Ниту давам своја облека, ниту јас носам нечија позајмена или дадена. Можеби да имав сестра, поинаква ќе беше работата (само МОЖЕБИ, не сум сигурна) ама вака дефинитивно не. Се има случено две мои постари братучетки да наминувале дома (и тоа обично кога јас не сум тука, зашто инаку знаат дека не земам) да оставале нивна облека божем малку носена, за мене, но јас не сум облекла ништо од тоа. Не знам, алиштата изгледаат како нови, ама јас не се чувствувам пријатно во туѓа облека , карактер е во прашање. А ми се има случено и една школска (со која не бевме и не сме ни толку блиски) да бара од мене, не и дадов. Ако се лути, нека се лути, непријатно e да одбиеш кога ти бараат, ама што да правам, јас нејзе не сум и побарала ништо.
E баш вчера си купив многу скапи фармерки и ги облекоф за во сколо денес и сете waooo и си доаѓам после сколо дома ми звони на врата другарками дали може да и ги позајмам моите фармерки одкриено и кажаф нема шанси знае дека тоа го мразам и упорно ме моли епа нема јас секојпат кога ке си купам нешто ново на тебе да ти дадам а најдобро од се е сто со женската во школо воупшту не разговараме и сега виде дека на сите им се допаднаа ајде дај и на мене и јас сакам да сум супер па кога и кажав дека не и ги давам па се налути ма многу ми е гајле нека се лути јас мразам такви нешта и ништо нема да ме натера да си го сменам мисленјето па дури и да другарками добие Aрмани ташна
НЕМА ТЕОРЕТСКИ ШАНСИ. Како помала братучетка ми ми бараше и јас не давав бидејќи таа беше по полначка.И таа ми се лутеше. И за не ми се лути и давав.НО секогаш кога ќе дадев како срцето да ми се крши . Страв ми беше да не ми ги рашири или пак исцепи, испрла. Скржава сум и што да правам. Вооглавно сакам да сум облечена во чиста и точна големина на облека. ИСто така секогаш сум облечена за своја возраст. Ми се згадува кога ќе видам дете 10 години како теткица се облекло. Па и мајката го фали, онаа види колку убаво му стои А детето едвај чека да ја соблече.Тоа мразам Но не ни позајмувам. Неможам да носам туѓа облека. Глупаво ми е така. Единствено што сум позајмила е патики од другарка која многу е педантна и тоа во петто одделение.Сум ги заборавила а за физичко ми ги требаше. Спојлер А кога тражат, НЕ ДАВАМ!
Не ги разбирам тие луѓе навистина, но не разбирам како не можеш да ја одбиеш на сето тоа што знаеш каква е, ќе се налути да, но ќе и помине и ќе се навикне на тоа, се додека не ја одбиеш таа е слободна кај тебе, ќе доаѓа и ќе бара, па и да ти се налути засекогаш јас незнам што ќе ти е таков човек? да те искористува. Сум имала ситуации кога другарки од мене барале облека и тоа затоа што немале доволно, но јас секогаш со тешко срце сум ги одбивала и понатаму не ми ја бараа облеката, а сепак останавме другарки. Немам желба никогаш да носам или поседувам туѓо без разлика за што станува збор, дури ни апарати, накит и сл. кога ми фали нешто порано или подоцна ќе го добијам и никогаш не позајмувам работи на другарки, себична или не ама никогаш незнаеш дали ќе го врати и во која состојба ќе го врати.
