1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога другарка ти ти ја носи облеката!?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Unfaithful18, 4 март 2010.

  1. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Криво ми е само со кој памет сум си разменувала облека и тоа најубавите работи што ги имав ми ги враќаа или раширени или негде скинати :doh: На една другарка пред 5 години и имав дадено неколку парчиња и најтрагично е тоа што уште ми ги нема вратено,како и да е јас никогаш повеќе не би го облекла сето тоа што ми е кај нејзе.Едноставно постојат луѓе без срам :^)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Порано ДА. Кога гледам слики од пред 4, 5 години пола другарки јас ги имам облечено :fubar: . Ретко која го враќаше во иста состојба како што ќе и го дадов. Сега повеќе не го правиме тоа. Фала богу ни поминаа тие мушички. А јас никогаш не земав, не дека не сакав, ами мајка ми никогаш не ми дозволуваше. :!: Како и да е, знам дека после тоа се пери и се, но не е исто бре, секакви инфекции има денес, бактерии и триста чуда. Поубаво носи си постаро ама твое, отколку туѓи перја по нас ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Една од најлошите навики, што верувам дека сите сме ја имале, порано или подоцна.

    Имам две најдобри другарки, порано нон-стоп се менувавме со облека. После почнавме и со чевли (кај ни бил паметот). По некое време интензивно раздавање на гардероба, веќе не знаев кое парче кај која ми е, не ми ги враќаа на време и требаше сама да си ги барам.

    Кај на мене незгодно, кај они ми се лутеа кога почнав да одбивам да им давам некои работи. Требаше да потпораснеме за да сфатиме дека си имаме сопствена облека. Без осет ми беше кога ми бараа некои работи кои сум ги купувала за свечени настани, парчиња што сум ги добила на подарок или тазе нови потпетици. Не бива. Сега отворено си кажувам дека што е мое е мое, и ничие друго, не барам и не очекувам да бараат од мене.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stewart

    stewart Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    30
    Облека разменувам само со една другарка, на која потполно и верувам и знам дека ќе внимава на работите...исто како и јас на нејзините. Но дури и ова е нешто кое го правам многу ретко. :?:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Отсекогаш го мразам тоа. Јас не менувам алишта и мислам дека е многу лоша навика. Порано братучеда ми ми земаше блузи, маици, ама почнав да го избегнувам тоа, прво се правев " на Тошо" кога ќе ми побараше, па после и целосно почнав да не и давам. До пред 2-3 години сестра ми со другарките нон-стоп менуваа облека, па дури и чевли, ама фала Богу и тоа престана. Навистина е без врска, да сакаш нешто да си облечиш и кога ќе го побараш да ти го нема и тогаш ќе треба да излезиш со нешто друго и кога ќе излезиш - ќе си ја видиш твојата облека на некоја другарка и ти доаѓа да ја фатиш и да ја натепаш, а уште повеќе да се натепаш самата себеси! Мојата облека - моја, нивната - нивна, јас не ја купувам за други да ми ја носат! Затоа „ нац “ повеќе, НЕ и НЕ, не давам и точка.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tishina

    tishina Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    И јас да си ги кажам маките :D Јас имам една "другарка",која буквално ја има само кога ќе и притреба нешто мое за облекување.Стварно нема осет и секогаш ми ги бара најновите работи, а јас пошто незнам да кажам не :( , и давам и после се нервирам :@ Најстрашно е што со месеци нема да ми го врати додека не си го барам сама.
    Највеќе ме потресе летово кога ми го побара фустанчето од матура, :@ а само тогаш го носев, абе ми се плачеше...
    Сега имам едно фустанче кај неа едно два месеци и не ми го враќа, и јас зедов намерно од неа :D ,ама го носев само еднаш :) , а она кој знае колку пати го несела моето :@
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    леле :@ Имав една другарка имаше добиено(ауу се ежам неможам ни да напишам)или она незнае да се намести или нз што и се дешава и беше у првите денови и како што седеше на столчето и потече како од чешма :lol: кај морав ја да и давам влажна марамица (за да го избрише столот) уште без прашање ми го зема дуксерот од ранец и си го врза околу половина да не ја видел некој...кај ја се мрзнев цел ден а она си го носеше на нејзе нејзиниот дуксер ..утре дента ми го врати со менструанција на него@@@@@
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Ужас...
    Гледам сите имаат оставено парчиња кај една-две другарки- очигледно само јас сум спонзорирала пола град :@

