Јас во мојот живот ни сум дала па ни сум зела облека од другарка, и не ни имам намера да го правам тоа
порано во средно си разменувавме облека со бившата најдобра другарка тако звана кучка и знаете сто ми зеде, танга гакички дада идиотката значи ми ги зеде не ме ни праша и се разбира никогаш не си ги побарав назад со здравје нека си ги носи
Јас не земам алишта, а не ни давам. Само понекогаш ако им фали нешто во комбинацијата,што е мн ретко ,им давам ланче, каиш, алка, но тоа е тоа.
Кога бев помала земав блуза од другарка и кога ме виде мајка ми ке ме иселеше од дома полн плакар со алишта а јас сум земала блуза а второ не е хигиенски,од тогаш не сум земала ама баш ништо а се што сум дала ниту ми вратиле ниту пак сакам да ги земам.
Големото чудо Но се разбира не на било кого, само на најблиски. На пример кога бевме на одмор летово дека не си понесов јакна па постојано ме снабдуваа срцките Или на пример исто од летово една другарка ми побара една блузичка ако може да ја носи само една вечер бидејќи многу и се допаѓала. Мене лично не ми пречи ете така понекогаш да си позајмиме по нешто кога има потреба или желба, но не постојано се разбира.
Имам зимано само летово на одмор, стварно носев премалку алишта додуша на почетокот на летото толку и имав, бидејќи многу се поправив. Друг пат имам земано само алка/ланче, а давано имам ехеј, и те како. Кога некој ќе ми побара глупо ми е да речам неможе.
Имам земено само еднаш два пати во животот и тоа само за послебни прилики (пр. фустанче за свадба). Обично избегавам затоа што преголема е обврската да не го оштетите парчето не дај боже. Сум дала и јас, но сепак ги избегавам и едното и другото
Во средно дури ме викаа експорт импорт зошто секој ден си се влечкав со кесите до школо ги снабдував со алишта и за секој ден и за искачање,дури се случуваше јас да ја немам носено а да им ја дадам да ја носат,нешто враќаа нешто остана кај нив што многу ми е жал зошто сега кога ќе ме видат у град ни едно мошано здраво не кажуваат.И колку пати се дешаваше усмрдена облека да ми вратат или со траги од стик Неблагодарнички е тоа ти се вика рани куче да те лае
ми се десило да им дадам и да ми оштетат облека или да ми го скинат ланче или обетки и од тогаш амин давање... никогаш не сум им побарала а не ни планирам
Фала богу во моето друштво вакви работи нема. Секој си го носи своето и тоа е тоа. Не обожавам да делам облека со некој друг, посебно не со другарки.
Прв пат и последен и имав позајмено на една тако звана другарка нова пролетна јакна која ја платив 100 евра,јас ја немав ниту еднаш облечено и ми ја врати по три месеци со изгорен патент,што ми беше многу чудно,којзнае што има правено.Одтогаш никако и никогаш.Веднаш се скарав со неа.Ма какво давање на облека,ма кои другарки..И на крај краева збе зошто да давам,во име на јакото другарство,а зад грб ти ја пцуе мајката.НЕМА ШАНСИ НИКОГАШ ПОВЕЌЕ.
сум го поминала јас тоа ехееееееее. колку блуски фармерки мои другарки излаваа во нив.. па ми ги вракаа расипани. изгорени со пеглааа. криев од мајка ми и давав .. не дека сакав ама ете не можев да кажам не.. но сега, после многу години си го вракам фиомот.. колку греска сум правела, истите другарки сто се фрцкаа со моите алиста .. и куп други работи сега .. сме на едно здраво.. станува збор за полсе 15,16, години.. со некои сум усте блиска .. ама на тие сто ги износија моите алиста не.. така даа. размислтее дали вреди .. тоа сто го правите а васите мајки не си купиле можеби за нив да ви купат најдоброто најскапото .. едноставно се за вас а вие .. спонзор на твојата другрка и да! таа те гледа само со такви оЧи, како спонзор за гаредороба.. позз и едноставно ценетие се самите себе .. и трудот на васата мајка за да го имате се најдоброто.. е и усте ова ако ви побара усте еднас .. реЧи ако немас можам да ти позајмам неколку парцинја облека сто веке не ја носам .. ми зафака место во плакарот.. бидејки ако барас облека .. знаЧи немас .. ама ако барас за да си Чалам.. ееееее тоа е несто друго. со туги перја .. ке се китат деф тамо
Немам побарано, ниту ми имаат побарано. Се случувало за нешто, за некоја посебна пригода, па да размениме по некое парче облека, но секогаш уредно сме си ги враќале. Или пред излегување ако сме кај едната па да испробуваме различни алишта (ова у тинејџ периодот) па ете нешто да се совпаднало па да го облечам. Ама да земам блуза и да ја носам и на работа и на кафе...абре бегај таму, малку ли имам свои незнам што да кажам за таквите девојки, не сум имала таква другарка до сега
Немам позајмувано од другарка никогаш ни она од мене, еднаш само се случи од една да земам каиш, а од друга ташна и да ги носам така некој период , и тоа беше се, ама облека од друг ми е шујбет да облечам
Јас позајмував своја,ретко барав туѓа али сега пред една ден кога видов дека блузата што и ја дадов на една другарка кога појдов да си ја земам ја носеше сестраи више никогаш решив да не позајмнувам на други.Плус тоа типкава појде се преслече ја здипли и исто ко да не ја носела ми ја врати а се секаваше сеуште топла и со сосмирисана.Више готово облека не давам.
јас до сега сум позајмила само една јакна,бидејки беше ладно надвор,а другарка ми не носеше јакна,а тоа беше само за до дома да отиде, инаку не давам на другарки и не ни позајмувам,затоа што не верувам дека ке ми ги врати мозеби лошо зборам,ама веке несакам и немозам на никој да верувам