Абе како поднесувате некој друг да ви ја носи облеката? Јас едностанво не можам. Со другарка ми навистина се дружиме, заедно сме секогаш, цело лето и зима ги поминуваме заедно но, облека никогаш не сме си размениле. Нити таа сака, нити јас. Моето си е мое. Не сум себична-напротив, но кога станува збор за тоа не давам. Ако некоја другарка ми побара (што не се случило до сега) едноставно ќе кажам не и воопшто нема да ми биде незгодно и колку да се лути воопшто не ми е гајле ќе ја откачам!
Не можам да замислам некој друг да ја носи мојата облека ,ниту јас да носам туѓо. Одвратно ми е ,ми се згрозува од помислата ,колку и да е чисто и педантно девојчето. Ни обувки не давам ,ни шминка ,ништо! Од кај да знам какви не вирусишта и бактериишта виреат под маската на редовно капано створење? Ако не и штетат неа ,можеби мене би ми штетеле?!? Гнас ми е.
Облеката е нешто лично и интимно и препознатливо за мене и мојот стил,па глупо би било со истите да шета некоја моја пријателка!
Многу ретко се случува кога излагаме со другарките и пред да излагаме си ги менуваме чевлите.. Но никогаш не сме разменувале облека..Би разменувала, но со осет.. Не до толкууу .. џД СЕ знает до каде е границата., и немат преминување..! Мој совет - Директо без срам кажи иво очи се што ти лежи на срце, па она нека се срами
Ние со другарките речиси и да не сме си смениле ни по 1 парче облека, освен во ретки случаеви на одмор. Јас секогаш сум таа која позајмила, а никогаш не сум зела од некоја, и ужасно ме нервира тоа кога ке ми се побара сукњичка, шорц, бидејки ми е крајно нехигиенски, сепак сме девојки, некои и интимни, и колку и да внимаваме сите на хигиената мене ми е шубе, но кога ќе ти побара пробај одбиј ја... Кога ќе видам како другаркиве се си носат само во различен ден, коса ми се крева. Колку имаш толку и крај.
Кога бев средно да се менувавме со облека,најчесто фармерки,јакни,блузи но еден ден ми пукна филмот и решив на никого ништо не давам од хигиенски приичини...поради нехигиенски другарки и така менување облека само со мама !!!
мојата облека може да ја носи само сестра ми, и никој друг, ако другарка ми облече нешто тогаш поклон ке и го дадам оти јас пак нема да го облечам, ете така ме воспитала мајка ми дека облека не се дели со другарки, не било хигиенски, ни убаво, а и постоеле баби што правеле магии за тоа давање на другарка облека JOK
јас само на една добра другарка и давам се,ама од неа немам земено никогаш ништо не дека не е чиста , имам доволно алишта фала богу не ми фали ништо
Јас сум менувала со другарка алишта, но сепак таа што ми беше нај нај нај добра, со нејзе си позејмувавме, дури некогаш ако носиме фармерки и ќе ни се здосади од истите и ќе се смениме со некој и еден месец ќе ги носиме туѓите, и после коа ќе си ги видиш твоите пак како нови интересни ќе ти бидат..сепак имаше граница и си ги враќавме, немало проблеми околу тоа. Но една исто другарка и дадов патики и менѓуши и ми ги немаше вратено 1 година, менѓушите ми ги врати со восок и бев принудена да ги фрлам не ги личеше на ништо, а патиките и ден денес ми ги нема вратено ама тоа е. затоа друг пат јок давање.. а на твое место директно во фаца би и кажала, па која е таа да ти зима работи и да претставува дека се нејзини? Сепак не ти е таа важен фактор во животот, онака подоцна или порано нема да бидете више другарки
Јас со моите другарки секој викенд си разменуваме облека,накит,штикли што и да било..воопшто тоа не ни пречи..Што и да сум побарала од нив,се` се ми дале,а исто така и тие од мене...Јас незнам зошто воопшто толку ви пречи?
1.Не е хигиенски, ај ланче, алка и ташна се простува. Ама чевли, маици, фустани, па тоа едвај на сестра ми и давам, а не па на другарка. 2. Може нешто да се случи да се скине, да ја исфлека и после ќе се скараш. 3. Секој има различно газење, ти газиш на еден начин а другите на друг.
Па се случило и тоа..Ми имат изгубено менѓуша,ми имат скинето ланче,каиш,блуза зацепено,закачено или сл...Па голема работа..не сум јас за едно ланче,или блуза..Ќе си купам нови
Никогаш не сум побарала облека од другарка..или пак некоја ме замолила да и позајмам. Ми изгледа многу глупо.Јас со никој не ја менувам облеката имам помал брат а не сестра. И ако едноставно се случи некоја да ми побара парче облека..јас јасно и гласно ќе и кажам-НЕМОЖЕ.Нема тука страм не страм.Кажи и го тоа што ти пречи.Покажи некој став..ако дозволиш вака не само таа може и некој друг да те вози..и да те лаже.. Ти не си требала воопшто да и даваш. Хм..колку иронично од страна на твојата другарка..па уште викала фала кога ќе и го пофалат `новото` парче..
Па супер за тебе, ама мене таа маица ако ми е купена со последни пари, да ја дадам на некој др да ми ја носи па уште да ми ја скине има убаво да ме заболи у срце. Не менувам облека со никој, единствено може џемперчиња што се носат онака врз нешто друго и тоа со мајка ми. Прво одвратно ми е и да е исперено, гадлива сум премногу. Второ нема потреба, што имам тоа ќе си носам. Обетки исто не би позајмувала, единствено може некоја алка или ланче.
Во последно нејќам ни да давам ,ни да земам.. Ок ,постојат исклучоци на 2 месеци еднаш да земам некое парче облека од најблиската другарка,ама да си заредам не. Мразам кога некоја нема исаф,а уште појќе мразам кога нешто ново ми бараат. Едноставно кажано грда навика е менувањето облека,ама то ти е резултат од љубомората и алчноста на луѓето..
Никогас не сум барала гардероба од другарки,а сум позајмила едвај неколку пати и тоа еднас од тие 2 пати облеката ми ја вратија скоро унистена срцееее ме болесе и веке никогас,сто имас носи си ...
Само неколку пати имам позајмувано и ми имаат позајмувано и толку. Повеќе не сакам. Како прво не е хигиенски и како второ не можам моја облека да гледам на некој друг. Само со сестричката моја си позајмуваме...хехехе оправдано е, иста крв сме
Јас ова не би можела да го поднесам ... Па таа штом е таква не е вистинска другарка туку само за корист ... КАЖИ И ДИРЕКНО КАКО ШТО ТЕ ПОСОВЕТУВАА СИТЕ ФЕМИНКИ ПА НЕКА СЕ ЗАСРАМИ ... Ниту и барам на другарка ми , ниту и земам облека
Еднаш една другарка ми има побарано чизми , тоа беше кога бев во средно , и ги дадов , но поминаа недели и ништо не зборуваше па и реков да ми ги врати , и се нешто утре-задутре , заборавив итн. и еден ден ми ги врака нечисти како во бавча да ги носела Е тогаш прв пат дадов и последен пат веке никогаш , прво не е хигиенски а па и зашто да давам , таа нема ли алишта дома па да зима од друг..
порано имав 2 другарки и тие беа сестри и секоj викенд идеа каj мене и ми бараja алишта и jас му давав ама па станаа досадни и со 300 маки ги отка4ив и од тогаш ни давам ни земам. а и од каде ке знаам каква кожа имаат има многу преносливи кожни болест.