Не скам да позајмувам а камоли да ми позајмуваат.Ни на крај памет не ми паднало,тоа што го имам го носам,ако сакам нешто друго ке си го купам.Многу мои другарки си мењаат фармерки,јакни,маици и што ти не али ја тоа не го можам.За мене тоа е глупо,ај да нема да и дадам ама вака НЕ :roll:
Oва нешто ми е крајно смешно и дебилно.Мислам,никогаш не сум ја сфатила поентата да се накитиш со туѓи парчиња и да се вивнеш на седмо небо.Non sense Никогаш во животот не сум дала,а ни на крај памет не ми текнало да побарам од некој.Имам доволно за да бидам пристојно облечена,чиста,испеглана.И кога не знам како да искомбинирам нешто,секогаш ќе се помачам и ќе се снајдам некако,никогаш не барам.Ништо,ни џиџи миџи. Братуџетка моја,на сите им даваше се што ќе и побараа.Богами,како Црвен крст им беше..дури и необлечени работи без проблем позајмуваше.Стварно кога ја гледав се фаќав за глава.Ама и дојде и нејзе умот.Ајде еднаш земи и не врати,ајде еднаш искини,извалкај...пола гардероба си ја загуби и не и текна повеќе да даде нешто.
не сакам ниту да земам ниту пак да давам од мојата облека единствено понекогаш на сестрами и на друг никој. Досега ни сум зела ниту сум дала и така и ке си остани. премногу мие глупо да земам да облекувам туѓа облека и ајде да излезам дотерана во нешто што нее мое
Не делам со другарки облека...понекогаш со братучетките ама ич не ми се дава ама неможам да ги одбијам...ама и тоа коа ќе им дадеш нешто да носат не им текнуе да ти го вратат додека не си го побараш А порано сестра ми со братучетки и со другарки си ја менуваше облеката ама после се освести дека не треба да дава оти некои работи исфлекани или искинати и ги вратија ...па дури и не и викаа извини шо ја скинав туку така и ги даваа ко ништо да не направиле
Јас имам таква "другарка" да ја наречам,типката само доаѓаше кај мене кога и треба облека петок ,сабота а вака преку цела недела нигде ја нема,и кај што се и давав да носи еднаш ми доага дома ми гледа во плакар што да си облече од моите алишта и ми вика "ауу па ти немаш ништо ново се ова го имам носено по еднаш и ме имаат видено со ова срамота е пак да го носам " со мои алишта ми се праи некоја п***а а дома нема леб да јаде што се вика,и од тогаш мрш у пм несакам очи да ти гледам. колку се изнервирав и сеа дури кога ке ми текне,а што е најтрагично никогаш од никој не сум побарала нешто ниту па сакам да барам се што ми треба си купувам полека полека,и тоа ти е,сеа среќа мирна ми е главата
и јас го дела ова мислење. Моите другарки знаат дека не сакам да давам моја облека да ја носи некој друг па затоа не ми ја побарале а не се ни лутат за тоа.
Ниту барам ниту позајмувам гардероба-без љутиш,ако не ја носам, ако и се допаѓа на некоја другарка би и ја подарила ако сака , отколку да правам натиго-дајмиго!
