Се нериврам многу.Несакам никој друг да ја носи мојата облека,освен јас. Несакам да им давам ни најмалку на другарки,ниту пак да барам облека.Најдобро ќе си носам тоа што имам дома.
На никого не ја давам облеката освен што на мојата најдобра другарка еднаш само и дадов горен дел купачи, и тоа јас инсистирав да и дадам! Ниту барам ниту давам! А имам на една божем ,,најдобра,, другарка и дадов едни кремасти фармерки. Ми ги врати целите изфлекани со кој знае што и смрдеа труеа на цигари. Шокантно! Спојлер И ги дадов кај 20 септември, а ми ги врати пред некоја недела две. Ама ми ги врати зошто јас и реков повеќе од 10 пати дај ми ги, ми требаат, ова она и она како наудрена се прави. Уффф
Ми имаат позејмувано облека, но многу ретко, кога е неопходно . Само облека за на физичко си имаме позајмуваме низ цела генерација од други девојчиња, од други класови, сеедно, само да е точна. И понекогаш патики. И јас имам давано, не велам не, но во последно време не давам, оти се има случувано, опремата да ми ја вратат испотена . А патики,давам само на тие од класот . А ми се има случено лани, почнав да си носам сјај за усни на училиште и кога ми го видоја сјајов децава, одма се насобраа, ми го грабнаа од раце и без да прашаат си се намачкаа . Кога и кажав на мајка ми за тоа, одма сјајот леташе в канта, а омилен ми беше . И во иднина нема шанси да давам нешто, било облека, обувки и слично. Ако толку им се свиѓа нека си купат .
LittlePinky добронамерен совет. Опрема за на физичко, НИКОГАШ да не даваш, ниту пак да земаш од друг. И нормално дека ќе ти ја вратат испотена кога се знае што се прави на часот по физичко. Како бе така не ви е одвратно, па јас моја блуза не ја носам по два пати и одма ја перам после едно носење, а не да земам од некој друг што носел. Гледам дека и сама си сфатила, ама морав да ти кажам. Немој, те молам. Инаку јас да си кажам за мене, нит давам, нит барам. Порано кога бевме помали знаевме да се смениме многу пати, ама тогаш не ми пречеше. Иако за волја на вистината не се случило да ми вратат некое парче облека валкано или неиспрано или па да ми го вратат после една година како што гледам има случаеви. Се што сум дала, ми вратиле испрано, испеглано и здиплено за кратко време. За тоа сум била и јас коректна ама биле и спрема мене. Ама тоа порано било како било, сега нема шанси. Тоа што си имам тоа ќе си носам.
Ниту јас барам ниту ми бараат Облека со другарките си позајмуваме само кога тоа е неопходно -на пр сум на гости и во меѓувреме заладило надвор, секако дека ќе позајмам некое џемперче за додека да си стигнам до дома или, многу поретко, седам кај другарка, гледаме филмови и на полноќ ни текнува дека ни се иде во град, тогаш нема смисла другаркава, пошо она си е дома, да си се пицне а јас да дремам до неа со некоја растегната блуза `за по дома` Никогаш не сум чувствувала потреба да позајмувам убави парчиња облека од другарките за јас да ги носам на искачање, едноставно ако нешто тооолку многу ми се свиѓа, ќе си го купам, не ми е фер некој друг да ги даде парите за јас да го дофатам и маста да му ја извадам од носење. Исто така, среќа, секогаш сум имала принципиелни другарки околу мене и никогаш не сум имала непријатно искуство со облеката која ја позајмиле од мене - секогаш ми ја враќале во нормален временски рок, испрана и без дамки и оштетувања
Си позајмуваме но многу ретко. На мене искрено не ми смета, пошто ги познавам многу добро моите пријателки и знам дека одма врајќаат. А бижутерија си позајмуваме стално, но секако другиот ден право ми е вратена. Ако сакам нешто да ми позајмат на мене, ќе мора и јас на нив да им позајмам, така оди тоа. А ако во случај некоја облека останала повеќе време кај другарка ќе ми ги врати исперани, така иде тоа.
