1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога другарка ти ти ја носи облеката!?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Unfaithful18, 4 март 2010.

  1. Mini.girl

    Mini.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    12
    Аааа ме поготивте со темава...Во последно време мака мачам како да ја одвикнам другарка ми.
    Девојчето си иамеше некој рокерски стил кога почнавме да се дружиме. Е сега почна да го менува, од еднаш почна да се "пали" на високи штикли, пократки сукњи, фустанчиња...и кога и да ме види што носам ми вика: "Ејјј кога ќе ми го дадеш да го носам ?"
    Еднаш, два пати разбирам за некоја специјална пригода, ама постојано е! Ми се јавува пред викенд и ми кажува дека ќе искача, дека ќе поминела до кај мене нешто да види за облакање!!!
    Почна страшно да ми оди на нерви. Не знам како да ја одвикнам,не сакам да се налути :x
     
    На Lolo5 и crnokosata им се допаѓа ова.
  2. crnokosata

    crnokosata Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    па објасни и отворено дека не сакаш да даваш облека нема зошто да ти се налути биди искрена и готово и ја имав таков проблем ама и реков на другарка ми веке не сакам да давам и се си е ок или пак мавни ја два три пати со изговор за перење ми е :D или можеби јас ке го носам тоа и така ке свати :D
     
    На Lolo5 и Mini.girl им се допаѓа ова.
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Ниту давам моја облека, ниту пак јас земам! Никогаш не стекнав ваква навика,за среќа! Не знам зошто но мене не ми прави мерак да облечам нешто што не е мое, па колку и да е убаво ако не е мое јас немам мерак да се ,,дотерам,, со тоа парче облека кое треба да го вратам! Имам позајмено обетки (бижутерија) оти другарката ептен настојуваше да ги ставам зашто многу одговараа на фустанот што го носев! И жими тогаш само сум зела нешто туѓо и никогаш повеќе! Цела вечер се мислев да не ги изгубам оти не се мој...
    Ми барале (во средно,школските другарки) ама многу ретко ги имав услужено, и на крај забележаа дека не сакам да позајмувам па престанаа да ме замарат!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Ја ич не сакам да позјмувам облека од чиста причина дека тоа којзнае кога ќе се врати. Летоска на една другарка и позајмив филм па не ми го врати уште а што ќе биде ако позајмам облека. Друго е што еден ден ги носи еден еден а друг ден друг како у школо едни розеви шалвари од едно девојче цело школо ги износе.Па незнам и како не им е срам да бараат јас би се чуствувала како крадено да ми е и цело време ке треба да паазам. Алишта сум позајмувала само од братучедка ми и тоа ако сум на гости кај неа или она кај мене.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.642
    Со другарка ми си позејмуваме само бужутерија , марами , наочари , ташни... а облека друго не ! :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. martincencee

    martincencee Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2010
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    75
    Леле порано се сеќавам кога бев помала со мајка ми секој божји ден сме се расправале за тоа да не се разменувам со облека.И незнам како прекина сето тоа,сега само ептен ретко со една другарка само итно ако и фали нешто или мене ако ми фали си позајмуваме.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. milk.honney

    milk.honney Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    23
    Позајмуваме....само што разликата е КОЈ КАКО ;) ги носи стварите.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Никогаш не ми се допаѓало ова со размената на облека и се друго. Јас не сфаќам што ќе добиеш што ќе носиш нешто што не е твое. Никогаш не сум менувала облека со другарки, имало ситуации кога ми барале и не сум можела да одбијам, но со текот на времето сфатиле дека не ми се допаѓа тоа. Во ситуација кога не сакаш да дадеш некому нешто твое можеби и најдобро е да му кажеш директно, отколку да се нервираш самата после тоа. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    И јас овој проблем го имав со една другарка во основно. Па господе, таа имаше 837688 пати повеќе облека од мене и пак бендисуваше нешто мое ии..прости се од него. Паметам едни бели пантолони за кои сите мислеа дека се нејзини.. :devil: а јас стварно бев понаивна и посмотаничка тогаш и си молчев.. Сега е друго. Преемногу ретко се случува да ми треба некое парче накит во некоја боја што јас немам,па ќе побарам или ќе ми побараат.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    ниту позајмувам ниту сакам да ми позајмат, само на 3дневна екскурзија кога бевме (се разбира дека никој не можеше цел плакар да го крени од дома), па ми побараа едно палтенце и им го дадов-на пола школо (на една и го дадов, друга ја видов како го носи, трета ми го врати.... |( ) и му имам позајмено патики за на физичко на едно девојче од друг клас и реков никогаш повеќе, си реков ајде да не и пиши неоправдан, ама заради неа јас ќе си добиев, си заминала да си пуши цигари зад школо заедно со патиките мои, а јас нареден час имав физичко и ја барав и нигде не ја најдов и си реков подобро да не одам на час кој ќе го слуша и ја гледам по 5 минути поминати од часот излегува од училницата моја и така на маса оставени патиките (ни фала дури не ми рече), после одвај се оправдав кај професорот дека каснев
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Никогаш не го разбрав, ниту го применував, тоа носењето на туѓа облека. Мене ми е ептен глупо. Да облечам нешто туѓо, па да го пазам цело време, а искрено ко што сум си несмасна трошка, само ќе го допазам :$ . Не, не никогаш не сме ја имале таа навика ни јас, ни другарките. Еднаш една другарка од школо ми побара една блуза реков не позајмувам јас сум против тоа глупаво ми денес мене утре тебе во таа блуза и точка. Па гајле ми е ако се лутела таа за тоа. А уствари ако за тоа се лути таа не ми била ни другарка ....
     
