Eдинствено кога сме биле заедно друштво на одмор сме разменувале алишта, а друг пат не. Не сакам јас така. Тоа што е мое, мое си е. Глупаво е да не гледаат низ град како си ги менуваме алиштата.
понекогаш и позајмувам на драугарками некоја блуза, ретко јас од неа да земам пошто е доста попуничка од мене
Aхххх бее пред неколку години една мислев дека ми е другарка цел живот се знајме од мали нозе и побарав некоја сукна за на свадба беше и ај ми даде некако, ко ојдов да му ја вратам ми вели ами мајками рече небило убо да си позајмуваме и јас WTF??? Добро ко така нема проблем.......сега од ко пораснавме како драсната во мозокот како да не се сеќава кога и да нема нешто облека накит било што трча кај мене да бара мислам стварно???? Where is the brain????
Не позајмувам и не ми позајмуваат освен ако пристуди надвор па да ми позајми некој дуксерка, истото го правам и јас. Воглавно дуксерки се, друго немам позајмувано.
Не не позајмувам и не ми позајмувале зашто ние сте носиме различен број и имаме многу различен стил на облекување.
Ниту сум помислила на позајмување облека со другарки. Несакам да ми носат моја облека ниту сакам туѓа да носам.
Ништо страшно ако позајмиш и ти позајмат, подобро да го позајмиш нештото отколку да и се свиди па да купи исто такво и да шетаме ко близначки по улици
Никако. Ниту давам ниту земам. И нема тука ништо за лутење, што се тие глупости? Да ми се лути оти не сум и ја дала мојата кошула? Па јас не сум црвен крст. Моја си е таа кошула, јас сум си ја купила-јас ќе си ја носам. Облеката за мене е многу интимна работа, не сакам да ја споделувам со никој, ниту пак сакам туѓа облека. Ни блузичка, ни патика, ни ништо. Од хигиенски причини не е убаво. Бљак.
и јас сум иста како тебе,ни давам алишта ни земам...колку со можам да си дозволам ќе си купам и толку ќе си носам,не барам туѓи алишта,плус и срам ми е да барам да не испаднам како да питам по куќи за алишта
^ се сложувам. Една другарка еднаш ми рече(значи ми рече, не ме праша) дека ќе позајми неколку кошули и едно палто. И јас: Кога и се развикав. Тие работи се мои, јас сум ги купила за мене, не за неа. Ако толку и се допаѓаат нека оди и нека си купи. И што е најтрагично, не ме праша, туку ме извести. Ќе ми ја позајмила облеката, бидејќи ќе одела на роденденот на тој што и се допаѓа, сакала да му се допадне. Не позајмувам облека на никого, бидејќи, не е хигиенски и тоа сум го купила за мене, не за некој друг. Нели? Spoiler И не контактирам повеќе со таа што сакаше да ми ги "украде" кошулите и палтото.
порано имав една другарка што редовно сакаше да си носи моја облека,знам дека немаше да си купи,ок,разбирам ама без осет беше,на секое доагање кај мене се нешто ми бараше мизерна ми беше дури,па потоа требаше да одам кај неа за да си ја земам облеката,она не ми ја носеше,ехеееј колку маици ми има износено(читај избледено од носење)имав едни со гол стомак од братучетками и јас нормално несакав такви да носам ама она гајле си немаше ,еднаш дури се расплакав кога ми ја побара најновата маица еднаш облечна и мајками ми рече дај и ја,нема да си купи кутрата,е ако нема да си купи нека носи што има,не сум јас црвен крст а сега ми е супер со тие што се дружам не си позајмуваме,единствено едната си купува работи како моите тоа ме нервира ама подобро отколку да ми бара облека цело време
Многу сум хистерична кога станува збор за мојата облека. Само на сестра ми позајмувам бидејќи знам дека ќе ми пази, нема да го расипе нештото, на пример да ми ги искриви штиклите. Ниту барам - ниту сакам да ми бараат. Многу пати сум посакала да носам нешто од кај некоја другарка, ама не сум се осмелила да го побарам и нема да ми се случи. Еднаш кога бев во основно уште, си ја дадов омилената кошула и фармерско елече на една другарка и со месеци не и текнуваше да ми ги врати. Еднаш ми скисна, ја сретнав на улица и со неа право дома да си ги соберам работите. А тие - ушлакани, под мишки упропастени - никогаш веќе не ги облеков. Штикли исто така нејќам да давам. Е, кога другарка ми доаѓа на гости можам пижами да и дадам, немам појма како - дури и чудно ми е, ама не сум чувствителна во врска со нив. Амаа, кога истата другарка ми бара алишта за излегување не ми се даваат ама и дадов. Што не си си земала кога си мислела да излегуваш? Среќа, другарките освен оваа не ми се такви да ми бараат облека, не би знаела како да речам не.
