1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Кога другарка ти ти ја носи облеката!?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Unfaithful18, 4 март 2010.

  1. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Уф мразам, да давам алишта и тоа многу...нема проблем за ланче , ташна, прстен ....ама алишта нема шанси...се случува кога не сум дома да дојде некој и да ми собере нешто , неколку пати сум рекла не и ми викаат утре ти го носам :o
    а другиот ден ја носат а можи и не |( , и на крај ако тоа не е испрано е :@
    ќе полудам зошто луѓето не си го носат тоа што го имаат....немора секогаш да се има се
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Порано знаев да давам по некое парче облека на другарки(на најблиските нормално) , а и јас некој пат знаев од нив да земам нешто...Али веќе никад :!: Не сакам ни да давам, ниту пак да земам облека, посебно пантолони или суќни..Нема шанси веќе тоа да го направам..Е може на пример ташничка некоја, каиш и сл. Но облека и чевли - никогаш :)
     
    На Lolo5 и Kika30 им се допаѓа ова.
  3. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    И моите другарки си разменуваат се :o :o ама мене едноставно тоа ме нервира, јас се водам кон тоа „Моето не го давам, туѓото не го сакам“ и дека носам поголем број од нив воопшто не ми ни бараат..им се случило ретко ама некако ги откачам и веќе си го знаат редот
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Јас сум ПРОТИВ разменување облека. Како прво не е хигиенски, секој си има различна конструкција и може да ја рашири облеката(особено обувки, секој има различна нога безразлика дали носи ист број или не ).
    Сепак сум за разменување накит,очила,ремени,чанти и марами :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tralalala

    tralalala Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јас со другарките немаме навика да менуваме облека , имам дадено највеќе 2 пати ама потоа ми ја враќале чиста и исперена и секогаш сум давала на луѓе што сум сигурна дека нема да ја оштетат :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Јас сум против давањето на облека...
    Имам дадено облека на другарка но кога и беше потребна, а за излегуваше на кафе немам навика да давам :) но имам другарки што така прават ;)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Никогаш не сум давала облека на другарки. Накит, ташни, чевли, да кога и да ми побарале нешто сум им давала.
    Сметам дека не е хигиенски, секој има различна пот, од која доколку остане на блузата, може да се појави алергија на тој што нареден ке ја носи.
    Брат ми еднаш земал маица од другар да ја носи мн му се свиѓала, мајка ми претходно ја испра, ама џабе, после пола саат откако ја облече, имаше осип по цело тело.
    Никогаш ниту сум земала облека од другарки, едноставо што имам тоа ќе си носам :)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се секавам кога бев 3 година на екскурзија во охрид, бевме 3 другарки во соба, и на едната од нив и позајмив пар панталони(беше сомотска панталона) кога ми ги врати што да видам-уништени,груби, никакви(кој да знае со каков прашок ги перела) и од тогаш реков веке на никој не давам ништо мое :!:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Еднаш сум позајмила и повеќе никогаш нема!
    Имено, на една „другарица“ и ги позајмив моите нови балетанки, кукаше за нив и за и ја затнам устата и ги дадов да ги носи. Али откако ми ги врати.. луѓе што да видам. Раширени до немај каде, не можев јас да ги носам потоа. Што нога чурук ќе имаше, којзнае. :?:

    Среќа, после перењето повторно ми се собраа, ми пасуваа точно на ногата, исто како кога ги купив. Арно ама, меракот за нив ми беше веќе одамна поминат и престанав да ги носам. :emo:


    Моите најдобри другарки го делат истово мислење и секогаш си го носиме тоа што го имаме. Се случило како што е кажано и претходно да си размениме накит, марами, каиши, ташни, но никогаш облека. Сите три сме така воспитани и тука многу се сложуваме, за што ми е многу мило. :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gerberce

    Gerberce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    65
    Викендов што ми се деси...

    Имав еден дечко пред 3 - 4 години, беше доста имашен и пари не му претставуваа никаков проблем. Сакаше да ми купува све и свашта али најчесто го одбивав зашто највише што мразам у свет е спонзорирање... иако не беше таков случајов, ама му имав кажано дека скапи поклони несакам и точка.

    Но за роденден нормално неможе да се одбие што и да е и човеков ми купил дијамантски менѓуши... на секоја менѓуша има по 11 дијаманти и несакам ни да размислувам колку пари вредат. Целата со партали мислам дека толку не вредам :D