    И како што напомена некој јузер погоре, сликани со моја гардероба на фејсбук профил, без срам си ги бпиваат комплиментите за гардеробата...
    Еве сега баш зирнав, моментално три другарки на фб носат моја гардероба на насловната слика само...

    И не ми е мака за друго, туку затоа што јас најчесно носам уникатни работи. Или купувам од надвор, или нарачувам од нет, или шијам по нарачка. И расчистив со позајмување одамна, како што имам пишано во предходниот пост. Ама попусто, она подмуклото....

    една другарка после година дена ми доаѓа на кафе, сред зима во тенко маиче (одма видов со која намера доаѓа од кога ја пречекав на автобуска)

    Растегнала тоа ракавите и демек мрзне! Па од дома доаѓаш :swear: :swear: !
    И на одење `ај дај ми нешто да облечам смрнав` и она познатото `ќе ти ги вратам утре`
    божем ние секој ден се гледаме :^)
    И отварам плакар и уште си бира типката, демек што и одговара :doh: Јас и давам еден дукс и пончо, таа (носеше розев каиш) ми ја зема адидас дуксерката за одоздола. Четири слоја гардероба облече божем во Сибир е,... Јас на смеење и велам `Аман *** не одиш на скијање, зошто три пара чорапи?`
    И таа ми враќа (исто на смеа) `зимурлива сум бе смрзнав`

    И нормално тоа `ќе ти ги вратам утре` никогаш не дојде :x :!: Но затоа истото тоа УТРЕ пркна на фејсбук мојата гардероба на насловна слика. И еве ден денес си ги комбинира моите парчиња....и си се слика во нив...
    |(

    Ах да беше единствена... се пи*дам затоа што си веттив одкога го ОБЛЕКОВ пола Скопје, дека повеќе не позајмувам гардероба никому! И ете пак ми се случи!

    За давање давам! Ако повеќе не го носам парчето, или ми е мало/големо, или ако на моја блиска другарка нешто мое многу и се допаѓа ќе и го поклонам. Ќејф ми е, и често знам тоа да го правам...

    Ама парчиња за кои сум сентиментално врзана, или кои ги носам, не сакам да ми ги носат други!!! И крај! Поготово она `подмукло` земање гардероба, или крадење (и со тоа сум имала искуство |( )
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. butterfly992

    butterfly992 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    22
    Јас мразам да си менувам облека со другарки! Едноставно мразам! :envy: Никогаш со никого си немам сменето облека, освен еднаш кога носев една блуза, но после два дена и ја вратив испрана и чиста! Ни мајка ми не ми дозволува, а и јас не сакам! Се нервирам затоа што другарките на мојата сестра и побарале облека и таа им дала скришно од мене. А со сестра ми ја носиме истата облека, т.е. се менуваме. Не сакам кога некој туѓ носи нешто мое! Се грозам од самата помисла! :puke: А што е најтрагично облеката сеуште и ја немаат вратено, еве веќе има две недели! :envy: :envy: :envy:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Имав една другарка пред една година и одма ако нешто си купам или ако пред нејзе извадам некое парче од мојата гардероба веднаш таа ми го земаше без да праша дали можи :envy: мене ми беше незгодно да и речам а што беше најлошо не ми ги враќаше дури не си ги земами дури и по цела недела само во нив беше не ги соблекуваше :@ не можам да сватам чупето немаше никаоков страм а кога ќе ми ја вратеше цела беше испувкана излитена оштетена :( сите заприметува дека само моја облека носи и тоа по цели недели
    една ден толку ме налути што и кажав се што ми стоеше на душа дури и се налути и сакаше да ми се одмазди хухухухух :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BurstBerry

