да и јас имав ваков случај си купив ново свечено фустанче свилено , кратко за на свадба посто бев на свадба за 2 недели и она доага и ми го бара да одела на свадба она бесе на свадба пред мене и ми го побара мислам ниту јас не сум го облекла фустанце од 2 000 денари и она веднас да искористи за во сколо доага една вецер за сликанје имавме утре во сколо и ми бара да сум и дала несто за носенје никогас јас не сум и побарала ни една обетка
Порано ретко позајмував облека на другарки ама сега ич. Многу одамна една другарка ми ја побара опремата за физичко ( тренерки, блуза и патики) демек ја заборавила дома нејзината. Прво тие имаа час па после нив ние, и ми ги врати испотени, гнас ми беше да ги облечам Вториот пат кога ми ги побара пак и кажав дека неможам да ги носам испотени и не и ги дадов. Исто и со цимерка се испокарав заради тоа, си бараше сама по мојот шкаф, облека, чорапи, козметика... кога ја фатив и се развикав многу Затоа не се срамете девојки, треба тие да се засрамат што немаат свест
Мене лично не ми се допаѓа идејата да носам туѓа облека или да ми ја носат мојата.Тоа е многу нехигиенско и воопшто не го практикувам.Јас дури некогаш не и давам на сестра ми да ми ја носи облеката, а не пак на другарка.Не благодарам Ако го сакам тоа парче облека ќе си идам и ќе си го купам.Ете така
Многу често давав облека на другарки,но сега веќе не.Секогаш ми ја враќаа со некоја мана.Колку и да ми се лутат не им давам веќе
Никогаш ! Сметам дека облеката е нешто што го купувам за себе и сакам да го носам само јас. Ептен некогаш на мајка ми знам да и дадам нешто , бидејќи прилично озбилно се облекувам ( во долги работи, затворени деколтеа) . Најмногу се нервирам кога сестра ми ќе ми земе нешто Ново, само што купено ќе ти го врати како од просјак да го соблекла. Што им прави на облекиве незнам. А недај Боже штикла да ти земе. Ауу, крај. Има криви нозе и секогаш ми ги враќа криви и без флекни. Затоа, ни на сопствена сестра не и верувам а камо ли на другарки. Ако нешто давам секогаш се простувам од него и не очекувам да ми го врати и после ми е полесно на душата кога ќе го видам испердашено.
Никогаш не сум дала на другарка да ми ја носи мојата облека ниту јас сум побарала и носела туѓа, од едноставни причини сметам дека тоа е нехигиенски, и едноставно за да немам после тоа нервози дали ми ја уништила или не облеката што сум и ја дала и обратно, и ако некој ми побара во иднина со едно убаво објаснување сметам дека не би ми се налутила ниедна другарка.
Не ми пречи да ја носи другарка ми мојата облека ми позајмува и и позајмувам ама секогаш и кажувам да ми ја врати не перена. Затоа што еднаш кога и позајмив на една другарка една мајца ми ја врати исперена ама и исфарбана и од тогаш не им давам да ми ги перат алиштата. А најмногу од се мразам кога ке и кажам на една другарка што ми е многу блиска тоа сакам да го купам и да го имам и таа оди и пред мене го купува и нормално ја се вадам од кожа и не го купувам
ее и мене кога ми збореа дома да не давам облека јас ајде дее шо ќе биде другарка ми е,сега да сум нема шанси да дадам уште ми ги нема вратено и викам ама како да се прави наудрена вика ке се потрудела боже и затоа немојте да давате сеа криво ми е што сум давала ама тоа е
Никогаш! Си носам тоа што си имам и другарките знаат дека не давам алишта. Единствено сум позајмила фустанче од кај моја братучеда ама само еднаш . Не можам цело време да се пазам дали ќе ја оштетам или накапам......... воедно не сакам некоја другарка несакаќи да ми ја оштети облеката.
