Види, не сум дерматолог, ниту докторка. Можеш да прогуглаш и да се информираш. Начелно, можеш да се заразиш од сите болести кои се пренесуваат преку бактерии и вуруси кои се пренесуваат преку допир со заразена површина. Наше е да кажеме дека постои ризик и од таа причина не го практикуваме тоа. Доколку ти е прифатлив ризикот, можеш слободно
У прва средно имам земено од другарка блуза на прерамки која и` беше премала, а имаше гради машала.и од на мама другарка хеланки, исто пошто и` биле премали, а онлајн ги купила,Друго ништо.Ни мајка ми не ми дава да зиам туѓи работи, а ни јас веќе не сакам. А јас имам дадено на таа блузата што ми ја даде- кроп топ и ми ги изгуби. На друга другарка и` дедов хеланки ама не си ги побарав назад. Од тогаш (пред 3 год скоро) нит давам, нит зимам, а не ми ни побарале. Не ми е за нехигиена, чисти ми се другарките, само не сакам едноставно.Ептен некад ако немаат шо да носат, а ја имам такво парче, би им позајмила, ама ако знам дека ќе го врати
На мене речиси ми ги украде "цимерката" палто пролетно од 3000ден, комплет розови тренерки, дукс за вежбање,фармерско палто, бањарка, сет за нокти, омиленото капче и шалче, прслуци...(ако сега не ми ги користи и гаќите јас fitGirl да не се викам ) И несака да ми ги врати јас и отидов да си ги доземам стварите не ни ми отвори врата. Незнам како можат така јас да имам нешто туѓо кај мене неможам ни ден да го чувам веднаш го враќам. Не давајте никому ништо мој совет никој не заслужува денес да му подадеш рака. На крај ме набрка со арогантно понашање а се мое користеше од преса за коса до шминка (а да не спомнувам колку скапа шминка имам оригинал од британија) ја позајмив божем додека да си купела таа Никој не заслужува денес сожалување Така да јас платив стан јас останав на улица и сега поново се борам со нови сили содвр нови плати па да се вратам повторно на работа. А таа лигушката со толку и да си остане нема да и се авал ни пари ни ствари уште и среден прст ми покажа коа си идев дека немала парите да ми ги врати. Не мора од нискоморални луѓе што се за жалење не зимам ништо макар и мое да е. Господ ум да и даде. Жалости.
All due respect, не ми е целта да те навредам, ама те прочитав во друга категорија, практикуваш секс во 3ки, ама ова е ризик? Мене лично ми нема логика, сметам дека позајмувањето облека не е ништо страшно, ние сите сме секојдневно во контакт со милијарди бактерии.
Точно маци, практикувам секс и во тројки, и во четворки. Би ти објаснувала и за ризици и превенција на сексуално преносливи болести, но штом за маички и сукњички ти нема логика тоа што ти го зборам, не верувам дека би ме разбрала да објаснувам за тројки и четворки. Ризик е и симнувањето по скали и одењето преку улица до продавница, ако играш ризично. Иако, можеш да ме прашаш и за тоа, на соодветните теми
Дерматитис, шуга, габични инфекции (особено за обувки), брадавички (molluscum contagiosum), разни бактериски инфекции (стрептокока, МРСА), вируси на настинка и грип, херпес вирус... листата е долга. Алергиски реакции кои може да се и од прашаците и средствата за омекнување. Колку подолго седеле прљави, неиспрани, во контакт со нечисти корпи или други многу прљави алишта, колку пониска температура на перење, колку подолго се сушеле алиштата после перење и стоеле мокри, колку помалку биле изложени на сонце, и ако биле непеглани (пошто топлината убива повеќе од перењето)- толку повеќе микроорганизми останале на нив.
Ова е пример за користољубивост. Си се спасила од неа, тоа само ќе кажам. Еднаш позајмив патики марка, што едвам ги добив од моите, на добра другарка зошто ме отече од молење. Еднаш ги носеше и ги скина. Не велам дека беше намерно секој различно гази едноставно. Ама јас останав со скинати патики. Така да една лекција ми беше доволна. После како учев се повеќе од биологија, се погадно ми стана менувањето облека.
Секако дека е гадно особено најгадно е хеланки и пантоломи не се позајмува што се пикаат во задник итн...може имала однос? И послем јас или ти да ги носиш или обратно нмв пример само давам. Најтрагично кај мене беше тоа што само што си ги исправ омилените хеланки и ми ги натегна а јас идев пак во старите на раб. Леле луѓе поише не ми текнува за со цимерка да седам. Никад! А обично немам такви другарки што би ми зимале облека.
За граници се работи. Човек треба да знае да ги постави и да се држи до нив, инаку ќе го прегазат. Има ситни души што за облеката им е, не за човекот. И најпарадоксално ми е што тие што имаат добри примања и може да си дозволат да се облечат да си купат, така прават: одат по слави да јадат и дента да ќарат ручек, од фрижидер на работа земаат туѓо млеко за кафе или кафе без прашање, земаат носени алишта од други, за да не купуваат се, (бар за по дома облека да не купат, за надвор знаат да се дотераат) или земаат облека од продавница што има правило да можеш да вратиш до еден месец, ја носат еднаш, двапати па ја враќаат демек се предомислиле...и пак ќе речам не е тоа ни рециклирање на облека ни немаштија, друга потреба е во прашање и е многу посебична.