    На Lolo5 и praski4e им се допаѓа ова.
  12. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    И јас сум против менување на облека меѓу другарки.Секоја си има различна кожа,некоја се поти повеќе некоја помалце,некоја има поосетлива кожа па може да се иритира полесно и.т.н.Mислам дека во денешно време покрај тоа што има значи баш се да се купи и за сечиј џеб не би требало воопшто да се позајмува облека на другарки искрено ама има некои што воопшто не се грижат за личната хигиена не се бањаат,а за стик па никогаш не ни слушнале.Mоже некогаш и некоја другарка ненамерно што би рекле несмасно да го уништи некое парче облека кое на нас ни било омилено и заради такви работи ке треба да расипуваме и другарство.
     
    На Lolo5 и SweetKitty им се допаѓа ова.
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Ова никако. Не разменувам облека со никого. Буквално...дури ни со сестра ми. Неможам да ја гледам мојата облека на друг, ниту па сакам да носам нешто туѓо. Може донекаде е себично ова ама таква сум. Ако сакам некое парче облека ќе направам се да го добијам и после да го носи некој друг...не,не. Ма ни накит ни ништо, сметам дека се што имам ме одсликува мене на некој начин и ќе го носам само јас.
    А па хигиена ич да не зборам....
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    5.915
    Со другарка ми често си позајмуваме облека и не се лутиме една на друга но тоа го правам само со една другарка која ми е како сестра ... ( имам доверба во неа ) досега му се нема случено ништо :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. S-A-N-D-R-A

    S-A-N-D-R-A Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    13
    И јас од секогаш сум била против тоа менување на облека, но еве од пред две години со другарките почнавме да разменуваме, но тоа ми беше најголемата грешка што сум ја направила.
    Една другарка стави слика на фб со мое фустанче, па сите долу коментари и оставаа колку ти е убаво фустанчето, па таа уште фала. Ајде добро тоа, но додека го врати и требаше вечност, а да не заборавам дека едно летно палтенце цело лето го носеше, па уште и ми вика леле како ми се најде ова да знајш, а мене глупа ми беше срам да си го побарам, А МОЕ :@. Дома мама ми викаше кај ти е ајде нека ти го вратит и јас аха ке го вратит другиот пат и конечно на крај го врати.
    После истото фустанче друга другарка ми го зеде за еднаш, а после нареден пат не излегов со нив ја гледам на сликите пак го облекла :@ ,па одвај го вратив после дома, сто пати и реков и таа аха добро, ајде сто пати го имаш носено.
    И јас сум позајмувала не велам дека не, но веднаш другиот ден сум ги перела и сум ги враќала, или пак ако сакам пак да го носам ќе прашам па ќе го облечам.
    А за обувки еднаш и дадов на истава другарка и мама ќе ме убиеше дома и во право беше, не газиме сите исто. И после си ги зедов и реков не давам поќе обувки.
    Со еднава другарка се уште позајмуваме, никогаш ми немат ништо расипано, ми се нашла многу пати за облека што ми требала, ако сум немало такво нешто, но не знам се уште ми е глупо, а од што сум добра не знам како да ставам крај на тоа :?:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    152
    Јас сум против разменување облека.Ниту е хигиенски,а и крајно неодговорни личности постојат ниту враќаат,и тоа ако ти ја вратат којзнае каква ќе ти ја вратат.
    Така порано се имам зезнато неколку пати со нати го-дај ми го и више не!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Еднаш во животов имам дадено мое парче на другарка и тоа штикли! И кажав никогаш повеќе, во ред ми се позајмувања на накит (без обетки) и чанти, но облека никако.
    Често знам да си правам облека сама и сакам само јас да го носам мојот труд, никогаш во животот не сум позајмила нечие парче облека, освен чанта :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gerberce

    Gerberce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    65
    Jас не го одобрувам тоа ни под разно, облека никогаш ниту сум помислила да побарам од другарка, а секогаш кога ми побарале не сум можела никако да се соочам со тоа... еднаш позајмив штикли на другарка откако ме утепа од молење и зажалив... ги добив назад добро раширени.
    Така да, никогаш повеќе.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.838
    Пол:
    Женски
    мене ако ми се свиѓа нешто облека на пример фустанче ќе си купам исто ама нејзиното нема да го земам
    Од кај да знам може некоја будала во кафич ќе ме поткачи со цигара и ќе и го уништам, зашто после да се караме?
    Така да не ни барам не ни давам !!!!!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    морам да кажам дека стопати се покајав за оваа работа за позајмувањето облека.луѓето имат што да облечат ама ете во око им влегува вашата облека и тоа сакаат да го имат.порано имав такви проблеми со поранешните другарки значи купувам нешто ново еднаш ке си го облечам веднаш го баарат сите работи што им ги позајмував ми беа враќани испокинати избледени подобро во кантата да ги фрлам.ретко денес такви работи кај мене освен со една другарка ама и тоа ке помине изјаснивме веке со неа.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.