Имав многу лоши искуства со ова менување облека, но доцна се опаметив. Прво си „изгубив“ голем дел од гардеробата, ја имав дадено по другарки и на ниту една не и текнува да врати додека јас не си побарам. Во средно се дружевме повеќе девојчиња, и + со некои од маало, одприлика 5-6 другарки постојано позајмуваа облека од мене. Јас давав а скоро никогаш не земав нешто нивно, секогаш кога сум позајмила не сум се чуствувала удобно во тоа,едноставно не е мое и се грижам да не го оштетам, да не го уништам и т.н. па затоа не сакав да позајмувам. Лани летото се уште се „дружев“ со оние кои ме замислуваа како бесплатен бутик, но оваа пролет зажалив, кога сфатив дека добри 30% од летната гардероба ми ја нема. Почнав да се јавувам по телефони, и никој не знае, „не е кај мене“, јас знам што кому сум дала, но паметните си менувале меѓу себе и + некои други девојки кои јас не ги ни знам, па моите сукњи, маици, фустанчиња, палтенца...никој не знае каде се. Се налутив но што можам освен веќе да не позајмувам никому. Друга случка беше со една моја омилена маичка, што многу ја сакав, и ја носев само за вечерни излегувања. Дојде другарка ми многу вознемирена кај мене, мајка и уништила маичка која планирала да ја носи, ја исфарбала со другите и ми ја побара онаа мојата омилена која знаеше дека тешко ќе и ја позајмам. Ми падна жал и и дадов да ја носи вечерта, но од такт ме извади кога после неколку дена ја видов во школо со таа маичка, па уште и кажува дека е нејзина. Се скаравме и одтогаш не и текна веќе да позајмува ништо. Трета случка на која се сеќавам а и долго ќе ја паметам е со една маичка од Манго. Ја купив на распродажба, за ефтина цена зошто беше последна а беше преубава ја меркав уште штом ги донесоа но неможев да си дозволам да ја купам. Уште не облечена маичката/блузичката дојде другарка ми да ми ја побара да и ја позајмам за на матура кај дечко и. Нешто ми велеше да не и ја дадам, прво зошто јас ја немав облечено второ зошто бев заљубена во неа. Но јас се сожалив и и ја дадов. Не сакате да знаете каква ми ја врати, измрсена, со еднаа голема масна флека на стомакот, и плус изгорена и со цигара. Најлошо е што ми ја донесе здиплена во кеса, демек на поминување, само ми ја подаде од врата и си отиде. Кога ја ставав во плакар имаше што да видам, косата ми се наелектризира, и кога ја викнав да дојде првин негираше дека нема шанси такво нешто ...Потоа призна и ми се извини, сакаше да ми даде пари, но џабе ќе ми беа парите кога немаше веќе такви маички, и одржав добра лекција и и кажав да не се надева дека следен пат ќе и позајмам било што друго. И како после ова јас да позајмувам повторно, сега ништо никому не позајмувам, освен на мајка му на Петко, некои маички и чевли. Тука негде сме со градбата, и носиме ист број, и јас позајмувам од неа она што ми се допаѓа, но ние живееме заедно, и знам дека нема да ми уништи или рашири нешто.
Никогаш немам позајмувано облека. Ниту ќе позајмувам. Имам позајмено само едно виолетово ташниче. Или нешто такво, слично. Но облека, не
Позајмувам но не се и не секому туку само во најблискиот круг на другарки и тоа најчесто некои работи кои јас и не ги носам често( одредени обетки, каиш, чанти и сл. )
си имам неколку другарки со кои што си разменувам облека, најчесто за излегување .. ) имам и лоши искуства, како на пример со другарка ми бевме многу блиски и и имав дадено неколку парчиња и накит кои што останаа ете кај неа, моментално ние не збориме поради Х причини, а мене алиштенцата не дека не ми требаат али ајде немам како да и кажам а инаку другарките не ми се немилосрдни се грижат за облеката, ми ја враќаат навремено и секогаш чиста и спакувана исто како и јас нивната, немаме некои поголеми проблеми сите сме приближно во обем тука , а се надевам дека нема ни да имааа П.С неееееееееееееееееееможам коа ќе ми каже, дојди донеси ми тоа и тоа хахахахха ни сега ни никогаш нема да добие било што од мене
ниту барам, ниту сакам да ми даваат. јас сум заљубена во мојата облека, а заљубеното, не се дели моите другарки меѓу нив си менуваат, но знаат дека јас не менувам и точка. но ова лето, една од нив со молење-колење ми побара нешто за на свадба, и пак, и пак, се навикна типката, а најкриво ми е што се` ми побара од мојата `ексклузива` во гардероберот, која ја носам ретко и многу ја пазам. иначе другаркиве се многу несмасни, не си ги чуваат своите облеки, а не па моите ќе ги пазат, не знаат да вратат на време, и зошто да се нервирам заради тоа??? подобро помалку да имам, ама мое да си е. Спојлер и некоја ми прднала во фармерките, па ја да ги носам?? не фала
Сум позајмила облека на другарки само кога сме биле на одмор па ако на некоја и се допаднала моја маичка или нешто слично! ама вака за низ град НЕ! ич не го подржувам тоа давање особено поради хигиена на прво место!
