За облека имам давано на една другарка, ама толку повеќе не. А имам една комшика со која си позајмуваме често штикли.
Јас никогаш немам разменувано облека со другарки. Мислам која е поентата еден ден неа да ја гледаат во таа облека а наредниот ден мене. Така испаѓа, со оглед на тоа што најчесто оние кои си менуваат облека се блиски и неразделни и постојано се заедно. Разбирам да се позајми некое парче кое ретко се користи за некоја посебна намена, да речеме оди другарката на свадба и и притребало чантиче во некоја одредена боја која јас ја имам а на неа и е потребно само за една вечер. Така не е проблем, би и ја позајмила за да не купува специјално нешто кое потоа нема да го користи. Но да се разменуваат секојдневни парчиња според мене не е во ред.
Многу мразам и се нервирам кога некој ќе ми побара облека или штикли ,како да немаат што да облечат па до мојте облеки им дошло.. Порано имав една другарка цело време ми бараше ама непријатно ми бесхе да и речам неможе ама девојкава нема осет и на крај ми пукна филмот и викам веќе решив на никој да не давам облека она малку се подналути ама сега ниту барам ниту сакам да ми бараат.
Разменување на облека со другарка? Ќе речам да, но не било со која другарка и не секогаш. Се случува на човек нешто навистина да му затреба и убаво е кога имаш другарка од која можеш да побараш. Одамна беше, си имав купено сандали, гланц нови, необлечени, ептен им се радував. Истиот ден другарка моја треба да оди на некоја свеченост не се сеќавам што беше само знам дека немаше што да облече ама навистина немаше, имаа тежок период дома. И ги дадов моите, иако не беа облечени, иако ги планирав за таа вечер. Уредно ми ги врати одма другиот ден, заблагодарувајки се. И ден денес ако нешто навистина ни треба си разменуваме, личност од доверба. Ама постојат и други личности, кои не се такви. Имам позајмувано на другарка, која буквално си ги присвојува работите како да се нејзини. Не само еднаш да го облече и да го врати, туку дур не го побараш абер си нема, си го носи кога и се сака,па и треба сто пати да ја потсетиш да ти го донесе. А не дека нема, има многу повеќе ама таква си е. На таков човек не е за давање.
Еднаш на една другарка дадов облека и толку. Повеќе никој не ми барал ниту пак ја сум барала од некој.
Кога бев тинејџерка, си разменував облека со другарки сè додека една буквално ја молев да ми врати една маичка. Остај тоа ми ја врати раширена и неиспрана.
Јас имав проблем порано ама не со моите другарки туку со на сестра ми Сестра ми "позајмуваше" облека од мене без мое знаење и ги раздаваше по другарки, а јас дознавав од слики на фејсбук. Со другарки разменувавме како тинејџерки, одамна веќе не. Носам само тоа што имам, не барам и не сакам да ми бараат.
Бидејќи немам другарки, никој не ми ја побарал мојата облека, но дури и да имав другарки, никогаш не би ја позајмила мојата облека, ниту пак би побарала облека од некој друг ...
Не позајмувам облека и никогаш не сум позајмувала. Прифатливо ми е за некоја свеченост да позајмам нешто што би било само тогаш облечено но не на секогу.
Никогаш не сум барала облека од другарка, според мене тоа е глупаво. Да носиш нешто што некој го има пред тебе носено..А ,и би ми било понижувачки да барам. Имав една другарка уште во основно кога бевме нон стоп бараше од мене. Од незгодно неколку пати и дадов ама после за враќање тешко. Едвај успеав да ја 'откачувам' ..
Porano i davav na edna prijatelka no prestanav bidejki svativ i deka samo zarado toa se druzese so mene imam poveke alista marki i davav taa go zloupotrebuvase toa po poslednite 4 5 godinii na nikojj
Не давам на никого, не зимам од никого. Нехигиенски ми е тоа позајмување облека од друг, плус сите имаме различна конструкција на тело. Незнам која е потребата да земеш од некого парче облека, да го носиш еднаш и да го вратиш. Тоа што имам тоа ќе носам, тоа што ми се допаѓа ќе си купам кога ќе можам и завршена приказна.
Сум побарала у зорт мислам 3пати, ама не сум носела, вратив така како што земав, сепак купив. Исто и давав, но само на две другарки. Сега само со сестра ми, и покрај тоа што ми е сестра, прво перам па облекувам. Обувки имам дадено и ги фрлив после тоа. Другарката имала инфекција на прстот. Од тогаш ништо веќе! Крај...
Во средно, посебно кога одевме на одмор, за комбинации нели, цело друштво жени се' живо делевме и беше најнормално, а и сама да понудам мое ако мислам дека ќе и одговара на комбинацијата. Не гледам ништо страшно, кога станува збор за блиски луѓе. Сега веќе ја немам таа близина со женско, сите фативме своја страна, да би ми била некоја така блиска, пак не би ми било проблем се додека нема проблем со хигиена и рацио. Ни еднаш не ми се случило да не ми биде нешто вратено или оштетено.
Едно врееме само со една другарка си разменувавме алишта т.е таа повеќе мои носеше искрено не ни исто стоеа. Таа секогаш кукаше како мене така ми подобро стои а не и нејзе . И тогаш си сфати дека неможе иста да биде како мене.
Не сум барала никогаш. Сум давала на прва братучетка и таа ми ги враќаше се уредно како што сум ги дала . Но сепак не сакам да ги давам. Скапа чанта еднаш дадов на тетка ми за една свадба и ми ја врати извалкана од восок едвај ја исчистив. На другата тетка и дадов кошула и и реков да ја задржи бидејќи остана флека од некое ланче. И на братучетка ми сум и давала да си задржува некои парчиња не знам зошто. Ми било жал после но ете си велам добро е фамилија сме, иако таа не би ми дала ако побарам.
Порано давав пошто ајде грев ми паѓа и ајде, а сега не. И ја дадов кошулата на другарка ми, како што ја купив не ја облеков и и ја дадов. Девојчето си ја носи мака нема, си ја побрава назад и се изговори ее денес, ее утре и ни кошула ни ништо. После тоа и дадов обетки не дека беа некои златни итн. но беа бижутерија и ептен убави, ми ги носеше 5-6 пати и ајде ми ги уништи па и се лути кога ке и кажам. Повеќе ни давам ни барам кој сака нека си купи !