Никогаш не сум позајмила гардероба.Како прво моите ми имаа јасно и гласно кажано, а како второ,па несакам на некој да се потценам и да барам гардероба.Колку имам толку,задоволна сум си од тоа.Сепак облеката не го чини човекот,а и која е поентата ако се накитам со "туѓи перја"? Моите другарки во средно ми бараа гардероба.Скришно им давав од моите бе,памет Еднаш една другарка ми побара за свадба-штикли,фустан,ташна,кои само што ги купив од Бугарија.И јас се сеќавам и ги дадов.Ја виде мајка ми ,и и рекла-Аууу со ќерка ми скроз иста гардероба имате А оваа -па она ми ги даде.И мама лом ме направи-оттогаш,кога ми бараа велев дека се за перење И изгледа сфатија. Ама врв беше кога на една другарка и позајмив чизми и тоа шпиц беа,нели тогаш такви се носеа,а таа ми ги врати со исчукан шпиц целите а ми беа нови Ме излажа дека паднала,а сега кога размислувам ништо чудно намерно да ми ги изгребала Може да позајмам ташна,пример два пати имам плико позајмено ама од најдобрата другарка.Онака понижување-no way
Немам ништо против, нормално ако не е претерано. И ако облеката се враќа во договореното време, во истата состојба во која сум ја дала. Со неколку мои поблиски другарки (за кои знам дека се внимателни, и имам доверба во нив) сум си разменувала облека, не е ништо трагично. И за среќа немало никакви проблеми. Искрено, мене ми е глупаво да носам нешто туѓо, најчесто не ми е удобно кога знам дека не е мое, ама ете имало некои ситуации кога бев приморана.
Ниту давам,ниту барам. Така сум научена од мала,а посебно оваа лекција ја научив во прва средно ми се чини,кога другарка ми си беше купила едно многу убаво фармерско кошулче,јас кога го видов абе лиги ми потекоа и смогнав сили да и го побарам викендот да излезам со кошулчето.Но,мојата среќа не потраа долго,татко ми ме виде пред да излезам,ме праша чие е,јас му кажав,ми ја соблече и ме натера да си облечам нешто мое и уште истата вечер да му го вратам на девојчето тоа што е негово.Освен ова,друг пат немам ништо побарано,а и имам ставено на знаење дека и не сакам да ми бараат. А имав другарка,со сестра и беа така питачки воспитани,абе и едната и другата позајмуваа од другарките,и не бираа кое од чија другарка е,туку си комбинираа фино лепо и од тие и од тие...Едно земање на нештото,нема враќање минимум еден месец и тоа во тој рок на алиштата им удираа такво носење,абе душата им ја вадеа.И не да се немаше да им се купи,туку пусто туѓо да е,па ако сака Јана мајка нека е.Ова не би било толку револтирачки,доколку нивната мајка не беше апсолутно имуна на се,среќна дека нејзините девојчици се секогаш уфирцани,а бај д уеј не ја замараат со ствари банални како -пари за да си купат нешто- Е,ова ти се вика живот,за Џ и тоа
Јас не сум за позајмување на облека на другарки.Никогаш не сум позајмила а и никогаш нема да го направам.Имам една другарка,не знае колку облека и пак позајмува,а кога бара од мене јас ја одбивам
И јас исто како тебе, никогаш не позајмувам и никогаш не барам облека... Единствено неколку пати на една другарка и ја позајмив мојата ташна. Ги одбивам тие што ќе ми побараат затоа што според мене тоа е нехигиенски
Со другарки никогаш не сум менувала алишта,не ни сакам да менувам,единствено со брачеда ми шо ја сакам ко сестра, со никој друг!
Ја никогаш не давам облека на другарка, а до душа никој не ми ни побарал а имам премногу облека и што не ми е точна пошо нагло се поправив и ми стои во плакар. Моментално јас позајмувам од мајка ми
И јас не менувам облека, ептен со братучетка ми прва ако ми треба за некоа свечаност фустанче или на неа. А со друг не, избегавам и несакам. Порано кога бев во средно се менувавме со 3 другарки, ама деца што да правиш. Толку сме знаеле. Еее памет
Облека никогаш не сменувам со никој,ни да носам туѓа па ни да ми ја носат! А ако ми побара некое ланче или обетки би и ги дала да се послужи,неможам да одбијам за ситници.. Али за некое скапо парче и некој друг да ми го растегни,нема шанса!
Не, не и не... Секој си има свој мирис на кожа, своја силуета, свој стил... не сакам да барам а и да ми земаат... ама за жал сум позајмувала... и си знам како сум ги добила назад..