Ептен блиски сме со другарка ми но никогаш и немам позајмено облека,ни таа мене.Си позајмуваме алки,ташничиња но облека не
Ииии кога бев помала ептен кружеше некој тренд на позајмување, па ако две другарки си прават дај ми го - на ти го, тоа значеше дека тие се нааајдобрите другарки на цел свет. А се разбира дека една за друга зад грб не знаеја што зборат. Ако еднаш дозволиш после не можеш да ги откачиш таквите пијавици и за да не те оговара мораш да и дадеш, бидејќи после тоа ќе испаднеш најлошата на цел свет. Никогаш не сум барала ниту ми барале. Секоја си има свој стил и доволно облека за да не бара од друга. Не знам што им е на тие што си разменуваат. Постојат и разни кожни заболувања и после со здравје да си ги носиш.
Јас несакам никој да ми ја носи мојата облека а ни јас да му ја носам искрено,мо=е и да се лути и се да прави али јас лепо че му речам не дава и готово таква личност сум и несакам никој да ми ја носи облеката.
Истиот став го имам ко напишаново пред мене. Не менувам облека, не е убаво. Јас мојата не можам да ја износам па од друг да земам. Не е хигиенски не е здраво. А имам давано на заем ремен, ташна, имам еднаш само од другарка позајмено ташна требаше на свадба да одам а само за таа свадба не ми се купуваше свечена црвена ташничка. А и другарките такви ми се не ми бараат облека.
И јас не сакам да менувам облека со други... А ако веќе дојде до тоа, сакам да биде одговорно, ако не др барем одма да се врати и кога и да посакам да го имам при рака.. Не сум позајмувала ни јас, освен од една другарка фустан за на свадба и еднашка една кошула и тоа мислам колку време само ме молеа да го направам.... А лично јас мислам немам дадено на никој ништо, сепак сум голем противник на тоа..
Во основно со мене учеа 3-4 девојчиња што не ги памтам по добро од проста причина што еден ден едно девојче ја носи блузата, па другиот ден друга, па третиот ден пак друга и така се по ред додека не ја извртат сите! Секој божји ден, секоја недела! Епа не може така, премногу ефтино делува! Не се пере ли таа блуза никогаш? :О Јас лично НЕ ДАВАМ ОБЛЕКА НА НИКОЈ! Некој акцесорис може доколку искрено има потреба другарка ми од тоа, но да се фрцкам јас со нејзините или она со моите алишта, ноу веј! Не сум скржава, но едноставно неприфатливо ми е..уште и да ми ја оштети? Епа нема шанси!
Јас со другарките не менувам облека и искрено мило ми е што не сме створиле ваква навика.Менавањето облека за мене е многу глупа работа.Што кога ке излезам со облека на другарка ми, рогови ќе ми никнат
И позајмив на другарка менѓуши и маица пред повеќе од месец и уште не ми ги вратила така да најискрено веќе никогаш никому ништо не позајмувам а незнам сега што ми текна прв пат да позајмам нешто..
Не некои им давам - на оние кои ја пазат облеката. И мене ми се има случено да се зезнам да дадам на некоја таква, па после блузата или фустанчето или што и да е да си го чекам да ми се врати следната нова година. Лек за тоа - не давам! Колку сака нека се лути, и светот нека го преврти наопачки не и давам!
Не бре не! како ме нервира кога некој ќе побара, демек нема што да носи. Па купи си ако си јака пи*ка нели.