Вака не позајмувам, само на екскурзија еднаш во осмо со другарка ми се разменивме, јас ги облеков нејзините старки, а она зема моја блуза, ама потоа си ги вративме а и плус во иста соба спиевме. Инаку вака не делам облека со другарки ниту со братучетки, бидејќи братучетките или ми се премногу големи или премногу мали, а со другарките немаме иста/слична висина и тежина, така што немам проблем со ова.
i jas imav edna takva drugarka,ama veke ne se druzam,mi dojde pamet ,mislam deka eden den ke pocne da mi ja nosi i dolnata obleka ,neznam kako nemaat oset za tie raboti,mi se slucilo ama mn mn retko ete nekoj nakit da zemam za nekoja posebna prilika,za proslava ili nesto slicno,ama pak ne se osekam udobno,ke go mislam da ne mu napravam nesto i zatoa sto si imam toa ke si nosam...
Моите другарки не носат моја облека но и јас не носам нивна може само некогаш да се деси како за 1април ќе се подаде нешто но тоа само се случи со една другарка и даде на другата другарка и девојчево ги износи вечерта и одма утрето и ги врати.И подобро ми е да си го носам она дома што ми е а не вака можеби ќе се скине некое копче нешто патентот ќе се расипе ... бла бла бла и така да ни јас земам ни мене ми земаат
Не си менувам облека со ниту една другарка и сметам дека тоа не е во ред. Секој треба да си го носи тоа што го има.Ми се случува порано уште кога бев средно училиште да си позајмувам облека со другарки.Облеката која што ја давав ми ја фраќаа неиспрана со помешан мирис на цигари,парфем,пот........уффф одвартно,потоа ми беше грозно да си ја носам својата облека.Одтогаш наваму со никој не сум менувала облека,ниту барам,ниту пак давам.
сум имала повеќе другарки со кои сме си менувале облека но веќе на никој не позајмувам облека што си има дома тоа нека си носи имам многу лошо искуство со тоа,дури една другарка ми го побара да го носи комплетот долна облека што само си го купив what ми идеше да ја убијам кога ја слушнав друга другарка не ми имаше вратено маичка 1 годиона и на крај ми ја врати искината,друга другарка ми ја фрли маичката зошто ја искапала со нештo ми имаат враќано облека изгорена со цигари или не испрана и веќе реков доста е не барам не ми ни барајте што имате по дома носете си
ако знам дека девојчето ќе ми врати уредно и испрано,исто како што сум и го дала,не ми е проблем да позајмам,особено ако знам дека нешто итно и треба
Ни земам ни давам Ќе си носам тоа што имам, а и тие исто. Можеби има некоја кожна болест или инфекција Нема шанса, потоа јас нема да можам да си ја носам сопствената облека
Никогаш не сум менувала облека со другарки. Иако повеќето мои другарки практикуваа меѓусебе да си “позајмуваат“ парчиња облека. Секогаш тоа ми изгледало... не знам...неубаво. Еден ден те гледаат тебе со таа маичка на пример, а другиот ден во исто дрштво и кафич другарка ти со истата маичка
да ги има таквите посебно една во мојот клас верувале или не женската се запозна со едно девојче и час и половина подоцна ја прашува дали ќе и ги позајми штиклите за идниот петок примеров го наведов во една предходна тема но како што гледам тука му е местото врв беше кога ми позајми шорцеви и две недели подоцна и ги барам ми вели не може што мислиш да облечам јас во сабота кога ќе излезам со филип ми идеше да ја задавам да и изнакажам цел куп работи во сурат ама си реков не вреди друга една пак ми го позајми скапиот фустан од бугарија си го купив , ми рече веднаш ќе ти го дадам а си замина на одмор -сосое него , најлошо од се е што јас си го чував како очите а таа пак ја гледам уште се сликала кај што се капи во базен облечена во него и тоа со малите во плиткото сите знаеме дека тие таму не пливаат туку мочкаат преку глава ми се времето испланирано јас казнета од моите и нели порано морав да се вратам дома , разумно ја користев секоја секунда од школо во такси и право кај дечко ми ...и ете сега некоја сосема трета немала што да облечи сакала да дојди кај мене и да си одбира , а јас немам време за тоа ја прашав кратко и јасно што сака , таа упорна се фатила како пијан за бандера сака да разгледа , бев на работ на живците ојдовме кај мене си одбра фустанче кое ми го врати флекосано а ни јас го немав облечено , а ја знам добро каква е го скрив во друг плакар , но како да си е дома зеде си чепкаше секаде дури во плакарот на мајка ми ми пукна филм реков достаа е сите надвор нема веќе ... немаат ни срам ни граница ..ова е невозможно не сум скржава и разбирам ова нивното не е потреба туку е луксуз и да од контакт ме вади само колку глупаво изгледа кога се корзира со моите ствари ..а другиот ден јас во нив ..
