Никогаш не сум позајмувала облека на другарки ниту пак сум зела од некоја. Некако ми е глупаво...не мора секој ден да носиш различна облека, само различно искомбинирај го она што го имаш. Со најдобрата другарка разменуваме многу ретко само накит или некоја ташничка, но само кога навистина имаме посебна потреба. Инаку имавме порано во друштвото едно девојче кое постојано позајмуваше облека. Случајно испадна кај неа да остане една моја блуза, која потоа без срам постојано си ја носеше кога излегувавме заедно, а никако да и текне да ми ја врати ...веќе не се дружиме а блузата ми е уште кај неа Мене ми беше незгодно да и ја побарам, а неа не и беше незгодно да ја носи постојано и да не ми ја враќа...stupid me..а баш беше убава
Со моите другарки се дружам уште од основно и уште од тогаш го имаме тој однос да не си мениме градероба или обувки. Се случувало некогаш да и позајмам болеро, каиш или нешто накит ама и тоа ретко. И вака ми е поубаво што ќе се чудам што каде ми е и што ќе се плашам да не закачам нешто најдобро секој да си го носи своето.
Никогаш не сум позајмувала облека од другарка па ни сакам некој мое да носи па ни туѓо да носам дури и да немам што да облечам не би позајмувала облека од другарка , освен од сестра ми друго туѓо никогаш во мојов живот немам носено а не планирам ни да носам како прво разни болести со тоа се пренесуваат како второ страм ми е да барам
Па позајмуваме по некој дел,кога ми треба некаков сукнице маице,накит,каиш ташна.Знам дека ке ми ја врати како што и ја дадов и нон стоп одма ми ги врака работите.И ич не ми е мака кога и треба нештп и отварам плакар и да си бира што сака.Но не можам да поднесам кога користат мои шминки.Другарка ми си има навика кога ке излагаме од кај мене да не зема нејзини шминки пудра или слично и со моите да се шминка,е тогаш стварно се нервирам.За алишта ама ич не ми е гајле али за шминките
ауу е ова најмногу го МРАЗАМ..никогаш немам побаранo облека од другарка , нема ни да побарам..Еднаш позајмив маичка на една другарка-школска и веке 3 години не ми е вратена. Најглупото е што и гледав слики од одмори како си ја носела.Глупо ми е да ја побарам треба сама да е свесна дека тоа се ВРАКА Исто позајмив и ланче на една друга другарка и кога ми го врати на пола од тогаш који да ми побара нешто си кажувам дека јас ке го носам таа вечер и не ми е гајле
Често си ја давам облеката на некоја моја другарка но никогаш не барам...уствари само еднаш и не ми дадоа Другарка ми (веке не ми е др) ми рече чекај да ја прашам мама да видам што ќе рече....па патоа е мама рече дека не требало да ти дадам бидејќи после јас треба да го облечам И тоа беше само еднаш и не добив
Ни давам, ни ми даваат. Според мене, тоа се комплекси, па како тоа да ги видат двапати во исто, чувај Боже. Само докажуваат колку се плитки и проѕирни, колку ја ставаат облеката на прво место. Точно, јас сакам да бидам облечена и да изгледам убаво, ама не по оваа цена. Една школска доаѓа секој ден на школо со различни патики, фармерки, јакни... Малку ми стана сомнително со оглед на тоа што знам колку се финански моќни, ама нејсе. И кога ми се довери, сконтав што била работата. Си ја вртеле во круг со друштвото, дури и си купувале заеднички алишта. Неверојатно, од кај им текнуваат, не знам, идеиве... Ми кажа дека многу се нервира кога некоја кошулка таа си ја носи за излегување, а другарка и ја носи на школо. Епа што и ја даваш тогаш, имаш уста, побуни си се. Или работава е ем шуто, ем боде. :geek:
На пример ми треба некоја посвечена маичка за на некаква си коктел-забава,а во моментот тие неколку такви што ги имам ми се за перење. Ќе и се јавам на другарка ми дали ќе може таа да ми позајми некоја нејзина,бидејќи моите се премногу обични и не одговараат со пригодата. Дали тоа ме прави искомплексирана? Што не сакам да отидам на таква забава по обична бела маичка и фармерки? Мислам дека се имам изјаснато на темава. Не гледам ништо лошо да си позајмуваш со другарката облека,но не со секоја. Според мене клучен фактор е довербата и познавањето на другарот. Мене другарките не ми се само маскоти со кои единствено што можам да направам е да излезиме на дневна шема кафе или да одиме по дискотеки за да бидеме видени,а меѓусебе да си менуваме дечковци,јебачи шодае. Затоа имам доверба во нив и кога да ми побараат,ако јас не го носам истото или ми е за перење, ќе им го дадам. Не гледам ништо лошо во тоа што секој сака да изгледа убаво и дотерано. Покрај многуте приоритети,да и облеката го дели првото место од материјалните вредности. Од блиски пријатели или роднини не гледам ништо лошо во позајмување облека.