    И од што ми е страв не кажувам на никој дека се дијамантски, ама најдобрата другарка нормално знае.
    И викендов ќе идела на свадба и ми ги побара да ги носи... мислам дека инфаркт ќе добиев у момент!
    И почнав да се препотувам... незнаев како да ја одбијам... се здткав... а знае многу добро колку ги пазам и ги чувам за специјални прилики и дека јас се на се 5 пати дали сум ги ставила.
    И на крај некако ја одбив и сега ми е лута... :(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    ^^^ Па нека ти се лути баш ти е гајле...ако се лути за ваква глупост тогаш и не ти е права другарка..самата знае колку ти значи подарокот и колку е вреден а се дрзнува ем да ти го побара ем да се лути...свашта.. :x
    Да си кажам за мене, како помлада разменував облека со другарките, т.е. јас нив им давам некои парчиња а не земав затоа што моите не ми дозволуваа и се лутеа, татко ми ми викаше што сум ти купил тоа ќе носиш, нема земање ни давање (скришум позајмував)...Откако другарка ми ми уништи некои блузички затоа што имаше поголем груден кош од мојот и откако истите тие парченца кои за мене без вредни и посебни останаа кај неа, престанав да позајмувам, без изговори, вртења како киша како крагуевца отворено си кажував не давам зашто моите се лутат. Плус и не е хигиенски.
    Сега исто така имам некои парченца накит кои се малку поскапички и кои ми се поклон од маж ми и си имам кажано дека не ги давам..мои се и толку, може е себично и скржаво, ама не сакам туѓото да го уништам ниту пак моето некој друг да ми го уништи или изгуби.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.589
    Пол:
    Женски
    Не сакам да менувам, нит да давам , нит да ми даваат. Со сестра ми се си носиме заедно и многу ме нервира кога нема да знае некоја другарка да ја откачи дека не може да и даде гардероба, ни па чевли. Таа должност ја имам јас :lol: Само на една другарка и давам чанти и накит, затоа што не носи многу па нема потреба да купува кога јас навистина имам премногу, а и внимателна е веднаш по настанот ми ги враќа. Имам и една другар другарка ако и ддам обетки ми враќа само една, ако и дадам наметка или било што ми ги враќа ем неперени ем растегнати и повеќе не и давам. Истат таа сака да и давам и чевли, јас носам 35ка таа 37ца, ама не можела таа во мооте да се пикне. Еднаш бев кај неа, влага у соба со моите сандали , прстите надвор 2 сантиметра и уште ми вели- ај вечер дај ми ги да ги носам, и вела- па јас со што ќе си одам, еве ти ги моите :rofl: се разбира не и ги дадов ама кога си дојдов дома забележав дека сандалава пукнала она што ја облекла. Имам нешто значи дадено, но внимавам на кој и внимавам што.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Ау нешто што мнооогу ме нервира е ова! Е ако за нешто ми се крева коса тогаш е за ова! Еднаш и позајмив на другарка сукњичка(ако ви текнува на тие од теранова со рендерот горе шарен што беа, плисирани) немаше кој ги нема, како униформирани бевме. Брат и правеше дипломска и девојчево ме замоли да и ја дадам, ок нема проблем ја доби, :!: чиста!!! Утредента ја барав ја немаше цел ден, после тоа пак, нејзе никаде ја нема, и доаѓа после 3 дена и ми вика ЕЈ ИЗВИНИ ТЕ МОЛАМ ЌЕ ТИ ЈА ПЛАТАМ АКО ТРЕБА, НЕСАКАЈЌИ МИ СЕ ИСТУРИ ВИНО, НЕ МОЖЕВ ДА ГО ИЗВАДАМ ПА ПОСЛЕ ПРОБАВ СО МАЛЦЕ СЈАЈ И ДОМЕСТОС И ОСТАНА ФЛЕКА и ми ја покажува. Збеснав :@ :@, дали само 2 пати ја имав облечено ! И само и реков нема потреба пари да ми даваш, што е тоа е, само имај на ум дека веќе од мене немаш право да бараш ништо! Се засрами ептен, а и искрено заслужи и воопшто не се каам за тоа! :devil:
    Друг случај ми е со братучедка ми, кога и да идам кај нејзе, зошто не е од Скопје ми бара да носи моја облека, а јас си имам испланирано за секој ден по една облека (да не носам исто). И уште па и дрска, си зема за право да ми претура по куфер што ќе и се допаднело да земела да носи,а не ме прашува мене дали може или пак дали јас ќе го носам тоа вечер! И само и реков дека имав херпес на тело (што и стварно имав,ама ми се појави од омекнувач за алишта, а не од менување на облека со други) и како демек дерматологот ми препорачал да не менувам облека со никој, заради инфекции и слично. Не знам како успеав да ја прелажам, и од тогаш не ми бара веќе ништо! :D
     
    На Lolo5 и Rock-a-Fella им се допаѓа ова.
  14. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Кажи и слободно дека не сакаш и воопшто да не се замараш дека ќе ти се скарала. Ако ти се скара ќе видиш колку всушност ти била ,,права'' другарка. Па зар она се дружи со тебе само заради облеката или заради тебе самата како личност? На крај краева ти се мачиш да заработиш за да си купиш нешто, а наместо ти друга да ти го носи. Само напред кажи и слободно ако се налути воопшто не ти требаат такви ,,другарки". Денес на луѓето да им подадеш прст ќе ти ја земат цела рака.