Позајмувам, и тоа не знам веке на колку другарки сум им дала, и фустанчиња и штикли и накит и др. Многу ствари што сум ги купила уште јас прв пат не сум ги носела, ке ми ги побараат, ама тоа е. Понекогаш се изнервирам, ама како да им кажеш НЕ МОЖЕ. А јас никогаш не сум позајмила од друг, едноставно не можам туѓо да носам.
Кога позајмив една кошула беше многу убава,но кога ми ја врати беше сама да се бендис од тогаш не давам на никого ако сака нека си купи и нека си ја носи блузата што тогаш не ја дадов ни ден денес не можам да ја носам!
Јас никогаш не сум побарала некое парче да носам, едноставно не сакам. Немам многу гардероба нит обувки па така си ги чувам многу, зошто не можам да си дозволам секој месец да купувам нешто. Јас купувам при крајот на сезоната. Најдобрата другарка исто не сака да се позајмуваме па така баш ни е убаво. Еднаш само позајмив две маички на две девојчиња и иако се договоривме утредента да ги вратат, ништо од тоа. Им реков дури 3 пати за дури по една недела да ми ги донесат. Боже Петра! Ми побарале, сум дала. Врати го навреме, а не да те молам. Оттогаш, ништо не давам. Само културно ги одбивам и толку.
Мене ова ми е несфатливо, тотално. Ниту јас ниту моите другарки никогаш не си позајмуваме облека. Ај накит нешто или некој каиш и ташничка, тоа е океј, ама секако дека ќе го вратат. Ама облека, не. Јас сум си купила нешто за мене, не можам да замислам некој друг да ми го носи, или да носам нешто од некој друг. Жена ми на братучед ми повеќе пати ми има побарано некое парче облека ама јас од околу ќе и кажам дека не сакам да и дадам и ќе сфати. Познавам такви што си позајмуваат облека и не знам што е целта кога сите знаат дека е позајмена, а не твоја. Подобро/помодерно ли ќе изгледаат?
Не практикувам да менувам облека со другарки затоа што се пренесуваат многу кожни инфекции,а и денес се наоѓа облека за сечиј џеб и мислам дека секој може да си дозволи да си купи по нешто.Имав една другарка без осет беше кога и да дојдеше кај мене одма ми буричкаше по плакарот и ми пробуваше облека без прашање и сандали или салонки.Сама м доаѓаше ненајавена као демек да ме викне кај неа и ќе ми заседнеше а мене коса ми се крева не сакам никој да ми чепка во личните работи колку пати ми бараше и пари да и купувам облека и еднаш и кажав не можев веќе да ја трпам и малце се замсли и на крај воспоставив дистанца тоа беше најдоброто решение.
site drugarki mi se slabi a jas sum si pokrupnaa taka da ni davam ni zemam edinsteveno samo za nakit mi pobarale nekoi obetki ili lancee no vednas mi gi vrakaat ..
Не ни барам, не ни давам облека Ретко се случува евентуално на одмор кога сме па да смениме нешто меѓу себе за вечерта .. ( ама ретко ептен ретко, дали 2 пати ми се случило до сега).
Па не сакам да давам и зимам нечија облека.Се случувало да менуваме облека со другарка ми на 14-15 години,ај оправдано е деца сме биле и ни било мерак.Ама сега веќе не
Можам да позајмам некое парче облека единствено на мојата братучедка а со другарките ми се случува многу ретко да побара некоја или јас да позајмам нешто но најчесто тоа би било некоја ташна, некое парче накит и слично.
Ко мала многу тешко ми паѓаше ако некоја другарка побара парче облека од друга другарка, а не од мене. Си мислев дека не им се сфиѓа мојата облека, а уствари пошо најголема бев, на никоја немаше да и биде точно нешто мое. Ох бре теле глупаво! Сега кога сите пораснаа..пак не ми бараат ама пошо знаат како ги чувам алиштава и фаците што ги правам кога ќе ми посакаат нешто А накит давам, да.