Кога и како го совладувате материјалот за учење?

Дискусија во 'Образование' започната од kate21, 8 март 2010.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Еве една тема,поради тоа што гледам дека и учењето е често спомнувано во сите контексти.Драги девојки-ако има и момчиња кои сеуште се школуваат :D ,ајде кажете кога ви е најубаво да се сконцентрирате и да учите.Денски или навечер,кој е вашиот начин,со многу читање или лесно сфаќате,учите додека професорот предава.Секој различно,нели.
    Еве јас прва ќе си кажам дека немам многу мака со учењето,лесно сфаќам,и не ми треба многу време за да научам.Но,ми се случило некој материјал што воопшто не ми е интерсен да се помачам малку,и веднаш после испитот да го заборавам.Обично тоа е за некои општи предмети кои секако подоцна ќе ги разложуваме.
    Но мојата најдобра другарка пак се убива од учење,учи повеќе на памет,а скоро секогаш добиваме исти резултати.Ајде споделете,можеби некој знае некој трик за полесно сфаќање,ако воопшто постои тоа ;)
     
    На #butterflyy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.139
    Пол:
    Женски
    Порано учев преку ден и навечер,нонстоп,не дека немало пауза,учев доста.Сега некако неможам навечер да учам оти ми се спие,а знам дека навечер полесно се учи потивко е,но немам проблеми,имам концентрација не дека немам,но и јогата многу ми помага за концентрација,значи знам тотално да се исклучам.Се обидувам да направам медитација при учење,иако ја применувам и онака.И што имам приметено,учам со почести паузи и не сум жива ако не слушнам музика,нема шанси,не дека неможам без музика,можам комотно,но ме релаксира кога правам паузи.Може и дека сум стара во однос на 22 и 23 години,хахаха,што знам ама можеби и од самото време,период,години,незнам.
     
  3. A.srcuska

    A.srcuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    20
    Мене навечер ми е најдобро за учење и дека е потивко и сите се смирени одмараат и полесно влегува во глава.А така ука бука преку ден кој навака кој натака влегуваат излегуваат :lol: Најчесто учам со шолја кафе или пак зелен чај и задолжително правам кратки паузи
     
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    ако тоа што го учам го сакам и го разбирам брзо ми оди....ама ако не го сакам како математика маки мачам :x
    иначе најубаво ми е навечер кога учам, тогаш имам најмногу концентрација, ама ако морам и преку ден учам :)
    никако неможам на памет да научам нешто, морам да го сватам и со мој зборови после да знам да го кажам, а временски не ми треба многу да научам нешто :D
     
    На Jay-jay му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.465
    Секогаш учам на вечер, еве веќе 8 години на исто место, во иста просторија. Така сум добро сконцентрирана и знам дека тука сум дојдена за учење.
    Сега средно како што сум, не учам на делови, туку се наеднаш. На факс ќе го сменам начинот на учење, нема да ми е голем проблем.
    Учам на глас, запишувам, потцртувам, нагласувам одредени клучни зборови.
     
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    и јас учам само навечер... Претходно обавезно пијам кафе и нешто благо земам... Обично ги издвојувам најважните работи на лист го учам тоа а после само ја читам 1-2 лекцијата... Завршена работа :D
     
    На MirandaKerr му/ѝ се допаѓа ова.
  7. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Кате мила одлична тема :D јас да ви кажам си учам навечер најубаво ми е, преку ден многу ми се спие :) е сега, како учам тоа зависи од самиот материјал, некои предмети ми одат како боза, а некои потешко. учам со подвлекување со фломастери во боја и после по визуелен пат, ми текнува која боја за која тема сум ја користела и така ми текнува и на самите лекции. Некогаш си запишувам што е најважно во тефтер и учам од таму, ако ми е тежок и неразбирлив материјалот.
     
  8. Irena93

    Irena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    4
    негде од кај 3 до кај 7-7:30 ми е најубаво после некако скренувам а за учење најсмрт ми се бубаторските предмети ко ИСОРИЈА И СОЦИОЛОГИЈА учиш учиш и па нишо не знаеш :x ај од догодина нема да ги иам, А за учење најубаво е коа нема никој дома ДЕФИНИТИВНО :D
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Ако си мислела на 3 и 7 НАУТРО, тогаш јас во целост се согласувам со тебе. И за тоа за историјата и такви предмети.
    А најубаво за учење ми е кога сите спијат, па во ова време и обично спијат.
     
