моја и само моја.Затоа совет
    Анфејфул18-како знаеш и умееш да и кажеш.aKO те почитува и сака ќе сфати!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. manevska.mila

    manevska.mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    18
    potpolno se soglasuvam :)) ednostavno ne davaj ki ne zimaj nema zal nezal pozz
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    НИКОГАШ не разменувам облека со другарките. Едино само со една другарка си разменувам, и тоа се само маички, кошулки или туники. А и кога ќе го земам нештото од неа, земам ако стварно ми треба такбо парче облека, а немам мое (додека одев на хор ми требеше бела кошула, па затоа што немав ја позајмував од нејзе). Исто така, кога ќе земам нешто, го чувам дома најкратко што можам и пред да и го вратам ОБАВЕЗНО го перам. Па и еднаш да било облечено....
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.139
    Пол:
    Женски
    Очигледно сме заборавиле на поговорката - не пожелувај ништо што е туѓо - ама од што многу сакаме да имаме,па ги позајмуваме/присвојуваме тугите нешта.
     
    На Lolo5, daylight и esperanca им се допаѓа ова.
  20. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    556
    Пол:
    Женски
    Едно е кога позајмуваш облека за некоја пригода а друго е кога другарката буквално ти ја носи облеката и тоа стварно не е убаво.Јас со другарки си имам разменувано облека само кога сме оделе заедно на одмори,посебно за вечерните излегувања но тоа траело само тие десет дена додека сме биле на одмор,а инаку си имаме позајмувано и обетки,ланчиња колани и сл работи
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.