Ниту земам туѓо, ниту давам мое. Еднаш дадов една блуза на една другарка и наместо таа да ми ја врати излегувам и ја гледам сестра и како ја носи. И ајде не реков ништо. Но кога ми ја врати блузата и гледам изгорена од цигара, е ми пукна филмот и реков крај со ваквите работи. Веќе никому ништо не сум дала. Јас дури и со сестра ми ретко менувам работи а не па на други да давам.
тоа кај мене се нема случено бидејки се знае ни јас сакам да земат од мене ни па они бидејки нема потреба. тоа се познава која чива е облеката а и не е хигиенски
и јас така се нервирам ко че ми побара облека ..мислам јас пак му давам ама моево не е до толку ..тука вејче другарка ти претерува да ти ги носи и на школо работите па и то шо че и го дајш да мисла дека е нејзино и да и вика што убаво ти е и таја без срам фала да викаа...немој да си дозволиш појче така...речи и не давам и крај..
Давам или земам по потреба, на пример кога времето се сменило па да ми дадат или да дадам дуксер, чорапи ( ) и слично. Само со една другарка имаме разменувано шминки, но шминкиве и не ми пречат толку за разменување отколку некое парче облека. Истава другарка со која имаме разменувано шминки, на некоја нејзина друга другарка и позајмила маица. Нејзината друга другарка следниот ден и ја вратила изгужвана, испотена на другаркава со која имам разменувано шминки Никогаш не ми побарале да им позајмам облека, ниту пак јас сум побарала да ми позајмат облека
Со една другарка позајмуваме чанти, каиши, марами, ама бидејќи е многу пониска од мене, не можеме да си позајмиме нешто друго... Би позајмувала облека со неа бидејќи знам дека нема да ја оштети и ќе ми ја врати на време, исперена и испеглана... Ама од друга страна пак, имам една другарка која нон- стоп ми бара нешто за носење, и позајмив неколку пати една интересна кошула, и едвај ја добив назад, еднаш не била перена, друг пат не е дома итн. Ајде еднаш да позајмиш, не е проблем, ама вака без осет да бараш, па не иде... А скоро сите парчиња облека за излегување ми се специфични, и никој друг нема такви, бидејќи баба ми ги шие. Па и јас почнав со тоа дека тоа и тоа парче облека не ми е перено...
Па ние можеме да си позајмиме со другарките некоја блуза, фармерки или фустан само на една вечер, кога немаме време за купување нови ствари а и немаме што да облечеме
Моите другарки знаат дека мразам да делам облека, дури ни со мајка ми не делам. И од хигиенска причина, и од тоа дека сите имаме различни тела и начини на живот и може да ми ја рашират/ упропастат/ исфлекаат и сл. Правам исклучоци понекогаш, посебно на одмор, ама ептен ретко. Плус јас сум повисока од сите мои другарки, послаба и со ептен специфични колкови и многу е тешко да им е нешто точно.
Никогаш не сум имала проблем со позајмување на работи, но со две три блиски другарки. Мојот плакар секогаш им бил отворен и нивниот за мене. Често знаевме да си се јавиме: Еј, ќе го носиш тоа и тоа... И не сме правеле проблеми. Имам другарка што ми е поблиска од сестра и мислам дека освен гаќи, се друго имаме позајмувано. И воопшто не ми било шубе или гадно.
Не дека со сите другарки разменувам облека но имам 2 со кои понекогаш го правиме тоа и со братучеда ми исто така. Но се е во граници на нормала. Доколку сум го позајмила после носењето одма го враќам. Така и другарките праваат. До сега не се случило да си присвојат нешто мое
никогаш! Не барам и не давам облека на заем,па макар и да немам што да облечам. Се сеќавам еднаш на ЕПТЕН блиска пријателка и дадов сукња која ја платив доста скапо од еден дуќан во ГТЦ. Кога ми ја врати веќе не ми беше точна. Беше раширена пошто другарка ми беше покрупна...и толку од сукњата, ја фрлив. Најпријатно се осеќам во своите алишта
Јас немам проблем да си позајмувам со најдобрите другарки кога е ептен неопходно. Кога има промена во времето, или да им позајмам некое не толку впечатливо парче, накит, ташничка... Не ми е гад, знам дека ќе ми го вратат чисто и неоштетено, а и јас на нив исто така. Ама од такт ме вади кога некој ќе ми побара шминки, макар и лабело да е. Посебно четка за пудра кога ќе ми побараат ми се превртува желудникот... Ауу бре гад ми е, како што имам осетлива кожа, страв ми е да не се испофрлам цела. И за штикли исто, срце ме боли за нив, нема шанси да позајмам Не ми е проблем за облека, што и да ми побараат би им дала, ама штикли не. Досега ми се има случено само една да ми врати оштетени панталони, ама ајде нема врска. Ме изнервира само што не ми кажа ниту извини, а кога дојде да ги проба виде и сама дека и се тесни...
Пред неколку години имав две другарки и само со нив се разменував...Ама кога едната си ги присвои работите и ми ги врати дури по 5-6 месеци не!А и плус то кога ќе ја прашав онака одоколу да не биди директно врати ми ги алиштата и ќе и речев абе дај нешто немам ништо поќе за носење и таа ама не можам моите не ме пуштаат И така неколку пати,ми пукна филм и си ги побарав и од тогаш ни да побарам алиште ниту да дадам!
Не сакам да носам туѓа облека, па ни мојата некој да ја носи. Можам да и позајмам на другарка ако ептен и треба нешто за некој настан да нема што да облечи а тоа многу ретко ми се десило. Несфатливо ми е кога другарки си менуваат облеки секој викенд. Прво едната ќе ја видиш во тоа, после и другата. Тоа што имам дома тоа и ќе си го носам, не патам од комплекс некој да ме гледа секој викенд со различен фустан.
Ни сакам да давам ни сакам да носам. Нема ни причина зашто! Освен тоа е како да сака да ме копира некој..
Не позајмувам често облека на никоја од другарките,покрупни се од мене неколкуте,само еднаш и дадов на една другарка болеро,ама беше растеглив материјал и ништо не му беше,ми го врати чисто испрано и во иста состојба.
Не ! Порано може се дешаваше ама многу ретко да земам или да дадам некому нешто мое да носи ама сега дефинитивно нема шанси и колку да ми се свиѓа нешто нема да го побарам поарно ќе одам и ќе купам ептен ако ми влезено в памет отколку да го прашам (како понижување ми е некако или копирање како што кажа пред мене Феминка )
Против сум и ако сум давала облека,поќе недавам од негативни искуства, и никогаш не сум зела од некоја другарка да носам, не убаво би се чувствувала во облека од друг .