Не ми пречи ништо да дадам или да земам од некој облека. Со најдобрата другарка ретко си позајмуваме, ама тоа се некој ситни работи. Освен кога јас последен пат земав од неа чизми. Ми се има случено кога братучетка/другарка е кај мене, и јас да и дадам нешто да носи бидејќи нема доволно со неа и обратно. Знам дека има опасност од инфекции и разни глупости, ама ..
Сум зимала алишта само кога било неопходно, на пример дуксер за да не смрзнам ако му текне на времето да се мрдне, кај другарка на роденден блуза ми даде, зашто ме истурија со вино и сл. Иначе да земам алишта со намера да се дотерам со нешто туѓо- не. Имам една комшика, искрено не ми е блиска другарка, чат-пат кафе пиеме... И типката кога ќе си се договори со дечкото да иде на вечера или со другарките во кафана, знае да се појави кај мене пред врата со блажена фацка и со прашањето "Абе, ај да го носам тоа твоето ново фустанче, вечер ќе излегувам и мерак ми е да го носам". Да, не е ни прашање, туку предлог И кожа ми се крева, поготово зашто споменатото фустанче уште ми беше со етикета и го запамтила кога се распакував од одмор пред неколку дена и си дојде да ми го побара И знаете што? И го дадов, зашто сум глупава. И така безброј пати, знае и цели комбинации да ми бара, пример како што сум била облечена вчера, она ќе ми го побара цел аутфит за другата вечер. И така безброј пати.. Ама собрав сили, последниот пат кога ми бараше еден фустан што го имав само еднаш носено, почнав да се вадам дека сакам јас да го носам, уште не ми е поминат меракот, а у... Да се вадиш за свои алишта? Мора да си идиот како мене. А за блиските другарки, искрено некогаш и ми е мерак ако сакаат некоја ситница моја да носат, што знам, ми доаѓа како комплимент на мојот вкус
Си позајмуваме преку лето. Никогаш не сум ги задржала нејзините руби повеќе од еден ден кај мене а и она моите. Добра се сложуваме во тие работи и на мене воопшто не ми смета тоа. Сепак најдобри другарки сме.
Само од една другарка до сега имам позајмено. Со девојчето сум цел живот заедно и нема зошто да ми е гад или нешто друго. И таа од мене има позајмено. Исперено, испеглано, средено. Има кутрата има блуза кај мене, ми ја позајми дури летото и секогаш заборавам да и ја вратам. Знам дека ме читаш сега, не ме карај те молам
Облеката и ја давам да ја носи само на најдобрата другарка.Се разбира таа веднаш ми ги враќа наредниот ден испеглани,исперени...Доколку некои Петко и Станко кои вчера сум ги запознала ми ја побараат облеката(добро може да дадам некое ланче и сл.) се што добиваат е едно НЕ ,и крај нема тука што повеќе да ми дискутираат
Никогаш не позајмувам облека на другарки и никогаш не земам ништо од никого. Не сакам никој друг освен јас да ги носи моите работи, а не сакам ни да носам нешто туѓо. Најпрво од хигиенски причини, а потоа поради тоа што може никогаш повторно да не си ги видам работите.
Никогаш не позајмувам моја облека.Не сум позајмувала и нема ни да позајмувам.Ниту пак сакам да ми позајмуваат.Никогаш не сум сакала да носам нешто туѓо,не сакам и точка. Освен тоа никој не сакам да ми ја носи облеката.
Што? Да ми го побара новото парче и да ми го носи во школоо..ај еднаш - два пати, али после нема шанси да и дадам нешто.. бтв каква е таа другарка?
Што да дадам на некој???? А не фала, ни давам ни земам што имам тоа ќе си носам а фала му на бога имам што да облечам и не одам гола.
Досега не ми се случило да позајмам од некоја другарка нешто или некој од мене Едноставно што си е мое мое си е,што си е нејзино нејзино нека е А и без тоа,сите имаме различен стил,така да.
Само со една другарка почесто си позејмуваме облека, повеќе јас и давам одколку таа мене. Ако не ми треба нештото во моментот обично им го давам ако им потреба на некоја од другарките, иако не ми е сеедно. Можеби некоѓаш и мене ке ми потреба нешто па ке побарам, никогаш не се знае иако не сум таков човек, т.е немие пријатно да барам туѓа облека.
Па може да се позајмува само со усул ,а не секој ден да ти ја носи облеката тоа не го сакам, а има и такви
со облека ретко се појзамуваме(скоро ич)сите различен бр си носиме, понекогашчесто со обетки,белезики, ланчиња , не со сите само со најдобрите другарки . (на секого неможам ни да му барам такви раб. ниту пак да им давам)
Сум позајмувала облека и тоа е било во некаков момент..кога надовр е премногу студено а сме во близина на мојата куќа па како другарка ги опремувам сите..хаха!А најчесто давам накит на другарките.Сепак облека си е облека,твоја си е...пред се е не хигиенски.Единствено што менувам со мајка ми а тоа е некој блузу,кошули...
Сум позајмувала облека за вечерно излегување ако има потреба и другарките ми имаат позајмувано мене. Не гледам ништо лошо во тоа, нема да го носи цел ден или секој ден, тоа се само 2-3 часа.
ниту позајмувам ниту сакам да позајмуват од мене. Што ако случајно ја/ми ја извалка/м ????а да не можзам да исперам...или обратно? или пак сум слушала нафрлувале магии на блузи или што било... ако сакам како неејзиното ќе си купам ,сошијам или ќе ми остане неостварена желба само толку
Пзајмувам од нив и тие од мене. Нема никаков проблем тука Нема сигурно најдобрите пријателки да ми фрлаат магии или слично на мои алишта
Кај мене во клас има една што се од други носи... Пред мене седи таа (X) и една друга другарка и сега другаркава секогаш носеше на школо накит и такви работи бидејки нејзините имале продавница за такви џиџи- миџи работи. И сега оваа Х, ја виде дека имаше една алка на која имаше повеќе привезочиња и и вика ај позајми ми ја алката Y, ако не скарана сум ти! И девојчево и ја даде. И после 2 недели и ја врати, и пола од привезоците и ги немаше. И има барано балетанки, и фустани, се. Еднаш ја гледаш едната, друг пат другата го носи истото порче облека! И мене ми има побарано работи, но никогаш не и давав со оправдување дека мајка ми не ми дава, се додека еднаш не ми побара ЛАБЕЛО и тоа пола го имав потрошено... Е тогаш и реков дека не сакам ништо да ми бара посебно не шминки и такви работи за ЛИЧНА уботреба! Може скржава ќе ме наречат, ама подобро така отколку да фатам некоја инфекција!