Ниту барам, ниту давам. Тоа што е мое, си е мое, а туѓо па ич не сакам. Среќа не ми барале до сега, а за вакво нешто ич неам срам, фино лепо ќе им кажам не. Како мое нешто да облекува некој, нема шанса тоа.
Порано во средно знам дека си дававме фустанчиња некои за излегување,дека сакавме секое излегување ново фустанче. Со една поблиска другарка си менувавме и маичка додека не почна да ми ги уништува по што не и давав веќе. Сега скоро и да не си менуваме ништо, може само нешто ако им треба за некоја пригода пример свадба да им позајмам накит, чанта. Стикли никако, за шминка ако им треба може да дојдат да ги шминкам а да им давам да ја носат не. A како порано да им давам палта, маички, каиши немааа шанси. Сестрами е во таа возраст сега она не позајмува со никој ништо. Си носи што има или ако зима ќе земе од мене нешто.
На другарки немам давано ништо. На прва братучедка давам ама само еднаш ми има барано.Ми го има вратено чисто, пеглано, па дури и парфем ставила.
Иам две другарки со кои буквално се си делиме, сите три, и никогаш не сме направиле проблем за нешто или пак да си приречеме. Но сосема ги разбирам оние кои не сакаат да делат. Во средно сум плус интернат и тоа е поголемат причина која ме мотивирала да делам, сепак таму со нив поминувам повеќе време отколку со моите дома. Не гледам проблем за да не споделуваме, секако доколку некој не сака ок никој не те тера со сила. Инаку после средно мислам дека ниту јас не би споделувала... Сепак интернатот ќе го нема веќе и така...
Ни со сестра ми не сум си менувала облека, не па со другарка. Највеќе ова се должи на тоа шо ни се различни стиловите, а и јас носам Хс, другите С или М, така шо нема шанси нешто да ни одговара на сите. Кога бев бремена носев од мајка ми фустани што веќе не ги носи таа, ако се смета тоа.
Не би дала никад, освен ако не ми се допаѓа облеката или ми се сменил вкусот. Има некои пијавици кои само "позајмуваат" ствари од тебе па никад нема да ги видиш више. Ау не, не им давам хаха
Не барам и не сакам да давам. Порано ми бараа, давав од што му беше глупо да одбијам. А порано баш и немав ни толку финансии ни толку работи, па секое парче ми беше драго. Обично не враќаа, а ако си ги побарав ми одговараа како да им барам нивно.
За среќа, другарките никогаш не ми барале облека, ниту сум позајмувала. Не е хигиенски и ми е незамисливо да носам туѓа облека. Една другарка со која носиме ист број на кондури понекогаш кога ќе купам нови штикли на кои им се восхитува знае кога ќе ми дојде на гости да побара само да ги проба на нога да види како и стојат, ама тоа ми е прифатливо бидејќи знам колку е чиста и блиска ми е како сестра.
Не ми е јасно што е нехигиенски, ќе ја испере облеката после носење. Ај за чевли разбирам. Може да објасниш?
Облека што се пере на 30 или 40 степени не можеш баш да ја испереш да биде стерилна на таа температура. Ќе има преживеани.
И мене ми е нехигиенски ова давање облека на другарки, не дека имаат шуга ама не знам, ете лично јас не можам така да облекувам нешто што претходно некој друг ми го носел. Така една блуза ролка мајка ми ми ја облекла и после и ја дадов да си ја носи за нејзе.
Давав на другарките облека меѓу 17 и 20. Тогаш најактивно се траскав по кафичи. Некои работи не ги ни вратив... Ама пак... така се расти
Облеката што ја носиш задржува бактерии, габички, вируси и протозои кои ги имаш на себе. Алиштата, ако живееш со некој друг, најчесто се перат во машина заедно, сите на куп. Било заради заедничкото перење, било заради заедничкото живеење, лицата кои живеат во едно домаќинство според истражувањата имаат многу сличен микробиом, особено на тој на кожата. Различни материјали се погодни за различни микроорганизми, и секако не се перат на иста температура (синтетичките се перат само на пониски температури). Некои па дури и на рака само се перат или се чистат само на хемиско и не смее да се наводенат. Кога менуваш облека со другарка или некој од друго семејство, си ги менувате и бактериите со другото семејство. Колку повеќе другарки, толку повеќе различни микробиоми. Нормално ниту еден процес не стерилизира облека, ама на микробите на твоите дома си веќе прилагодена, а на тие од друго семејство може и да не си. Конечно, секоја кожа е различна, некоја може да реагира поинаку и на микроорганизмите и на прашакот за перење. Еве ваљда сега е малку појасно
И јас така слично како тебе. Малку порано. Од 15 до кај 18, додека бев во средно. Не ни размислував искрено дали и какви последици може да има тоа. Јас секогаш враќав и внимавав да ја вратам облеката чиста и неоштетена, ама има некои парчиња што не си ги добив назад. Исто и јас викам, ако Убави денови беа.
Немам проблем со блиска другарка да си менувам облека. Ќе исперам пред да ја дадам и потоа таа ќе ја испери пред да ми ја врати, не гледам тука проблем. Проблемот е само големината, јас носам Л-ХЛ-2ХЛ (зависи од калап и вид на облека), а другарки носеле помали бројки. И сегашната блиска другарка носи помали бројчиња. Инаку во животот дали 2-3 пати сум позајмила моја облека на друг.