Многу многу премногу мразам кога некоја другарка ќе ми побара облека ,значи божем нема што да облече ..и што ако облече еден ден некоја моја блуза што многу и се свиѓала ? да не и никнат рогови .. ах ужасно се нервирам ако некоја другарка ми побара облека како циганка некоја , ,единствено понекогаш и давам на сестра ми облека и не сакам никој друг освен сестра ми да носи моја облека ...А јас никад немам побарано облека од другарка ако треба ќе одам одма ќе си купам нешто што ми треба и готово а не да се циганчам и да барам туѓи алишта..
Само да знаеш дека новите купени алишта биле "циганчени" на многумина пред да бидат купени од твоја страна.
Едноставно не ја сфаќам поентата на тоа ,давање алишта да ти ги носи некој друг .. ниту сакам да ми бараат ниту пак некогаш сум побарала .. Не за џабе она си има нејзини алишта јас си имам мој ..
Што не ти е јасно... Одиш во бутик бендисаш маица а пред тебе ја пробале 500 души,а ти си ја купила тоа е исто ко да си дала облека на другарка.
Да разбирам секој си има различно мислење и различен карактер несакав да се умешам но само сакам да кажам дека нема ништо лошо тука ако делиш облека со блиска другарка но не со секого значи,зборот ми беше има и такви што несакаат да делат облека со никого и некои што сакаат да делат, ок си е ама не мора да значи тоа дека ако побараш било што од другарка некоја да го носиш дека немаш облека или се циганчиш,или па немаш пари да си купиш тоа мие беше зборот без погрешно да ме сватиш
Екстремно ретко се има случено ова. Немаме обичај да си бараме облека. А плус и кога би сакала не можам бидејќи не сум иста големина со другарките. XS носам јас, се што имаат тие ми е големо. Облека од брачедите мои што ми се како сестри имам многу носено ама тоа не го ни рачунам како позајмување туку се што беше нивно беше и мое. И толку.
Ретко разменуваме зошто вкусот за нештата ни се далеку од исти. Обично си позејмуваме патики, чизми, штикли (?). Нешто повеќе од тоа, не баш. Јас давам, нека носат, ама обично си имам строга граница и не сакам да носам од друг. Човек од кој имам највеќе носено алишта е брачед ми, и некои дури до ден денес ги носам.
Сум давала ама само со една другарка што ми е најблиска и што знам дека ништо нема да им се случи на алиштата и одма после тоа ми ги враќа а ова што е не знам , ве научиле добри па ве искористуваат. Покажи и заби малце еднаш два пати ќе видиш како се помалку ќе ти бара. Па што е многу многу е ....
Јaс пoрaнo дaвaв, не бaрaв, тaквa сум, тoa штo имaм гo нoсaм, вaжнo дa е чистo нa мене и испеглaнo. Не сум прoтив тoa дa се дaвa oблекa некoму кoј ствaрнo ти е близoк,нo сепaк требa зa се дa се пoстaви грaницa бидејќи кoгa им дaвaш прст целa рaкa ти јa земaaт. Јa стaвив грaницa кoгa гo дoчекaв и тoј мoмент дa ми пoбaрaaт кoрсет штo прoдoлжувa нaдoле вo тaнгa и прслуци.Е тoa ствaрнo беше кaтaстрoфa, oд тoгaш ниту блузa не дaвaм веќе.
Јас и давам само на една другарка и таа ми е како сестра секако затоа и и давам и знам дека ќе ми го врати брзо и читаво
Абе океј е да и дадеш парче облека на другарка ти..Ама да има граници до кога треба да ти го врати назад и да е исто. Мој пример: * И дадов фустанче на една другарка..И требало за да се види со некој си.Ајде де..Океј е ,нема врска..Си викам ,,па нема да го изеде..,,. И го дадов како ново,исперено и испеглано.Го носеше.Али кога дојде време за враќање морав да и спомнам,пошто на неа не и текнуваше.Или така и одговараше само. И спомнав за фустанчето.Утредента ми го донесе. Абе што да ви кажам..Се шокирав..:/ Како го носела така..Па макар да го превртеше на страна,испереше и здиплеше..Еве не е морално да е испеглано,скоцкано..Ама ипак..Си викам ај нема врска. Го превртувам и што да видам..Толкава дупка..И викам: ,,што е ова ? ,, . Добив одговор дека несакајќи го изгорела со цигара.Толку. Ми идеше да збеснам.Да полудам. Од тој момент и немам ништо позајмено.Па макар ни една шнола. Не дека сум безобразна или дека сум за едно фустанче,ама нека си купи,па нека си носи и после нека го гори таму со цигари.Каква неодговорност бе..И тоа за туѓи работи. Затоа од сега натака сум под строго правило.Позајмување облека само на мајка ми (бидејќи сестра немам).
Јас сум против давање облека особено она секојдневно разменување, не дека не би дала ако е некој свечен настан и навистина има потреба .