    BurstBerry Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    834
    Допаѓања:
    1.462
    Лично јас никогаш не сум позајмила облека од некоја другарка со цел да не ми бараат и на мене...но сепак има луѓе што се без осет па ќе ти дојдат дома и пола гардероба ќе ти ја земат, па ај ова да видам како ќе ми стои, па другото да видам како ќе ми стои... :devil: еднаш на една другарка и позајмив чевли и таа ми ги врати после еден месец целите искривени и сега неможам да ги носам, а колку си ги сакав... :devil:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Епа така е кога си ја даваме облеката на луѓе што не заслузуваат...јас и другарка ми и дававме се на една ''другарка'' која ни ги враќаше алиштата но какви?не знам како мози толку луѓето да немаат срам...секогаш се ни кинеше ни гореше со цигари а најлошото е што ни ги враќаше неиспрани.последно кога другарка ми и даде чевлите беа исчукани а на чантата маѓично и исчезнаа патентите...и дури не се ни извинува како ништо да не се случило.фала богу што не се друзиме повеќе...се спасивме
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    oblekata sto ja imam e moja e samo moja ne zatoa sto nejkam da pozajmuvam tuku imam i svoj stil na oblakanje i nejkam nekoj da se oblaka isto ko mene.. edinstveno pozajmuvam obleki od sestra mi ama i toa retko.. ne i davaj veke na drugarka ti da te koristi :D
    [mod-kirilica:7iog4fp9][/mod-kirilica:7iog4fp9]
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. House-M.D

    House-M.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Немам навика да позајмувам со цел да не позајмуваат од мене. Понекогаш кога ги гледам другарките преубаво облечени, посакувам некој пат и јас да го носам тоа парче облека, но никогаш не сум побарала, што имам тоа ќе си носам. Досега само еден пат имам позајмено и тоа ташничка, требаше да одам на свадба, а во последен момент забележав дека од ташничките што ги имав ни една не ми одговараше со облеката, па морав да позајмам, доцна беше за купување, но следниот ден одма ја вратив! :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Мене лично ми е многу непријатно да побарам од некој облека и да ми е најдобра другарка пак ми е срам..дури и моите не ми даваат така да правам(да давам или да ми даваат) :!: не позајмувам облека ниту ми позајмуваат... т.е. се случува некогаш да си позајмуваме кога сме на одмор кога не го носиме цел шифоњер со себе :D :D
    а иначе вака само меѓу блиски другарки си позајмуваме бижутерија, ташни и ретко марами. :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Па едноставно не и позајмувај веќе штом е толку неодговорна :) .

    Инаку јас не практикувам ова разменување на облека, ако имам ке носам-ако немам нема да носам.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.536
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓа позајмувањето облека.Имавме една другарка во друштвото на сите ни собираше по нешто, од едната марама, од другата маичка, од третата ташничка и цело лето беа кај нејзе, не и ни текнуваше да ни ги врати, дури откако се скаравме и текна да ни ги врати.Јас лично никогаш не сум позајмувала облека, понекогаш со сестра ми се разменувам, но сепак тоа е сестра ми :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    До сега ни една другарка не ми побарала нешто мое да носи и мило ми што е така. (освен на тродневна екскурзија )
    А ни јас не сум побарала нешто на некого да носам
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Нити барам, нити давам облека. хехе Навистина, не сакам позајмувања на облека, нити на било кои други аксесоари. Кој што има тоа нека носи. Имам и доста скапи парчиња (маркирани, донесени од странство), а такво нешто да го дадам некому да ми го уништи нема шанси. :) А ако толку го сака, кога мене ќе ми се смали или кога нема да го сакам повеќе нештото, тогаш и ќе и го подарам. хаххаха
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    И мене ме нервира ова давање алишта,се што ми треба си купувам и несакам да барам нити па да ми бараат.Многу мрзам денес јас со таа блуза утре другарка ми со истата |( безврска.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.