E незнам како си го дозволила ова! Ти си им го допуштила тоа задоволство, таква те научиле, таква те знаат и затоа немаат ни срам да побараат, бидејќи знаат дека нема да ги одбиеш. Ај да побараат, еднаш да го облечат, ам и на одмор да го носат и да не сакаат да ти го вратат? И да чепкаат во плакарот на мајка ти?! Не можам да сфатам, навистина! За секоја оштета да си побараш надомест, не е срамота, само ќе им дадеш до знаење дека со туѓи работи треба да се внимава.
опа како што гледам не ми се само таа грешка.. веројатно од возбуда проштевајте важно гледам ја сфативте пораката на постот
Не позајмувам ташни, штикли, блузи , апсолутно ништо . Срцето ме боли кога давам нешто што е мое, а особено книги и филмови. извинете што бев малку оф-топик
Ниту јас не разменувам облека ниту било што. Кога бев помала ми се случувало да ми побараат облека или штикли но јас секогаш им кажував дека мајка ми не ми дозволува да менувам облека. па така си научија да не ми бараат, а за штикли директно им кажувам, не можам да ти ги позајмам немаме иста нога, ќе ми ги рашириш, Такада ниту барам ниту ми бараат, бидете отворени и кажете им на вашите другарки дека не сакате да се разменувате.
BTW Не знам колку е точно , но на една другарка, на блуза , нејзината најдобра другарка и направила магија за да се кара со дечко и, а другарка ми бидејќи многу си го сака и долго иде со него, кога почнале да се караат отишла на бајачка и таму и кажала таа дека нејзината другарка и вратила мокра блуза и на неа имала направено нешто да се караат, а баш пред неколку дена другарка и и ја вратила блузата мокра , демек немаше време да се исуши Може малку off topic отидов sry
Се сложувам дека треба да и кажеш .. инаку јас не сум многу против тоа , но ме нервира тоа што на другарка и давам блуза на испаѓање и утре да ми ја врати, она секоја вечер ја носи и ми стои кај нејзе со недели ако не ми текне да и ја побарам..
имав една другарка-девојчето беше како без осет...ќе дојде ќе побара нешто за излевање,потоа ми го врати неиспрано,мислам не го враќа туку морам лично јас да одам да си го барам,потоа еднаш ми побара балетанки за излевање и и ги дадов,и таа не да ми ги врати утре дента женската си одела со нив на школо..ок ги зедов и има што да видам-ги скинала на ѓонот!ми пукна филмот..потоа пеглата за коса...она морала секој ден да биде пеглана и сега се испеглам јас па она пак си ја земе пеглата ко да е нејзина и не ми ја враќа додека не ја побарам и така така си ја зедов и ја скрив и веќе никој не ја виде,сега имам нова пегла ама пак зошто она се да ја користи јас еднаш во неделата ја испеглам косата а она секој ден морала да биде пеглана да не има некое праменче извиткано..ццц..А,врвот беше кога на брзање си ја зедов блузата од кај неа и требаше да излезам со дечкото ама блузата девојчето си ја носело и така јас неиспрана ја облеков и што се потела,кога јас се испотив малку толку непријатно замирисав пред дечкото што ептен се засрамив оттогаш на неа ништоо.е сега една друга другарка кога си купив нови штикли и уште не ги бев облекла чисто нови и она ми вели да сум и ги позајмела за излевање!аман бре девојче без осет а и плус тоа таа имаше подебела нога од мене а штиклите ми беа точно мерени за мене и секако и кажав в лице дека не бива бидејќи пред тоа и имав позајмено едни балетанки па ми ги рашири па морав на мајка ми да ги дадам се извинувам што постот е премногу долг ама морав да се испразнам
Мислам дека пред некој ден кулминирав. На една другарка и имав дадено едно фустанче, девојката си го земала за на одмор, го носела, маста му ја извадила.... И го побарав назад и ми вика: еј сестра ми вечер ќе го носи. МОлам??? Како може да се осуди, незнам кај ми беше мене паметот па си викам ај ова последен пат и давам... Јас сум глупа