Да си пазите. Ланче, алка, прстен, ракавици, каиш, ајде ќе дадеш, океј е. Накитот ќе го дезинфекцираш во алкохол, и нема толку висока опасност за ХПВ. Ама капи, чизми, вештачки нокти, лабела, кармини, сенки, маици, блузони, фармерки и хеланки не смеете да делите со други луѓе. И не пијте од туѓи чаши, на пример вода, пиво, вино или сок. Исто и шопска не мцкајте од една иста чинија. Приборот за јадење и облеката ви припаѓа само вас.
и Извини ваша шо се дрзнувам да ти го коментирам мислењето амаа.... Немам ништо против тебе или твоето мислење. Океј е вова твое мислење, лично субјективно, ама ме потсети на еден есеј од Чехов се вика „Човек во футрола“. Зарем животот да го поминеме на дистанца, растојание? Па каде е жарот, убавиуната и вистината на пријателството? Шо им фали на нашите баби и дедовци шо лазеле по земја како деца? Зарем во војна војниците гледаат од чија чапа или виљушка ќе јадат? Во ред е да се внимава на сбе и здравјето ама до толку, мислам дека веќе опсесивно е, а и токсично...
Дека порано растеле со една блуза и еден пар патики три генерации, еве гледам сите шугави пораснаа. Толку драмење и цепидлачење немам прочитано никаде. Во ред е да пишиш дека не сакаш да позајмуваш оти ти е страв дека нема да ти ги вратат, не сакаш да делиш работи или сл. ама дека се плашиш дека ќе закачиш некоја бактерија ми е нон сенс. Па ќе ви ги вратат перени и чисти, сигурно нема запотени. Или се дружите со шугави другарки, или позајмувате алишта на бездомници шо немаат поим шо значи хигиена. Трето нема.
Не во ред е, те разбирам. Ама јас не сум против зближување, љубов и комуникација меѓу луѓето. Само мислам дека луѓе кои се склони кон разни инфекции треба да внимаваат. Живееме во градови каде што е воздухот доста загаден, храната и водата се загадени. Од тие штетни влијание не може да го заштитиме, ама од ова можеме. Особено во време на корона. Ти делиш се` со другарите вака? ХПВ знаеш колку лесно се пренесува преку се и сешто? Вообичаено ниско ризични типови на ХПВ, но сепак. Треба да внимаваш, за свое добро... Зошто ХПВ во почеток или генерално не дава никакви симптоми. Бактерии и инфекции се пренесуваат многу лесно и преку облека, и нема тоа врска со шугавост или хигиена. Едноставно има луѓе со проблематична кожа кои се исфрлуваат откако ќе облечат туѓо парче облека. Затоа од мали дома ве советуваат да не пробувате по бутици се и сешто. Тоа е причината... Да не си имате мака подоцна. Ама како сакате, да не биде после дека не сте знаеле.
Не. Не можам ни да замислам да носам нивна облека. Нема да се чувстувам убаво. Мое си е мое. Другарството на друг начин го покажуваме.
Буквално, и мене ме буни тоа. Мислам дека имаше една книга Желки до бесконечност, девојката беше опседната со бактерии, дезинфекциски средства итн итн. На крај заврши во болница поради нејзината опсесија и испи средство за дезинфекција... Нема врска темава со содржината на книгата ама ме потсети и морав да спомнам
Па не би рекла дека порано сите така растеле. Веројатно секој со своето искуство...ме интересира тие што делеле една блуза и патики дали ги делеле меѓу свои браќа/сестри или делеле со другарки од школо или од пола маало? Моите родители се и двајцата од многудетни семејства, сега имаат околу 65-70 години. Како деца и тинејџери живееле скромно да не речам сиромашно (веројатно имало некој посиромав и од нив). После втората св. војна како и сите во земјата, така и нивните родители немале многу. Некои работи не можеле да си ги дозволат. Сами шиеле, плетеле и таа облека што ја имале внимателно ја чувале зошто била таа, една (дури и јас имам по некое парче добиено од моите тетки и мајка ми, толку што го дочувале да биде како ново). Делеле меѓусебе ако нештото било дочувано да го наследи помалото, но со другарки надвор од дома не делеле. Не само зашто се немало туку зошто им било нехигиенски (до толку знаеле и нивните родители со нивното школо), не оставало добар впечаток пред другите или едноставно се ценело тоа што се имало зошто било малку и со труд добиено. А тие што имаат поим од хигиена не фаќаат инфекции или инфекциите се само за бездомници? Доволно е да има една кандида и да ти ја пренесе, немора да е нешто пострашно, иди па отараси се после од неа. Само земи и ги тесните синтетски пантолони од другарка ти со кандида, натни ги или поноси и ги патиките, доволно е. Ни ХПВ ни кандида не се добиваат од нехигиена (и не секогаш имаат видливи симптоми), туку се поврзани со пад на имунитетот и со контакт. Фобија од болести (микроорганизми) и претерено пазење на хигиената е една крајност, а немарност до степен на тотална нехигиена и запуштеност е друга. И двете крајности се симптом и индикација за психички нарушувања и носат различни други компликации по физичкото здравје. Ние не зборуваме овде за овие две крајности, ниту сметам дека некој треба да забега. Зборуваме за се она измеѓу нив што не е одење во некоја од крајностите. Позајмувајте ако сакате, ваша работа, но не правете ги оние што не даваат заради здраствени причини (а не ради себичност) ненормални. Ризикот е реален и неможеш да го контролираш со тоа што го бираш оној од кој позајмуваш. Никаква гаранција не ти е тоа. Тоа што другарката ти делува чисто и знаеш дека се бања редовно, не значи дека е здрава или дека нема некој проблем. Од искуство, многу жени што биле пример за средени во однос на надворешен изглед, фризура, нокти и сл., кој ги запознал подобро бил фрапиран од нивната лична нехигиена и хаосот во домот.