Jас на никого не давам облека,зашто ако некој друг ми ја носи јас после неможам да ја облечам,се чуствувам неубаво и мислам дека ме чеша цела кожа..па ако сака и 500пати нека е преперено..и кога некоја другарка ќе ми побара јас отворено и кажувам дека не давам..додуша сега ме научија па не ми бараат..а ми се има само еднаш случено јас да носам од другарка..ама тој ден бев кај дечко ми и после требаше со другарка ми да идеме до град,ја носев блуза по кратки,а надвор беше ладничко и немав време да идам до дома па она ми позајми нејзино палто..и тоа го земав зашто морав,а и другарка ми ја знам од кога знам за себе..постојано сме заедно. A несакам ни чанти или накит да позајмувам..зашто уште во 7одд. кога бевме на одмор од школо..вечерта во хотелот каде што бевме сместени имаше журка и имам една другарка што постојано зима нешто од кој стигне -.- ми побара една чанта и ајде и ја дадов и смотанава ми ја упропасти..незнам како успеала цела да ја искине..(а ја сирота мајка ми ја убив молејки да ми ја купи ташничкта и кога ја видов таква испокината ми идеше да си заплачам,одма и се јавив на мама да и се пожалам,па кога дојдов дома ме чекаше иста таква нова ташничка ) мене не само што ми е неубаво да носам нечија облека туку ми е и глупо да побарам,ако нешто ми се допаѓа ке идам ке си купам исто или слично ама у никој случај нема да барам,а не само тоа ке треба и да го пазам да не го искинам,исфлекам..вака мое си е па и да го скинам нема да ми биде толку криво,а посебно штиклите..нив за ништо на светов не ги давам.. сите ми се посебно драги..и секој ден си ги чистам..дури кога ќе искачам некаде додека сум во такси или пак седам некаде одма вадам влажни марамчиња и си ги бришам..другарките ме зезаат стално за тоа дури и влажни марамчиња ми купуваат
Без разлика дали станува збор за блиска другарка или не, никогаш не им позајмувам од мојата облека Досега никоја од другарките ме нема прашено дали да и позајмам нешто (кошула,тексас јакна... итн.), бидејќи им давам до знаење дека ниту сакам да давам, ниту пак тие мене. Можеби ќе ме сметате за скржава, но јас ни на сестра ми не и позајмувам Колку пати досега ме прашала и се‘ што сум и дала до сега е малата бела чантичка од полуматурската, и тоа на секоја минута и се јавував да внимава на неа,бидејќи таа ми е омилена Таа на мене многу работи ми има позајмувано и јас секако си ги носам, а од друг да земам нешто не Откако работите ми стануваат малечки ги донирам (испеглани и исперени), подобро така барем знам дека некои деца ќе се израдуваат и ќе си ги носат, а воедно и насмевка ќе има на нивните лица (со последната реченица малку забегав од темата, ама ако )
Не, не и не. Ни сакам да носам нешто од другарки, ни сакам да носат нешто мое. Односно не давам. Ме немаат прашано до сега за некое парче, бидејќи знаат дека не давам. Облека менувам само со сестра ми, и тоа не многу често.