  10. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Пред колоквиумите и испитите спијам најмногу 6 часа дневно, а обично учам навечер бидејќи тогаш сите спијат, не ѕвони телефонот и можам да се сконцентрирам. Кафето со мене и цела ноќ учи...
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    i sekogas koga ke si recam ke ucam vecer ubavo,na mirno, mi se prispiva, a kafe ic ne pijam,pa ispagja deka mi e najubav negde 9-10 sabajle.rano e da me bara nekoj,sama doma...
     
  12. BlueEye

    BlueEye Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    27
    preku den nemozam da naucam kolku i da citam ne mi vlegva v glava
    i obicno navecer posle 12 do 3 mi e najubo vreme za ucenje :D
     
  13. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    како го совладувам материјалот? Епа еве седејќи на фемина и преслушувајќи се :D
     
  14. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Kaкво преслушување ;)па дури и на фемина :D
    Јас не читам,ниту повторувам на глас,обично на лист ги пишувам најбитние работи ,онака во потточки,колку за потсетување и ако го направам тоа без учебник значи сум научила,инаку...цел век да учам џабе :oops:
     
  15. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    638
    Допаѓања:
    556
    Пол:
    Женски
    кога имам колоквиуми и ако сум стварно заглавена со некој предмет учам по цели денови ама со паузи нормално...кога ми е сесија поцнувам некаде од кај 12 дента па до кај 3 вечерта,и додека учам подвлекувам со маркери,заокружувам зборови,пишувам со стрелки за да ми биде по впечатливо и за да го запомнам така визуелно и никогаш не се преслушувам,многу време губам така
     
  16. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.289
    jas ucam pasos po pasos i dodeka ne go naucam ubavo ne idam ponatamu,se gubi poveke vreme ama zatoa znam deka ubavo sum go naucila i ne moram posle da se navrakam.za sekoj nejasen zbor baram objasnuvanje,i se sto se spomnuva sto sum go ucela poodamna mu se navrakjam da go povtoram za ubavo da sfatam.odtkoga pocnav taka mi e mnogu polesno.plus na asistentite mislam na glava im se kaciv nonstop odam na konsultacii ama mnogu mi e gajle toa im e rabota :D
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.078
    Допаѓања:
    46.997
    прилично брзо 8)

    најубав период за учење ми е попладнето, некаде од кај 14ч, па до 17ч. е после, сакам да си дремнам мераклиски :rofl: ако сум втора смена, буквално сум затапена, па ретко учам тогаш, обично гледам се да си научам за викендот :angel: ако ептен запнам, можам и навечер, од кај 8 до 10, да си научам, и сабајлето да си поспијам, секако, мераклиски :y:
     
  18. she-17

    she-17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    23
    :D :D јас па никако неможам навечер..сум се потрудила некогаш кога мислам дека стварно морам и МАКСИМУМ половина час имам концентрација :( затоа па наутро и да имам премалку за учење, станувам во 7-8, си завршувам работа и после уживам во денот. ако сум прва смена тогаш стварно незнам што да правам иако ми е цел ден на располагање се губам некако :D
     
  19. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Прво еднаш ја читам лекцијата и ја делам на делови , ако нешто ми е покомплицирано знам на листови настрана да си забележам или во тетратка, негубам многу време, ако сум сконцетрирана и ако го сакам и ми е интересно нештото што ќе го учам брзо ми оди, ако имам испрашување учам по 3 саати со паузи исто е за тест може и 4-5 зависи колку лекции ќе треба да се учат.Најубаво ми е кога учам за викенд и ко ќе сум прва смена од 14 до 18 некаде учам а втора смена и навечер не е лошо од 10 до 3 саат.
     
  20. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    620
    јас еднаш ја читам книгата обично 2 недели пред колоквиум....и после пак ја отварам 2 дена пред колоквиумот и тогаш читам читам.....и вечерта пред полагање само отварам лекција по лекција,и си правам концепт дали знам што има во таа лекција,воопшто не губам време за учење кога дечко ми е тука,а кога е во странство тогаш учам малку по често зошто имам многу слободно време....брзо сваќам а и многу ме бидува за препишување....а и задоволна сум од успехот сега за сега....за понатаму незнам! :lol:
    се че читам само не ми давај да решавам!!! аууу :@ :@ :@ тој материјал одма го транспортирам кај дечко ми на објаснување!!! Е тогаш има смешки!!!! :D
     
    На howdoyoudo му/ѝ се допаѓа ова.