    Ако дозволуваш вака да те газат па што ќе биде понатака во животот? Мора да научиш да кажуваш НЕ имај малку свое јас. Ова ти го кажувам најдобронамерно. Само напред! позз
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Мене Марија ми ја носи облеката. :angel:

    |( |( |(
    Ма какво носење, менување, давање, враќање... Нит давам, нит да ми даваат.

    Ма ни со дадите облека не сакам да менувам.
    Некогаш ако сме ептен во криза, само со нив би сменала облека, со другарки не.
     
    На Lolo5 и crazylady им се допаѓа ова.
  16. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    никогаш досега не сум давала некој да ми ја носи облеката (ни другарки, ни братучедки...) ниту сум носела облека од некого..
    јас од продавница кога ќе купувам нова облека прво 2 пати ќе ја исперам потоа ја облекувам на мене, не пак да ја делам мојата облека со некого... знам некои девојки дури бикините и долната облека си ја разменуваат :puke: :puke:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    HAHA, на мојата најдобра другарка од средно многу и ја носеа облеката :@
    таа мене ми кажуваше, а јас и велев да им забрани веќе да се фалат со нејзина облека, ионака нејзе поубаво и стоеја :P
    ама ете, сега таа не продолжи на факултет, па облеката ја носат моите другарки од средно xD
    Тогаш барем се знаеше дека нејзино е, а сега...
    а што ми е почудно, и двете работат, куп облека имаат, па пак сакаат туѓо -.-
    еднаш и ги дадов моите патики на една колешка, тоа само, ништо друго не сум давала.
    Пари-да, ама облека... nope
    нејќам туѓо, а и нејкам да берам гајле за моето, така да-секој своето !
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Имам едно многу лошо искуство кое ме опамети за цел живот!

    На една моја покрупна другарка од мене и дадов маички да ги носи. Потенцирав дека истите ги делам со сестра ми и дека ќе треба да ми ги врати за 3-4 дена. (маичките ми беа стандардна големина па и беа точни)

    Поминаа тие 3-4 дена, сестра ми ми вршеше притисок мене, а јас неа.
    Ја барав и под дрво и под камен, се криеше. Ја барав дома, мајка и лажеше дека е на работа.
    По 2 месеци барање, со дечко ми под рака уште во 7 часот наутро се нацртавме кај неа пред врата.
    Нема каде да е во тоа време, ако не дома.

    Отвори врата мајка и, ја побарав другарка ми и таа луто ми одговори: Елена спие.
    Ја замолив да ја разбуди, ми рече рано е дојди покасно.
    И објаснив дека 2 месеци ја барам и дека сега кога знам дека е дома немам намера да си одам бидејќи ќерка и ми должи некои работи.

    Тука излета Елена, разлутена и дрско ме праша: Што сакаш во ова време?.
    Јас си ги побарав маичките кога од чиста мира оваа ми вика: Ах па јас ги фрлив, мали ми беа.

    Како што бев лута и нервозна што со месеци ме за*бава ми идеше да ја фрлам од тераса.
    Ја прашав со кое право? Дали гардеробата беше твоја за да ја фрлиш?

    Ми одговори: Ама јас мислев дека ми ги даде маичките за мене!
    Ма немој!

    Во тој момент навистина незнаев како да реагирам, што да кажам и што да направам:
    Среќа што бев со дечко ми и тој ни две ни три ми рече:
    Нема гајле, кажи и сега колку пари чинат маичките, нека ти ги даде и ти ќе си купиш нови.
    Како и беа точни кај тебе кога ги пробуваше? Сега одеднаш мали и се и не да ти ги врати ги фрлила.

    Се намурти оваа, не и беше сеедно и ми рече ама јас имам само 1000-ка во мене.
    Јас и реков ќе и побараш на мајка ти уште 1500 и ќе ми ги дадеш.
    2500 чинат моите маички.

    Се снајде за неколку минути ми ги даде и ми ја тресна вратата.
    Маичките вредеа многу помалку, ама мојата нервоза многу повеќе од 2500.
    Си заминав од таму а од тој миг и нашето пријателство заврши.

    Јас знаев дека таа не ги фрлила маичките бидејќи многу и се допаѓаа, сакаше да ме изигра.
    Убаво ми направи, ме опамети за цел живот.

    Од тогаш не ми е ни на крај памет да дадам нешто свое. Туѓо не сакам, свое не давам!
     
    На Lolo5, Shery, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Gerberce

    Gerberce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    65
    wow битер, секоја чест.
    Кога ја читам оваа тема обично џигерот ме боли од нервоза, ама твојов пост ми го разубави денов.
    Уште само сите да ја имаме таа твоја смелост...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.935
    Битер, 10000% не ги фрлила маичките, а и немало потреба сокој памет би ги фрлила :^)

    Тку изгледа како што викаш ти, си ги зела или пак ГИ ОШТЕТИЛА ! |( |(
     
    На Lolo5 и bitter-girl им се допаѓа ова.