Да не се разбереме погрешно, не посочив никој од тука како искомплексиран. Дадов пример од тоа што јас го гледам како мое секојдневие. Не сакав да ја тупам многу во мојот пост и да се дообјаснувам, ама кога веќе морам, ќе се изјаснам. Велам искомплексирани затоа што за мене е комплекс да купуваш групно алишта, и е комплекс да си секојдневно од кај една до друга другарка, да си прибираш јакни, патики, фармерки. Исто, за мене е комплекс да имаш фобија од тоа дека ќе те видат двапати во исто, макар и во месецот нека е. Комплекс е и да не дојдеш на првите два часа затоа што ја чекаш другарка ти да ти ја донесе јакната, зашто другите не ти одговарале. Се обидувам до некаде и да ги сфатам тие луѓе, нон-стоп сме под притисок да изгледаме убаво а парите не ни паѓаат од небо... Но, дали треба да се ,,забега,, до тој степен ?? Тоа што ти, Ашлинг, го наведуваш како пример, е сосема друг од мојот. Пак ќе речам, испровоцирана бев од случувањата околу мене, никако од претходните постови. Како што можев да прочитам, повеќето од девојките се жалеа дека другарките не им ги враќаат секојдневните алишта по неколку месеци. Е тука веќе доаѓаме на тема култура и домашно воспитување. Мислам дека ме разбра што сакам да кажам.
Мене никогаш не ми се случило пред некој поважен настан или пред излегување да ми е нешто за перење. Немам мн облека и баш затоа точно знам кога да фрлам за перење за до викендот, или пригодата, да е се испрано, исушено, испеглано. Сега ти не навредуваш нас, кога веќе почнавме, дека ако не менуваме облека со другарките ни служат како маскоти само за оговарање и кафиња. Мислам те молам, прво и основно ова е најнехигиенското нешто и тоа нема врска со доверба. Немам намера да се карам, твое мислење, мое мислење, различни луѓе. Само сакав да посочам дека и ти несвесно навреди со твојот пример.
You'll never know. Мене ми се има случено да не можам да се одлучам што да носам,да не ми одговара едно парче облека со друго,а знам другарка што има баш такво што би ми одговарало. И не гледам ништо лошо во тоа да ми го позајми. Ти читам реченица по реченица и пробувам да ти ја појаснам,се додека не стигнав "сега ти не навредуваш нас,кога веќе почнавме" wtf девојче? Дај малку приземи се, не се' што ќе прочиташ различно од твојот став е навреда, чил аут. Добро пошо очигледно не си ја сфатила ни таа реченица со "маскотите",ќе ти ја објаснам и таа: Јас познајмувам облека на другарки кои ми се дел од секојдневието, знаат се' за мене,знам се' за нив, имаме меѓусебна доверба, уствари сакам да ти кажам дека знам на кого му ја давам мојата облека, не на секоја цура со која ќе излезам на дневна шема кафе. Get the point? Најхигиенско? Е,де не си менуваме гаќи или каква било ДОЛНА облека,па да зборуваме за хигиена. Кога ќе им позајмам облека им ја враќам исперена, испеглана. И бтњ, хигиенско е што облеката ја пробуваш во бутик е пробана од минимум 50 луѓе претходно или им бараш ганц ново парче облека,штотуку излезено од конфекција? Ќе ти речев дека твоите години објаснуваат многу работи,ама кога видов дека имаш 19... нц.. :/ (е,ова можеш да го сфатиш како навреда,КОГА ВЕЌЕ ПОЧНАВМЕ) мала иронија: Спојлер I NE PLANIRAM DA SE KARAM SO TEBE,NE MI REPLICIRAJ POVEKJE OVA E MOJ STAV I KRAJ,NIKOJ NEMOZE DA MI GO PROMENI,NESAKAM POVEKE DA DISKUTIRAM SO TEBE JASNOOOO???? NE MI PISUVAJ!!!!!!!!!!1111111 едит: зарем морам во секој коментар да ставам спојлери за да не бидам грешно сфатена? Тинкрбел, скролај ме штом ти сум одбивна за читање, не гледам причина зошто уште ти се отворени очите при мој пост.
Ashling навредуваш. Многу. Ако имаш некое спротивно мислење искажи го како што треба, а не вака арогантно. Стануваш одбивна. Во врска со темава: НЕ МЕНУВАМ ОБЛЕКА СО НИКОЈ. Eдноставно не сакам. И блискоста и другарството не се цени според давањето на облека. Тоа е многу површно размислување. И никогаш не сум дозволила се да ми биде за перење и на располагање да имам една памучна маица. Да, знам да и позајмам накит на другарка, ама за мене никогаш не барам. Јас и мојата најдобра другарка никогаш не сме си позајмувале облека, па пак се знаеме една за друга и сме блиски. И со другарките не излегуваш за да се покажете само, туку за да си поминете убаво, да се видите, изнамуабетите.