Нема шанси! Јас на сестра ми едвај и давам, па не на некој друг.... или па не дај Боже да облечам туѓа аууууу мислам дека ќе полудам во туѓа облека. Инаку во тинејџерските денови и позајмив на најверната другарка блузичка, таа има поголеми гради - па ми ја рашири....прво и последно.. Да не ве потестувам на кожни болести и сл.. И оние second hand продавниците, праат бизнис бе брат, а таму (обично од Германија или Данска носат, божем бренд) кој знае кој се не ја има таа облека носено - бљак
Јас со другарките не си позајмувам облека ни под разно. Само еднаш ми се има случено една другарка кај неа на роденден сакаше да го проба мојот часовник и така го заносе вечерта, а јас потоа го заборавив.. денес ќе ти го вратам-утре-не знам кога... остана кај неа. Уште сум бесна, најмногу затоа што ми беше драг подарок од Данска, таков тенок, црвен, заедно со црвена чантичка, а башка беше како часовник-алка.. ремчето беше подолго и се превиткуваше уште еднаш преку раката... ах, ќе си пукнам. Инаку, само пижами се случува да им позајмам на братучетките ако останат да преспијат кај мене, ама сепак ги чувам само за нив и стегачи за коса, такви ситници ама ништо повеќе.
Никогаш! Ни позајмувам облека од другарки, ни сакам да ми бараат моја облека. Само со сестра ми некои работи заедно си ги носиме. Со никој друг.
Со другарки не менувам алишта, единствено, само колани венчиња, обетки и такви ствари. А облека Никогаш. Единствено менувам со брачеда ми затоа што ми е како сестра шо сум ја немала никогаш, едноставно се менуваме.
Еднаш сменив фармерки..т.е јас и дадов фармерки она мене блузичка.. уште жалам по фармерките..:'( од облека само со братучетките си мењам..а со другарки никако..освен ситници..
не практикувам давање ниту зимање облека од некој друг , а знам мнг луѓе кои го прават тоа па дури и се фалат дека е нивна
Ова е една од работите која што никогаш не сум ја практикувала без разлика колку ми е блиска другарката.Секој има ограничен број на алишта,но подобро да го носам тоа што го имам отколку да позајмувам.Пред се јас сум мн пребирлива особа и некако шубе ми е да носам туѓи алишта без разлика дека ќе ги исперам пред тоа и сл.А и може да се испрља,скине или уништи парчето облека,сепак сме луѓе па после да се најдам во незгодна ситуација
хахахах ми текна на една случка.....братучедка ми и поззјамила на една другарка неколку маички, поминале неколку месеци и оваа не сакала да и ги врати пошто у меѓувреме се скарале eден ден отишла со мајка и да си ги бара оваа им ги дала во кеса....кога дошле дома сите маици биле искинати со нож Значи памет у глава на кого давате облека
Јас спротивното. Имам другарка која секогаш сака нешто да ми позајми,секогаш сака да ми даде некое парче од нејзините облеки да пробам.Едоставно ја обожавам
Јас не практикувам,ама ете,некогаш другарка ми ќе дојде кај мене и ненадејно ќе треба да излеземе на журка,а она по тренерки и јас ќе идадам нешто или пак обратно,кога јас сум кај неа. И некогаш(затоа што другарка немате поима колку е несмасна) ќе си истури сок врз маицата/панталоните и јас ќе и дадам нели,да не седи мокра
па искрено само со една другарка си разменувам облека, бидејќи ми е најблиска, инаку со други другарки не го правам тоа.
Облека имам разменувано со мојата најдобра другарка од основно. Другарки сме веќе повекје од 12 години и буквално се знаеме една за друга. Затоа што јас сум повисока а она доста пониска од мене, освен некои блузички, фустанчиња, не сме ни разменувале нешто повеќе затоа што најчесто идеме заедно во шопинг и си ги познаваме вкусовите. Се случувало да си размениме и парчиња акцесориз. Меѓутоа што и да сме си разменеле (позајмеле), секогаш тоа се враќа на време, во истата состојба како што е земено, испрано, испеглано .. ко ново. Обувки никогаш не би позајмила на било кого, затоа што секоја нога е различна, и секога обувка се формира според формата на стапалото и апсурдно е да носам нечии штикли, чизми, или пак јас да позајмам мои обувки.
Не сум заменувала облека, а и несакам. Едноставно поради тоа што не ми се допаѓа кога друг ја носи мојата облека, па некогаш и се фали дека е негова. Една другарка и даде на нејзина другарка да и ги носи Конверс патиките, па и ги изгуби. Така да.. немам ни поверење, а не ни сакам други да се фалат со мојата облека.