Немам проблем да позајмам некому облека, се додека истата ми е вратена навреме, испрана и уредна. Со една од најдобрите другарки скоро секој викенд разменувам некое парче и досега не сум имала негативно искуство. Било тоа да е ташна, некој акцесоар или кошула, на пример. Не давам (а не ни барам) тесни фустани, од проста причина што ептен сум штица во горниот дел, а сите другарки ми се надарени и обратно- немам стомаче за разлика од некои од нив. За панталони и фармерки и онака не се годиме со ниедна. Да е во прашање некој поширок фустан од типот на a line dress, не ми смета.
До пред некоја година многу давав и тоа без осет ми бараа секој викенд за искачање као јас да треба да ги облечам и од како се освестив јас не барам не сум долзна ни да давам веќе не давам ни парче гардероба
Им дозволувам на другарки да носат мои парчиња облека Знам дека се совесни и уредни, знаат колку ми значи облеката и секогаш кога ќе им позајмам нешто истото ми го враќаат во истата состојба, само + испрано, испеглано, здиплено, се тип топ... Имам доверба во нив и иако јас лично ретко имам позајмено нешто од нив, сепак им дозволувам да искористат нешто од мојот плакар за комплетирање на аутфитот
До пред неколку години давав облека и јас земав, сега ни едното ни другото, нема потреба од тоа ама доцна сватив.
Никогаш во животов немам дадено облека! Еднаш и дадов марама на една бивша другарка, ми ја врати после 3 месеци и тоа ми врати испокината цела. Кога ја видов шлог ме удри Од тогаш памет за друг пат, облека давање на никој!!
Многу ми е глупаво тоа разменување облека. Не сакам злобно да звучам ама нема шанси да позејмам на некоја другарка, единствено на брачеда ми само. Другарките си ги разменуваат меѓу себе и си ги враќаат испотени, со дамки, па дури и потскинати. Искрено има многу завидливи и љубоморни што така ти се прават другарки и ако имаш поскапо ете на пример сако од нивното ти вика еее многу пари си дала, јас моето за 500 денари го зедов. Е да ама твоето само оваа сезона ќе го носиш, така да нема потреба да љубомориш ниту јас да ти судам што така непромислено даваш пари за облека. Носи си го тоа што си е твое и крај.
Мојата облека не ја давам никому, ниту барам. Но, другарка ми беше на крштевка па ме замоли да и позајмам една сукња која сама ја шиев. (си имав купено специјално материјал, се сама ја правев). И, ај, бидејќи е крштевка, и ја дадов (иако не сакав ). И сега ми вели, сукњата ми стои преубаво, сите ми ја бендисаа, не ти ја враќам. И велам дека специјално ја шиев за мене, сум потрошила и пари и време, а посебно љубов и си ја сакам назад. Бев и дома и на гости пред некој ден, и онака ми повтори дека не ми ја дава назад. Стварно ме пренервира !!!! Да знаев не и ја ни позајмував. И отсега ништо не добива од мене.
Еднаш само на една школска ѝ позајмив кошулка за на роденден. Иако немам доверба во неа, сепак ѝ ја позајмив. А и знаев дека ќе ја чува бидејќи заедно бевме на роденденот. Инаку не би дала нешто мое. Може да се случи никогаш да не го добијам назад. Но, таа ја врати кошулата испрана, испеглана, сѐ океј. А јас да земам од некому, не. Само од сестра ми. Си разменуваме облека со неа, имаме потполна доверба, иако јас знам понекогаш кошулата или маицата да ја вратам во милион бои офарбана. Сепак, мама е тука да ја испере и да ја вратам во перфектна состојба.
Лани на една другарка и дадов (како подарок) чизми а немаше повод онака сиромашна (јас имам се што ќе посакам,ама таа не) и реков ајде ќе и ги дадам.После еден месец ми побара патики и дадов.По една година се скаравме и зборувала на мои другарки како она мене ми давала. Е оваа моја чудесна Македонија. .И од тогаш веќе на никој не давам облека.Пошто на некој му правеш добро потоа тој ти боде нож во грб.