тотално сум против да давам некој да ја носи мојата облека а истотака не сакам и јас да но сам облека што не е моја. Единствено кога стваааарно немам што да облечам позајмувам некое џемперче или слично од братучетка ми и толку
Ashling апсолутно се согласувам со тебе,секако дека нема да даваш долен веш на другарката или таа тебе,ама што има лошо ако негоаш позјамиш едно парче облека,убаво велиш за облеката во бутици,а и + секако нема да земиш облека од некој кој не ти е ептееееем близок,јас сум давала и сум земала како што реков не на секој ама не гледам што има толку лошо во тоа,ќе речам пак дека се согласувам со тебе.
Како може да се чувствува некој убаво во туѓа гардероба? Се дотеруваш, излагаш и цело друштво знае дека носиш туѓо перје.... налет!!! Од гледна точка на родител , би се чувствувала бедно ако ќерка ми земе облека од некоја другарка. Тоа што можам да и го дозволам ќе си го носи...
Воопшто не ми се допаѓа менувањето на облека со другарки. Никогаш не сум барала и не сакам да ми бараат моја облека. Не би можела да се чувствувам убаво во нешто туѓо. Се случува да незнаеш што да облечеш на перење, ама ете има и за тоа решение, знаеш дека нешто е за носење за викенд и на перење ќе заврши во текот на неделата.
Мене така ме воспитале и многу сум и благодарна за тоа. Како помала, во основно сум имала некои обиди да менувам ама мајка ми не дозволила и така сум научена сега Нема врска менувањето со доврба, другарство или незнам што. Јас со сестра ми не менувам облека, а ја сакам најмногу на свет. Уште ко мали ако нешто го сакаме и двете ни купувале по две исти работи. Така и денес, носиме исти броеви и имаме по две исти маички, фустанчиња во плакар, а менуваме само ташни и поретко накит Баш убаво кажа, несакам да се китам со туѓи перја. А и сум себична некој друг да се шета со мои. Јас сметам дека тоа што го носам ме отсликува мене, мојот стил
Јас и другарките никогаш не си позајмуваме облека - едноставно нема поента, не може да се чувствуваш удобно во нешто што не е твое, а да не ја спомнувам и одговорноста (што ако ја извалкаш кошулата, или ја изгориш со пегла, или загинеш копче?) Порано, со една другарка си позајмувавме накит (обетки најчесто) и два пати и се случи да ми загини обетка и оттогаш се опаметив, не давам ни обетки на никој. Можеби звучи себично, но искуството ме научи да ги ценам и да си се грижам за своите работи.
Не сум љубител на позајмување облека, но понекогаш имам потреба да го сторам тоа, како јас, така и моите другарки. Среќа сме се нашле разбрани девојчиња, па позајмуваме само кога е итно. Повеќе давам од што земам облека. Ретко ми се случува да земам нешто од другарки, на пример последен пат позајмив црна наметка бидејќи ми беше така малку посвечена комбинацијата, а ништо мое не ми одговараше бидејќи претежно сум спортски тип. Единствено позајмувам често на сестра ми. Кога подобро ќе размислам, не е позајмување, бидејќи си зема што сака. Ми пречи бидејќи ќе земе нешто, на пример маичка за на училиште, и не се пресоблекува кога ќе дојде дома, туку си седи со истата маичка за по дома, понекогаш дури и си преспива така облечена. Никогаш не земам работи кои таа ги носела без да се исперат, не бидејќи ми е гадно, туку бидејќи ми е страв од можни инфекции. Таа тоа не го разбира и се лути кога некоја маичка сум сакала да ја облечам, но кога ќе видам дека таа ја носела, ја враќам на место. За накит не ми е проблем, давам и земам по потреба. Не ми е срам да си побарам назад ако не ми е вратен, бидејќи едноставно сум фанатик-ту-би за такви работи. Купувам ако видам нешто убаво и често ми се смееле дека давам пари за ланчиња, а потоа ми ги барале истите. Е ајде сега логика ?!
Јас колку што сватив темава е кога другарка ти ја носи облеката ,како дали си позајмувате а не дали другарка ти ти ја носи вечно облеката твоја и ти нејзината,се рабриа дека не ќе се дотеруваш секогаш во туќи алишта,скраја да е,ама позајмување е,значи не секогаш...барем јас така рабрав и затоа не сум против затоа што тоа позајмување е еднаш или два пати на неколку месеци барем за мене (може и поректо))